Почнува полагањето државна матура во августовскиот рок, пријавени 1118 ученици


Матурантите кои не ја положија државната матура во јуни денеска ќе го полагаат првиот, задолжителен екстерен испит – мајчин јазик и литература. На 14 август (четврток), пак, е полагањето на вториот, изборен екстерен испит од државната матура во августовската испитна сесија.  Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за двата испитни дена вкупно се пријавени […]

Сончево и многу топло, температура до 40 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 12 август 2025 година, 224-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 141 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 19 часот и 38 минути. Денов трае 13 часа и 59 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина, нема да изгрее, […]

Америка и Кина се согласија да ги одложат повисоките царини неколку часа пред крајниот рок


САД и Кина се согласија за 90-дневно одложување на зголемувањето на царините за стоките во меѓусебната трговија, со што привремено се спречува нагло зголемување на трговските давачки меѓу двете најголеми економии во светот, објавија американските медиуми, повикувајќи се на претставници на Белата куќа. Договорот беше постигнат само неколку часа пред крајниот рок во 6:01 часот […]

Адвокатот на директорката од Демир Хисар го повика Мицкоски да ги слушне доказите, а не „партиските небулози“


  Адвокатот на разрешената директорка на училиште во Демир Хисар, Маја Лозановска, која полициски началник сакаше на носила да ја води во полициска станица на информативен разговор, го повика премиерот Христијан Мицкоски утре да следи што ќе се случува и по презентираните докази ќе му стане јасно дека се работи за „чиста партиско-политичка злоупотреба од […]

Два гафа на Трамп: „Во петок одам во Русија да се сретнам со Путин“


  Американскиот претседател Доналд Трамп одржа прес-конференција на која посвети многу време на војната во Украина и најавената средба со рускиот претседател Владимир Путин. Иако претходно беше најавено дека средбата ќе се одржи во Алјаска, Трамп направи двојна грешка велејќи дека ќе се сретне со рускиот претседател во – Русија, пишува Скај њуз. Тој прво […]

(Видео) Огромна експлозија во челичарница во Америка. Има мртви, десетици повредени


Едно лице е мртво, две се водат како исчезнати, а десетици се повредени по силна експлозија во челичарницата U.S. Steel Clairton Coke Works во Клертон, САД, град на околу 15 милји од Питсбург, соопшти полицијата на округот Алегени. Според локалните власти, експлозијата заробила луѓе под урнатините, што предизвикало итна операција за спасување. Точниот број на […]

Зеленски за средбата Трамп – Путин: Русите само купуваат време


Пред самитот САД – Русија за Украина, во петок, во Алјаска, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва дека само купува време, јави ДПА. „Разговарав со канадскиот премиер, @MarkJCarney. Благодарен сум за поддршката на Канада за Украина и нашиот народ“, напиша Зеленски на X. „Го споделив ставот на Украина за вистинските намери и планови на […]

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира


Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто изјави дека важноста на претстојната средба меѓу американскиот и рускиот претседател „може да се види од Месечината“, но дека ЕУ се обидува да ја саботира. „Ја повторив позицијата на Унгарија дека решението за војната во Украина не е на фронтот, туку на преговарачката маса. Американско-рускиот договор дава најголема шанса […]

По пет жртви на експресниот пат Градско-Прилеп надлежните најавуваат нова сообраќајна сигнализација


Директорот на Државни патишта Коце Трајановски изјави дека ги детектираат црните точки по патиштата и оти се во координација со МВР за нивно подобро означување. Апелираше и до граѓаните да внимаваат на сообраќајната сигнализација на патиштата. За експресниот пат Градско-Прилеп каде за неколку месеци од пуштањето во употреба има пет жртви, Трајановски рече дека ќе […]

Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина


Американскиот претседател, Доналд Трамп, потврди дека пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин, ќе разговара и со европските лидери и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој ги нарече европските лидери „одлични луѓе и одлични лидери“, но потврди дека се „уморни“ од војната и сакаат да се вратат на трошење пари за своите земји. Додаде дека […]

