Андоновски ќе го презентира новиот Национален електронски систем за управување со документи – еДМС


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска на прес-конференција ќе го презентира новиот еДМС – Национален електронски систем за управување со документи. Презентацијата ќе се одржи во просториите на Министерството за дигитална трансформација. При минатонеделната посета на Делчево, каде изврши увид во реконструкцијата на новиот Центар за услуги во Делчево, министерот Андоновски потенцира дека интересот […]

Нестабилно време денеска, стабилизација од среда, за викенд повторно дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степени Целзиусови. […]

Редок дијамант вреден 25 милиони долари беше украден во Дубаи, крадецот фатен за еден ден


Полицијата во Дубаи спречи кражба на екстремно редок розов дијамант вреден 25 милиони долари во акцијата „Розов дијамант“, а во исто време, беше осуетен планот на криминалците да го прошверцуваат од земјата. Оваа акција доведе до апсење на банда која повеќе од една година планирала да го украде реткиот дијамант, сертифициран од водечки институт и […]

Од утре прскање против комарци во Скопје


Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 19 август (вторник) до 22 август (петок), од 22 до 3 часот наредниот ден, а против ларви од комарци ќе се изврши во текот на еден од горенаведените денови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот […]

Работите на автопатиштата се одвиваат според планот, освен трасата Требеништа–Ќафасан поради забелешки од УНЕСКО, вели Николоски


Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски вели дека изградбата на новите автопатишта од страна на конзорциумот „Бехтел и Енка“ се одвива според планираната динамика, со исклучок на трасата Требеништа–Ќафасан, каде работите се стопирани поради забелешки од УНЕСКО. Николоски во гостување на Канал 5 телевизија нагласи дека и покрај двегодишно одложување оваа Влада […]

Додик нема да ја почитува одлуката: Останувам претседател на РС


Милорад Додик, на кого законски му беше одземен мандатот како претседател на Република Српска (РС), рече дека нема да ја почитува таа одлука и дека ќе остане претседател на тој ентитет на БиХ. „Нема да ја почитувам. Ќе ја почитувам волјата на српскиот народ. Вие бевте арогантни, а очекувате од мене да бидам покорен. Нема […]

(Видео) Страшна сообраќајка во Грција: Судар на камион и автомобил предизвика пожар, изгореа три лица


Три лица загинаа, а неколку други беа повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Егнација во близина на Комотини, во североисточна Грција, во понеделник, соопштија властите. Под сè уште неутврдени околности, кои ги истражува сообраќајната полиција, камион управуван од бугарски државјанин се судрил со автомобил управуван од возач од  Албанија, со уште тројца патници во возилото. […]

Една серверска фарма за ВИ бара моќност колку за цел Њујорк


Серверските фарми доживуваат побрз и поголем пораст од кога било претходно, додека вештачката интелигенција (ВИ) предизвикува сѐ поголема побарувачка за процесорски капацитети, коишто трошат струја колку цели градови, а електричната мрежа на САД се бори да држи чекор со вратоломната експанзија. Ограничувањата во напојувањето станаа најголемото тесно грло на градењето на нашата иднина со вештачката […]

Хамас го прифати новиот предлог за примирје во Појасот Газа


Палестинското движење Хамас го прифати предлогот на новиот медијатор за примирје со Израел во Појасот Газа, со ослободување на заложниците кои се на палестинската територија, изјави неименуван функционер на исламистичкото движење. Напорите на медијаторите – Египет, Катар и САД – во последните месеци досега не успеаја да постигнат трајно примирје во 22-месечната војна што го […]

Шкотскиот тинејџер Доак од Ливерпул во Борнмут за 29 милиони евра


Шкотскиот крилен напаѓач Бен Доак (19) ќе го напушти Ливерпул и ќе ја продолжи кариерата во Борнмут, кој за него ќе плати отштета во износ од 29 милиони евра, јавија денеска британските медиуми. Доак ја напушти младинската академија на Селтик во 2022 година на 17 годишна возраст и се пресели во фудбалската академија на Ливерпул, […]

