Се зголемува фреквенцијата на ГП “Блато” кај Дебар, само вчера за минале над 7,4 илјади патници


Продолжува постојаниот раст на  проток на патници на граничниот премин „Блато” на македонско – албанската граница, кај Дебар. Според албанските гранични власти само во текот на вчерашниот ден регистрирани се 7.468 патници, што е најголема бројка евидентирана во едно деноноќие. -Поради екот на туристичката сезона протокот на патници се зголемува секојдневно. По вчерашниот рекорден проток, […]

ЦУК: Вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се изгаснати, а три сè уште активни


На територијата на државата денеска до 12:30 часот имало вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се изгаснати, а три се водат како сè уште активни, информираат од Центарот за управување со кризи.  Активни се пожарите кај село Братиндол, во Општина Битола, каде гори гори сува трева во нива, пожарот во Општина Прилеп […]

Авиони на грчкото воено воздухопловство исфрлиле 8,5 тони храна во Газа


Атина – Два авиони на грчкото воено воздухопловство утрово исфрлија 8,5 тони основни прехранбени производи во региони на Газа, информираше на Фејсбук, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Акцијата била организирана во соработка со земји од Европската Унија и Блискиот Исток, со цел да се поддржат основните потреби на луѓето во Газа. […]

Министерството за одбрана појаснува како се бирале кандидатите за офицери во АРМ


Во објавениот Конкурс е јасно и прецизно наведено по колку лица се потребни за секоја служба одделно. Дополнително, во Конкурсот е наведено дека вкупниот број на кандидати ќе биде распределен во две групи, согласно тековните капацитети за обука на Воената академија, информира Министерството за одбрана во врска со, како што наведува, „одредени јавни реакции и […]

Под истрага полицаецот кој бараше итен распит на директорката дури и со носилка. Социјалните мрежи „зовреа“


По острите критики и снимката каде се слуша како полицаец инсистира да се приведе директорка на средно училиште во Демир Хисар, ќе постапува Секторот за внатрешна контрола при МВР. Истовремено, правната фела, но и граѓани реагираат на односот на полицаецот кој и покрај укажувањата на медицинскиот тим дека здравствената состојба на директорката Маја Лозановска не […]

МВР: Преземаме соодветни мерки за случајот во Демир Хисар


На 08.08.2025, по претходна пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 390 од Кривичниот законик – „Одземање или уништување службен печат или спис“ врз основа на наредба од Основен суд Битола, во периодот од 19:25 до 20:20 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар, во присуство […]

Гаши ги распиша локалните избори на 19 октомври


  Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври. Собранискиот спикер, како што се наведува во соопштението на прес-службата на Законодавниот дом,  го потпиша Решението за распишување на осмите локални согласно член 12 став 4 од Изборниот законик, почитувајќи го рокот од 70 до 90 дена […]

ОЈО: Нема наредба за приведување или итен распит во случајот од Демир Хисар


Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по наредба на Основното јавно обвинителство Битола, изврши претрес на три локации – службените простории на едно училиште, како и домот и автомобилот на пријавено лице, поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги. Од ОЈО Битола потврдуваат дека барањето за претрес било прифатено од […]

Солистички концерт на светски познатиот пијанист Михаил Плетњов на „Охридско лето“


Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот солистички концерт на светски познатиот виртуоз на пијано, Михаил Плетњов. Пијанистот, диригент и композитор Михаил Плетњов е една од најзначајните музички фигури на нашата ера. Неговиот исклучителен пијанистички талент е високо признаен уште од 1978 година кога на 21 година ја освојува првата награда на престижниот натпревар […]

Полицијата во Тирана ја опколи зградата на Њуз 24 и го исклучи сигналот, реагираше Здружението на новинари


Tирана- Здружението на новинари на Албанија (AGSH) остро реагираше откако полицијата ги опколи канцелариите на телевизијата  News24, исклучувајќи го нејзиниот сигнал, како и весниците “Панорама” и “Газдата шчиптаре” оценувајќи  го настанот како неприфатлив чин и директна закана за слободата на печатот. Според  здружението, блокадата на работните простории на новинарите претставува флагрантно кршење на основните принципи на […]

Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите заради сомнежи за злоупотреби