Во Далмација измерени 40°C. Во Сплит најжешка ноќ откако се мери температурата


Хрватска е погодена од топлотен бран кој, според долгорочната прогноза, ќе трае најмалку до крајот на оваа недела. Денес, највисоката температура на воздухот во Хрватска е измерена во 15 часот во Плоче – 40,1°C. Поради високите температури беше издадено црвено предупредување за регионите Книн, Риека, Сплит и Дубровник до петок. Мерната станица на Марјан синоќа […]

Профитабилност на летниот туризам во регионот – кои земји генерираат најголеми приходи


Туризмот на Балканот повеќе не е само сезонски бизнис – тој стана сериозен стратешки столб на економијата на многу земји во регионот. Летните дестинации од јадранскиот брег до планинските езера привлекуваат милиони туристи годишно, а со тоа и милијарди приходи. Додека некои земји бележат извонредни финансиски резултати, други вложуваат напори да го достигнат истото ниво […]

Трамп ќе ја распореди Националната гарда во Вашингтон за борба против „бранот на беззаконие“


Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска објави дека ја става Полициската управа на Вашингтон под федерална контрола и нареди Националната гарда да биде распоредена во главниот град за борба против „бранот на беззаконие“. „Ја распоредувам Националната гарда за да помогнам во враќање на законот, редот и јавната безбедност во Вашингтон“, им рече Трамп на новинарите во […]

Во јуни најмногу странски туристи од Турција


Во јуни годинава во земјава престојувале 126 415 туристи, од кои 20,1 отсто се домашни, а 79,9 отсто странски, кои оствариле вкупно 243 157 ноќевања. Од ноќевањата 26,7 отсто се реализирани од домашните, а 73,3 отсто од странските туристи. Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем број од странските туристи во јуни – 34 […]

ДКСК потсетува на забраните за вработувања и за трошењето буџетски пари пред локалните избори


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ги потсети сите државни институции, политичките партии, учесниците во изборниот процес и јавноста на законските ограничувања за користење и располагање со буџетски средства во периодот пред престојните локални избори. Според соопштението од ДКСК, од денот на распишување на изборите, па до нивното завршување и конституирањето на општинските […]

Рекордни 190 милиони евра потрошиле лани општините за јавни набавки


Осумдесетте те општини и Градот Скопје во 2024 година склучиле вкупно 4.006 договори за јавни набавки во вредност од 11,7 милијарди денари, односно 190 милиони евра минатата година, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Истражувањето покажува дека само во 2024 година, вредноста на општинските тендери пораснала за 16 проценти, односно за 26 милиони евра, […]

Како е создадена најпознатата песна на Габи Новак


Легендата на хрватската поп-сцена Габи Новак ги испеа некои од најубавите ЈУ песни. Една од нив е песната „Памтим само сретне дане“. Многумина ја сметаат за еден од најголемите и најпрепознатливите хитови на Габи Новак. Песната е објавена во 1982 година на истоимениот албум, а ја напишале Арсен Дедиќ (музика и текст) и Стипица Калоѓера […]

Инвазија на медузи ја затвори една од најголемите нуклеарки во Франција


Една од најголемите нуклеарни централи во Франција мораше да се затвори откако огромен рој медузи влегоа во системите за довод на вода што се користат за ладење на реакторите. Инцидентот се случи во нуклеарната централа Гравелин во северна Франција, каде што три реактори автоматски се исклучија доцна во неделата. Француската државна енергетска компанија EDF потврди […]

Штипскиот уметник, сликарот Боре Минов онлајн подучува деца и возрасни во Дубаи


ШТИП – Десеттина деца во Дубаи навлегуваат во тајните на сликарството изучувајќи ја тајната на убавата уметност од познатиот штипски и македонски уметник Боре Минов кој во центарот на Штип ја има престижната уметничка галерија Колорис АМ која е и најголемата училница за сликарство за деца во Источниот регион. -Пред околу еден месец остварив соработка со […]