Министерката за култура за Габи Новак: Албумот „Пјесма је мој живот“ е нејзин тестамент


Министерката за култура и медиуми Нина Обуљен Коржинек изрази сочувство за смртта на хрватската музичка дива Габи Новак, нагласувајќи дека хрватската култура „изгуби исклучителен глас што никогаш нема да го заборавиме“. „Во моментот кога го напушта овој свет, се сеќаваме на сите моменти на  кои бевме воодушевени од нејзината уметност, местата каде што ја слушавме […]

Гренел: Идејата за меѓусебно признавање меѓу Србија и Косово е „смешна“


Американскиот претседателски пратеник за специјални мисии, Ричард Гренел, ја опиша идејата за меѓусебно признавање меѓу Србија и Косово како „смешна“ и нагласи дека политичарите треба да се фокусираат на економскиот развој, што се случува „кога луѓето имаат работа, а не седат и зборуваат за политика“. Гренел рече дека Трамп ќе се вклучи „чекор по чекор“ […]

Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море


Тројца офицери од танкерот „Игл С“ се обвинети во Финска под сомнение за оштетување на неколку подморски кабли во Балтичкото Море на крајот од 2024 година, јави ДПА. Финското јавно обвинителство денеска објави дека капетанот, првиот офицер и вториот офицер на „Игл С“ се обвинети за сериозна штета на имотот и сериозно прекинување на комуникациската […]

ФК Вардар ги објави цените на влезниците за новата сезона


Освојувачот на фудбалскиот Куп екипата на Вардар во петокот го одигра првиот домашен натпревар во сезоната. Од раководството на Вардар ги објавија цените на влезниците за натпреварите до крајот на сезоната. На седница е решено влезниците за дуелите на Националната Арена „Тодор Проески“ да се продаваат по цена од 100 (источна трибина) и 200 денари […]

Вештачката интелигенција годинава создаде десетици нови милијардери


Стартапите во областа на вештачката интелигенција создадоа десетици нови милијардери оваа година, пишува Си-Ен-Би-Си (CNBC) и наведува дека вештачката интелигенција брзо станува најголем генератор на создавање богатство во поновата историја. Спекулативните рунди за собирање средства оваа година за Anthropic, Safe Superintelligence, OpenAI, Anysphere и други стартапи создадоа огромни нови богатства и ги доведоа проценките до […]

Во Њујорк отворена архитектонска изложба: „Жените во македонската архитектура: обновата на Скопје


Во Македонскиот културен центар во Њујорк (545 W 52nd St) отворена е архитектонската изложба „Жените во македонската архитектура: обновата на Скопје“ (Women in Macedonian Architecture: Rebuilding Skopje), проект од национален интерес во културата за 2025 година. Изложбата, како што информира Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата – Континео 2020, Скопје, е отворена […]

„Молотов коктел“ од големи жештини ѝ се заканува на Јужна Европа


  Смртоносна горештина до 42 степени Целзиусови ја гори јужна Европа, додека научниците предупредуваат на „молотов коктел“ од климатски услови што поттикнува огромни пожари низ Медитеранот. Метео-Франс стави повеќе од половина од земјата под предупредувања за топлотен бран во понеделникот наутро, при што 12 од 96 административни единици на копното се под највисок црвен аларм, […]

Во Битола и околината е почувствуван земјотрес со епицентар во Грција


Во Битола и околината попладнево е почувствуван земјотрес со епицентар во Грција. Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 13 часот и 7 минути со јачина од 3.9 Рихтерови степени и епицентар кој потекнува од Грција, 165 километри југозападно од Скопје.  -Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот […]

Нема реставрација на бугарските споменици во Грција, Атина имала „железна политика“


Заменик-претседателот на Бугарската академија на науките, професор доктор  Емануел Мутафов, го коментираше во интервју за БГНЕС уништувањето на спомениците во Егејска Македонија кои Софија ги смета за бугарски и притоа оцени со жалење дека тоа прашање не се покренува бидејќи Грција има „железна политика“ кон обидите да се споменици „кои го доведуваат во прашање грчкиот […]

