11 јуни во историјата – Трагедија на трката Ле Ман, автомобил удри во гледачите убивајќи 82 од нив


  На 11 јуни 1955 година, тркачки автомобил во Ле Ман, Франција, излезе од контрола и удри во трибини полни со гледачи, при што загинаа 82 луѓе. Трагедијата во познатата 24-часовна трка доведе до забрана за трки во неколку држави. Трката Ле Ман за прв пат се одржа во мај 1923 година и оттогаш се […]

Образованието да форсира креативно размислување за развој на претприемачкиот дух


Сметам дека образовниот систем треба многу повеќе да го форсира креативното размислување, во насока на развој на претприемачкиот дух кај младите, од една страна. Од друга страна, компаниите да бидат многу поотворени кон младите и да ги примаат на пракса, за да учат во реалниот сектор. Ова попладнево го нагласи професорот на Машинскиот факултет во […]

Франција очекува надпартиски консензус за прашањата поврзани со членството во ЕУ


 Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска се сретна со францускиот амбасадор во земјава  Сирил Бомгартнер на која биле потврдени одличните билатерални односи меѓу двете држави и двата парламента. Гаши, како што соопшти собраниската прес-счужба, се заблагодарил за француската поддршка на сите нивоа за членството на земјава во НАТО и за полноправно зачленување во Европската Унија. […]

И Министерството за здравство се амнестира од мистријата за ѕидот кај Детска клиника


Министерството за здравство информира дека во случајот со паднатиот потпорен ѕид позади Клиниката за детски болести истиот е изграден на државно земјиште, а Министерството нема прибележано право за трајно користење на тоа земјиште.   Секој од објектите во Клиничкиот центар има право на користење на објектите, но нема доделено право на трајно користење на земјиштето […]

Бугарија: По катастрофата на изборите лидерката на БСП, Нинова, поднесе оставка


  Уште една политичка жртва по националните и европските избори во неделата во Бугарија. Оставка поднесе Корнелија Нинова, претседателка на Бугарската социјалистичка партија (БСП) поради лошите резултати. Ова е трет пат Нинова да поднесе оставка. „Нашите резултати се катастрофални и затоа преземам политичка одговорност и поднесувам оставка“, рече таа. Сепак, не се откажува од пратеничката […]

Клосе е новиот тренер на Нирнберг


Поранешниот германски фудбалер Мирослав Клосе е нов тренер на Нирнберг, соопштија од клубот. Најдобриот стрелец во историјата на светските првенства и Нирнберг потпишаа договор на две години. Традиција, страст, чесна работа, одлични навивачи… Тоа се сите работи што ги сакам во фудбалот и ги поврзувам со Нирнберг“, изјави Клосе, кој го прероди клубот. Клосе ја […]

Макрон нема да поднесе оставка ако неговата партија изгуби на изборите


 Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека нема да поднесе оставка без разлика на исходот од претстојните парламентарни избори во Франција. Макрон, кој најави распишување парламентарни избори по тешкиот пораз на неговата партија „Препород“ на изборите за Европскиот парламент во Франција и победата на крајнодесничарската партија Национален собир, рече дека „не е Националниот собир тој […]

Лидерот на десничарските Републиканци во Франција сака сојуз со Лепен


  Шок по шок во Франција. Лидерот на десничарската партија Републиканци деска изјави дека сака сојуз со крајнодесничарскиот Национален собир (РН) на Марин Лепен за итните парламентарни избори. Ерик Чиоти, кој ја води партијата чии корени се во Шарл де Гол и на чие чело преходно беа Жак Ширак и Никола Саркози со ваквиот предлог […]

Идната влада не се откажува од когенеративни централи за гас, ќе се градат две


  Во програмата на новата влада и новото министерство за енергетика, ќе биде изградбата на две когенеративни централи за гас со кои во исто време земјата ќе се снабдува и со топлинска и со електрична енергија, а енергијата добиена од овие централи ќе овозможи балансирање на системот кога ќе е потребно. Ова денеска на Македонскиот […]

Столтенберг: НАТО има сила, ресурси, способност и политичка волја да ја заштити секоја земја-членка


НАТО има сила, ресурси, можности и политичка волја да ја заштити секоја своја земја-членка, најави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во летонската престолнина Рига, каде што учествуваше на самитот на форматот Б9, пренесоа германските медиуми. Во овој регионален форум за консултации и дијалог за безбедносни прашања, познат и како Букурештка четворка, учествуваат Естонија, Летонија, […]