Министерството за здравство од денеска ги презема надлежностите за лиценцирање на Стоматолошката комора, соопшти министерот за здравство Азир Алиу. Тој на денешната прес-конференција информираше дека одземањето на надлежностите, односно на јавното овластување на Стоматолошката комора се се додека не се воспостави систем преку кој Комората ќе работи законито, транспарентно и професионални. -Овој чекор не е […]

Владо Јаневски со емотивен концерт на Антички: „Лани на оваа сцена бевме 10, сега сме 9, Сара отиде“


Поп-ѕвездата Владо Јаневски, кој ретко се појавува на поп-сцената, синоќа,  во рок една година, втор пат го наполни Антички театар во Охрид. Лани, одржа концерт на 10 август на истото место. Пред многубројната публика ги исполни сите хитови кои ја одбележаа неговаат долга кариера, но и покрај баладите, по кои е препознатлив, со една песна […]

СДСМ: Режимот се врати, полицијата на Тошковски во служба на политички прогон во Демир Хисар


Бруталниот упад на полицијата во домот на директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, Маја Лозановска, е уште една потврда дека режимот се врати, реагира СДСМ: „Ова е сликата на секој режим, полиција ставена во функција на политички притисок и незаконско разрешување на директорка во средно училиште, со единствена цел пред избори да […]

Полициска акција кај директорка на училиште во Демир Хисар предизвика политички тензии и обвинувања за притисок


Синоќа во текот на ноќта, на еден ден пред распишување на локалните избори, по што нема да биде можно да се прават смени на директори, со судска наредба, полициски инспектори од МВР извршиле претрес во домот, службените простории и автомобилот на директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, Маја Лозановска. Според Обвинителството, акцијата […]

Блумберг: Харвард се соочува со губење патенти вредни стотици милиони долари


Вашингтон- Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе поништи стотици милиони долари патенти во сопственост на Универзитетот Харвард, обвинувајќи го универзитетот дека не ги почитува федералните закони за грантови за истражување. Во писмо од секретарот за трговија Хауард Лутник до претседателот на Харвард, Алан Гарбер, во кое имаше увид Блумберг, се вели […]

Градоначалникот на Нагасаки предупредува на нова нуклеарна војна


Илјадници луѓе денес во Нагасаки ги спуштија главите за да ја одбележат 80-годишнината од атомското бомбардирање на градот, додека градоначалникот предупреди дека сегашните глобални конфликти би можеле да го вратат светот во нуклеарна војна. Тој западен јапонски град беше срамнет со земја на 9 август 1945 година, кога Соединетите Американски Држави фрлија петтонска бомба од […]

Неколку аеродроми во Русија воведоа привремени ограничувања за летови


Москва  – На аеродромите Владикавказ, Казан, Нижнекамск, Самара и Улјановск се воведени привремени ограничувања за пристигнување и заминување на авиони, изјави Артем Корењако, претставник на Росавијација. „На аеродромите Владикавказ (Беслан), Казан, Нижнекамск (Бегишево), Самара (Курумоч), Улјановск (Баратаевка) се воведени привремени ограничувања за полетување и слетување на авиони“, напиша Корењако на каналот Телеграм. Тој истакна дека […]

На истакнатиот научник Светлана Мојсов денес во Охрид ќе ѝ биде врачена Светската награда на хуманизмот за 2025


Денес напладне, во Куќата на Уранија на МАНУ, на свечена церемонија, на Светлана Мојсов, професор на Универзитетот Рокфелер во САД, ќерка на македонскиот дипломат Лазар Мојсов и хемичар, ќе и биде врачена Светската награда на хуманизмот за 2025 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св.Климент на сите светски меридијани.Таа ќе […]

Без струја делови од Центар


Од РЦУК-Скопје информираат дека од ЕВН Македонија АД добиле известување дека на ден 09.08.2025 година (Сабота) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од Даме Груев, улица Свети Кирил и Методиј (општина Центар).

Европската комисија ги повика властите во БиХ и РС да ја почитуваат одлуката на судот за Додик


Европската комисија ги повика властите во Босна и Херцеговина, вклучувајќи ги и институциите на Република Српска, да ја почитуваат конечната пресуда на Судот на Босна и Херцеговина и одлуката на Централната изборна комисија, со која на Милорад Додик му беше одземен мандатот како претседател на Република Српска, пишуваат регионалните медиуми. „По конечната пресуда на Судот […]