Билјана Ивановска ја отфрли понудата на обвинителството, утре ќе оди на распит


  Кандидатката за градоначалник за општина Центар од  „Независни заедно“, Билјана Ивановска, нема да ја прифати понудата на Јавното обвинителство на Македонија да дојде на распит – откако ќе завршат локалните избори на кои таа ќе учествува, за да не го сфати тоа како политички притисок врз неа. Според она што го изјави за „Независен“, […]

Нелегитимниот син на норвешката принцеза на суд за повеќекратни силувања


Мариус Борг Хоиби, најстариот син на норвешката принцеза Мете-Марит, е обвинет за повеќекратни кривични дела, вклучително и силување, објави денес обвинителката Стурла Хенриксбо. Обвинението доаѓа околу една година откако се појавија првите обвинувања за кривични дела против најстариот син на принцезата. 28-годишникот е обвинет за вкупно 32 обвиненија, вклучувајќи силување и сериозни сексуални злосторства. Судењето […]

Пожари беснеат низ Шпанија; затворена дел од популарната патека за поклонение


Пожарите што беснеат во Шпанија се проширија на јужните падини на планинскиот венец Пикос де Европа во понеделникот, а властите затворија дел од популарната патека за поклонение Камино де Сантијаго. Десетина пожари, поттикнати од 16-дневниот топлотен бран, опустошија повеќе од 115.000 хектари во регионите Галиција и Кастиља и Леон во текот на изминатата недела. „Ова […]

Тортевски ги најде „моштите на Афри Кола“ во Вардар


Александар Тортевски од партијата Твоја викендов повика на акција за чистење на коритото на Вардар, и тоа не којзнае каде – туку во најцетралниот дел од градот. По акцијата тој објави фотографија објавувајќи дека ги нашол моштите на Афро Кола. -Денес на 19 август, денот на Наоѓање на моштите на прп. Серафим Саровски, Тортевски во […]

Пресудата е правосилна: Милорад Додик веќе не е претседател на Република Српска


  Судот на Босна и Херцеговина во понеделникот ја отфрли жалбата на Милорад Додик против одлуката со која Централната изборна комисија (ЦИК) го разреши од функцијата претседател на Република Српска, со што одлуката стана правно обврзувачка и официјално го остави без мандат. ЦИК потврди дека Апелацискиот совет на Судот на БиХ ја отфрлил жалбата на […]

За една година вложени 2,66 милиони евра во Арачиново


Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска изврши увид на терен во завршната фаза од изградбата на секундарната фекална канализација во Арачиново – проект составен од 9 краци, со вкупна вредност од околу 20 милиони денари. Меџити при работната посета изјави дека моментално се работи на последниот крак, во […]

Кучето што беше влечено со возило згрижено во ЈП „Лајка“


Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие. Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како […]

Трамп најави нови царини за челик, полупроводници и чипови


  Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот објави дека ќе воведе нови царини за челик, полупроводници и компјутерски чипови во следните неколку недели, без да прецизира која царинска стапка ќе се применува за тие производи. „Следната недела и неделата потоа, ќе воведам царини за челик и, да речеме, за чипови“, изјави Трамп во петокот за […]

Рестораните во Вашингтон празни откако Трамп испрати таму федерални трупи


  Бројот на луѓе што јадат во рестораните во Вашингтон нагло се намали откако Доналд Трамп распореди федерални трупи во градот, според податоците, додека наводната претседателска акција против криминалот продолжува. Истражувањето на „Опен tејбл“ покажа дека посетеноста на рестораните се намалувала секој ден минатата недела во споредба со 2024 година, при што бројот на гости […]

Министерство за енергетика: Со измените на Законот за енергетска ефикасност до пониски сметки, почист воздух, тројно зголемена заштеда


 Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) подготви измени и дополнувања на Законот за енергетска ефикасност со кои се прави суштински исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, намалување на емисиите на стакленички гасови и интеграција на обновливите извори на енергија (ОИЕ). Како што наведуваат од Министерството, со предложеното законско решение се обезбедува усогласување […]