Филипче планира да формира стратешки совет во СДСМ


  Кандидатите за претседател на СДСМ ги образложуваат своите програми во вантрепартиската кампања. Венко Филипче во својата програма предвидува во врвот на партијата да активира искусни политичари и експерти, поранешни високи функционери во СДСМ кои на дневна основа ќе ги следат политичките случувања и навремено ќе реагираат. Тој планира СДСМ да има совет за политика […]

Хамас ја прифаќа резолуцијата на СБ на ОН за прекин на огнот во Појасот Газа


 Хамас ја прифаќа резолуцијата за прекин на огнот на Советот за безбедност на Обединетите нации и е подготвен да преговара за деталите, изјави денеска функционерот на групата Сами Абу Зухри, нагласувајќи дека на Вашингтон е да го принуди Израел да го почитува неговото спроведување. -Хамас ја прифаќа резолуцијата за прекин на огнот, повлекувањето на израелските […]

Сиљановска во Берлин побара „Маршалов план“ за Украина


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Берлин, во рамки на учеството на Конференцијата за обнова на Украина се обрати на главниот панел за шефови на држави и влади на кои говореа и домаќините на конференцијата, германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски, а свое обраќање имаше и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон […]

Потпретседателот на Малави е мртов, пронајден паднатиот авион


Потпретседателот на Малави, д-р Саулос Чилима, загина заедно со уште девет лица во авионска несреќа, јавуваат светските медиуми. Како што пренесува CBS News, во авионот што се урна била и неговата сопруга, а претседателскиот кабинет преку соопштение потврди дека сите патници загинале во авионската несреќа. ⭕ #BREAKING: The plane was found. All people on the […]

Почна бербата на тутунот во Пелагонија, берачи нема ни за „лек“


  БИТОЛА – Почна бербата на тутунот во Пелагонија, ама берачи нема ни за „лек“, се жалат тутунарите кои го години наназад произведуваат поголеми количини на тутун. Тутунот годинава е со одличен квалитет оти и расадот беше добар, а се погодија и временските услови за расадувањето. Она што во континуитет години назад ги загрижува производителите […]

ЗНМ одговори на заканата за тужба од Богдан Илиевски, „сечењето јазици“ на новинари се гони


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) реагираа на најавата за тужба од страна на Богдан Илиевски затоа што беше посочен како автор на коментар кој предизвика повици за „сечење јазик“ на новинарката на ТВ 24, Лепа Џундева. „Согласно своите статути постојано ги застапуваат и ги штитат […]

Незири: Министерот ќе одлучи дали ќе има кратење на наставата


 Ќе видиме што ќе одлучи министерот, изјави државниот советник во Министерството за образование и наука Сафет Незири прашан дали МОН ќе одговори позитивно на иницијативата на родителите кои поради топлото време бараат учебната година за основците да заврши порано од 17 јуни или децата да имаат скратени часови во наредните неколку дена. На новинарско прашање […]

Ѕидот во Клинички паѓа, а за мистрија нема кој да се фати


Во морето дезинформации, надлежностои и ненадлежности, единствено точна информација е дека ѕидот покрај улицата „Белградска“ кај Детската клиника со години се распаѓа и станува сѐ поопасен и за минувачите и за автомобилите и објектите. Сѐ друго е префрлање на топката од една институција во друга, од Министерство во општина, од општина во Град Скопје, па […]

Бројот на странски туристи за четири месеци зголемен за 19,3 проценти, најбројни од Турција


Во државава во април годинава се регистрирани 81.752 туристи, од кои 23 проценти се домашни, а 77 проценти се странски туристи. Бројот на ноќевањата изнесува 151.720, при што 28,8 проценти се од домашните, а 71,2  проценти од странските туристи, објави денеска Државниот завод за статистика.  Од вкупно 62.978 странски туристи, 25.324 се од Турција, 3.254 […]

Мицкоски најави нов ветропарк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на струја


  Мандатарот Христијан Мицкоски денеска, во рамки на  7. Македонски енергетски форум (МЕФ), најави нов ветропарк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија кој, како што рече, ќе биде една од првите странски инвестиции на новата влада. Се работи, нагласи, за голема инвестиција која во моментов предвидува производство на приближно еден терават […]