Поевтинуваат бензините и дизелот


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за половина денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за еден денар по литар. Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поевтинува за 1,5 денари за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде […]

Италија: Израел ја изгуби човечноста во Газа


Италијанскиот министер за одбрана изјави денес дека израелската влада „ја изгубила својата разумност и човечност“ во однос на Газа и сигнализираше подготвеност за можни санкции. „Она што се случува е неприфатливо. Не се соочуваме со воена операција и со колатерална штета, туку со чисто негирање на законот и основните вредности на нашата цивилизација“, изјави министерот […]

Невладините не им веруваат на владините – продолжуваат да собираат потписи за формирање партии


Наместо решение, прават уште поголем хаос – вака претставници на независните граѓански иницијативи го толкуваат појаснувањето што стигна од Државната изборна комисија(ДИК) за тоа како тие можат да учествуваат на претстојните локални избори на 19 март, откако нивните кандидатури се проблематизираа поради правен вакум. Тие продолжуваат со собирањето потписи за да формираат политички партии, бидејќи […]

Јаневска најави едносменска настава уште во 25 училишта


Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска соопшти дека едносменска настава има веќе во 150 училишта во коишто немало или имало многу малку градежни интервенции за да може да биде воведена. Очекува овој процес да продолжи во 25 училишта во кои, рече, ќе има потреба од градежни зафати т.е. доградба на училници за да […]

Што навистина сака Бенјамин Нетанјаху?


  Во петокот, владата на Бенјамин Нетанјаху одобри план Израел да ја преземе контролата врз Газа Сити, каде што сега живеат околу еден милион Палестинци – околу половина од населението во цела Газа. Многумина се принудени да се засолнат таму бидејќи израелската војска ја презеде контролата врз седумдесет и пет проценти од остатокот од територијата. […]

Нова спортска сала во Огњанци ќе ги пречека учениците во септември


До крајот на август ќе биде целосно завршена изградбата на спортската сала во ООУ „Кочо Рацин“ во населено место Огњанци, Општина Петровец, беше истакнато при денешниот увид во градежните активности. Овој проект ќе им овозможи на учениците да ја започнат новата учебна година во современи услови за физичка активност и спорт. -Учениците од Огњанци новата […]

Владата уште без решение за инфлацијата. Зголемените плати и пензии притискаат на побарувачката, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека услугите се најголемиот генератор на инфлацијата изминатиот месе, како и дека зголемените плати и пензиите прават притисок врз побарувачката, па цените на услугите ќе се зголемуваат додека консументите можат да платат. Најмногу биле зголемени ресторанските услуги,  за 24 – 25 отсто во однос на истиот месец лани, исто така […]

И Мицкоски го бара печатот од директорката


  Премиерот Христијан Мицкоски денес порача дека, ако има пречекорувања кои имаат и кривична одговорност ќе има и други мерки против началникот на полицијата од Демир Хисар, но посочи дека треба да се преземат  мерки и за директорката бидејќи за нејзината работа биле констатирани големи неправилности од ДПИ, поради кои е и разрешена. „Некој, вели, […]

Партиите во „војна“, се гаѓаат со „списоци за непотизам“


Во пресрет на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ тргнаа во меѓусебни обвинувања кој повеже ја партизира државата и колку од партиски вработените се и јасни случаи на непотизам.   „Во државата на ДПМНЕ, нема институција која не е подложена на груба партизација пред изборите. МНАВ, Министерството за одбрана и уште десетина институции со преку 700 […]

ЦУК: Два активни пожари, во НП „Јасен“ и во струмичко Сарај


До 12:00 часот на територија на цела држава има три пожари на отворен простор, од кои два се активни. Активни пожари има во Националниот парк „Јасен“, каде гори мешана шума, на територија на општина Македонски Брод и во струмичкото село Сарај, каде гори отпад.  Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола […]

Драмски со премиера на копродукциската претстава „Плејбои…“ во Будва, во чест на Душан Јовановиќ


Синоќа, на летната сцена во комплексот „Словенска плажа“ во Будва,Црна Гора, се играше премиера на  претставата „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ. Претставата е четирипартитна копродукција на НУ Драмски театар Скопје, Белградското драмско позориште,  […]