Ѓоковиќ објасни зошто АТП турнирот годинава од Белград се сели во Атина


АТП турнирот од серијата 250, оваа сезона наместо во Белград ќе семигра во Атина. Турнирот е на програмата од 2 до 8 ноември. На оваа тема, Новак Ѓоковиќ зборуваше за српските медиуми во Њујорк, каде започна последниот гренд слем во сезоната,УС опен. „Се што можам да кажам е дека не сакавме да го преместиме турнирот, […]

ДУИ: Изјавите на премиерот се поттик за етнички судири


Денешните изјави на премиерот Мицкоски не се само чисти клевети и неуспешен обид да се сокрие кризата на легитимитет на неговата моноетничка влада, туку и опасни, бидејќи претставуваат поттик за етнички судири. ДУИ отсекогаш била гаранција за слободни и демократски избори и нема никаква причина да се вклучи во „тајни планови“ или „хаос“, како што […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 4 години локална власт ги разочара граѓаните со хаосот и корупцијата во општините


Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ се четири години разочарувања за граѓаните, велат од СДСМ.   „Четири години кои наместо развој и проекти за граѓаните, донесоа само разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос, поскапи цени за граѓаните и бројни скандали со тендери.   Општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ се претворија во епицентар на тендерски шеми и партиски […]

Полјаците се против испраќање нивни војници во Украина


Варшава – Мнозинството од Полјаците се против учеството на нивни војници во мултинационални мировни сили во Украина, покажува анкетата на агенцијата SW Research, пренедува ДПА. Анкетата, нарачана од полскиот весник „Република“, покажува дека 61,1% од испитаниците се против, 17,3% се за и 21,6% неодлучни за евентуално распоредување полски војници во Украина.  Мажите се повеќе против […]

Средба на Божиновска со Рокас: Поддршката од ЕУ клучна во процесот на енергетска трансформација на земјава


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска оствари работна средба со амбасадорот на Европската унија во Република Северна Македонија, Михаилис Рокас. Како што информираат од Министерството, разговорот бил посветен на реформските процеси во енергетскиот сектор, со посебен осврт кон ажурирањето на законодавната рамка и подготовката на нови стратешки документи. Во соопштението се […]

Овие избори нема да бидат вратата на ДУИ за во Владата, порача Мицкоски


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе рече дека на овие избори на површина ќе излезат се уште живите непринципиелни коалиции на криминалот, корупцијата и личните интереси. „Еден човек ми вели го готвите ДУИ да ви биде партнер во владата. Мојот директен одговор е ДУИ уште […]

Јулијана Величковска е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2025


Збирката „Рајсфершулс“ од Јулијана Величковска (1982, Скопје) во издание на ПНВ Публикации, е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу два фестивала, објавена на македонски јазик. Одлуката ја донесе жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година во состав: Санде Стојчевски (претседател), Зоран Анчевски (член), Иван Џепароски (член), Лулзим Хазири […]

Ник Кејв во Скопје: Незаборавна вечер со големиот рок музичар и поет


Многуилјадната публика на стадионот на АРМ во Скопје синоќа уживаше речиси три часа во настапот на славниот австралиски рок музичар и поет, Ник Кејв кој беше придружуван од басистот на „Рејдиохед“, Колин Гринвуд. Во својот препознатлив стил, со доза на хумор и мајтап, но и со повеќе „сочни“ зборови, Кејв не дозволи на концертот да […]

Соопштување на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2025 (во живо)


На прес-конфереција во хотелот „Дрим“ во Струга ќе биде прогласен и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година за најдобра поетска книга меѓу два фестивала, објавена на македонски јазик. Во потесен избор за наградата се книгите „Рубедо“ на Андреј Ал-Асади, „Рајсфершулс“ на Јулијана Величковска, „Маслина и младост“ на Гордана Михаилова Бошнакоска, „На ти со […]

Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми


Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата. Од пристигнатите 352 барања за упис во регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за изборите за Локалните избори за 2025, Државната изборна комисија (ДИК) позитивно одговори на 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет […]

Мицкоски за градоначалниците кои го изневерија: „Свесен сум дека беа нашиот погрешен избор“


Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес на отворањето на саемот на градоначалници „Четири години работа за тебе”, меѓу другото, нагласи дека луѓето што сега ја немаат нашата поддршка „ниту се дел од нашата коалиција, свесен сум дека беа нашиот погрешен избор“.  -Лекцијата е научена. Жалам што за нив го вложив мојот личен кредибилитет, […]

Македонија ќе учествува на ЕКСПО 2027 во Белград


Белград – Република Северна Македонија го потврди своето учество на специјализираниот саем „ЕКСПО 2027“ во Белград, објави истоимената компанија. Нашата држава е една од 119-те земји кои ќе ја претстават својата визија за главната тема „Игра(и) за човештвото: Спорт и музика за сите“ во Белград од 15 мај до 15 август 2027 година. Според соопштението за […]

Без вода дел од Кеј 13-ти Ноември, од хотел Холидеј ин до Камени мост


Поради дефект на водоводна цевка, без вода од 13:00 часот ќе бидат дел од корисниците на Кеј 13-ти Ноември, од хотел Холидеј ин до Камениот мост, информира ЈП Водовод и канализација-Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Тексас и Калифорнија отвораат политичка војна во Америка


  Сенатот на Тексас рано наутро во саботата усвои закон за прераспределба на областите, со кој пет од демократските места во Конгресот на Тексас ќе им бидат префрлени на републиканците. Сенатот на Тексас го усвои законот со 18 гласа „за“ и 11 „против“, а гласањето беше очигледно по партиски линии. Потврдата од страна на Сенатот […]

Салата Работнички во финална фаза, завршен административниот дел, се уредуваат теренот и трибините


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши теренски увид во реконструкцијата на спортската сала „Работнички“, каде што над 65 проценти од градежните активности се веќе завршени. Во моментов се работи на инсталациите, внатрешната финализација, како и на горните делови од објектот и фасадата. Основната бетонска конструкција на гледалиштето е комплетно завршена, а трибините се […]

Министерството за правда на САД објави сведоштва на партнерката на Епштајн, но не и списокот на клиенти


Вашингтон- Министерството за правда на САД во петокот ги објави долгоочекуваните транскрипти од интервјуто со Гислен Максвел, осудена соработничка на Џефри Епштајн. Интервјуто беше еден од потезите со кои Белата куќа се обиде да ја смири јавноста незадоволна од начинот на кој администрацијата ги обработува досиејата на Епштајн, што ја потресе политичката сцена со недели […]

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“


Со изложба на фотографии од реализирани настани, поставена во Градскиот парк во Кочани, завршија активностите наменети за млади од програмата „Лето во друштво“.Настанот синоќа финишираше со ритуал во сеќавање на починатите во несреќата од 16. март. – Ниедна помош во овој период нема толку силно значење како што е оваа, од Центарот за психосоцијална и […]

ЦУК: Активни пожари нема, под контрола тој во природниот резерват Јасен


На територијата на државата денеска до 09:00 часот имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои нема ниту еден активен пожар, под контрола е еден пожарот во повеќенаменско подрачје Јасен, во Општина Македонски Брод, каде повеќе од десетина дена гореше мешана шума, а изгаснати се 17 пожари, информираат од ЦУК. Изгаснати се пожарот кај […]

Министерството за здравство воведе нов електронски модул за донации, испраќа јасна порака до донаторите


Министерството за здравство информира дека е воведен нов електронски модул за донации, со цел транспарентен преглед на сите донации примени од Министерството за здравство, како и од сите јавни здравствени установи. Модулот е достапен на веб страницата: donacii.zdravstvo.gov.mk и овозможува детален преглед на секоја донација, со наведени податоци за донаторот, вредност на донацијата, како и […]

Седум кандидати на СДСМ ќе одржат прес конференции: Ќе откриваат скандали со тендерски шеми


Под слоганот „4 години разочарувања – 4 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ“, СДСМ започнува серија прес-конференции посветени на катастрофалното владеење во изминатите четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ. „Ќе ја прикажеме реалноста којашто граѓаните добро ја знаат: скандали со тендерски шеми, поскапени давачки за граѓаните, неисполнети ветувања, хаос во општините, урбана мафија и корупција.ВМРО-ДПМНЕ ја претвори […]