Три можни исходи од шокантните предвремени избори на Макрон


Две години од неговиот втор мандат и со уште три до крајот, рејтингот на Емануел Макрон не е она што некој би го нарекол одличен: 65 отсто неодобрување, 34 отсто одобрување. Откако го загуби апсолутното мнозинство во националното собрание во 2022 година, тој се мачеше. Парламентот сѐ повеќе е парализиран, а владата се потпира на […]

Завршија ли годините на благосостојба: Работниците во Германија може да очекуваат драстичен пад на платите


Платите во Германија се очекува драстично да се намалат во иднина бидејќи даноците веројатно ќе се зголемат енормно, пишуваат германските медиуми. Бројките покажуваат јасен тренд – и тоа не е позитивно за сите работници. Експертите гледаат јасен тренд дека вработените наскоро ќе имаат уште помалку нето пари на нивните сметки. Платите треба драстично да се […]

Прочистувачи на воздух во ООУ „Невена Георгиева – Дуња“


Од денес, ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ е првото основно училиште на Балканот, целосно опремено со пречистувачи на воздух. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Генералниот директор и основач на ЕКОТИП, Илија Андреевски, денес го посетија овој училишен објект. Таму, во секоја училница е поставен по еден пречистувач од реномираниот германскиот бренд Mann+Hummel, дизајниран да обезбеди 100-процентна […]

Текстилниот сектор има неколку барања до новата Влада


Падот на побарувачака на текстилните производи во европските земји, а особено во Германија се рефлектира и врз работата на македонските текстилни конфекции, изјави денеска Ангел Димитров од  Организација на работодавачи. Посочува дека бизнис секторот во моментов чека да се формира новата Влада, па да седнат и да разговараат за состојбата во текстилниот сектор. -Што од […]

„Виолин Фест“ во Македонската филхармонија


Звуци на виолините на млади исклучителни таленти од светот ќе го исполнат воздухот на 10-тото издание на престижниот „Виолин Фест“, кој на 12 јуни ќе одржи во Камерната сала на Македонската филхармонија. Позади овој настан цели десет години стои познатиот македонски виолинист Владимир Костов – концерт мајстор во Филхармонија и редовен професор по виолина на […]

Четврт авион ловец „Су-34“ се урна во Русија за две години


  Рускиот ловец-бомбардер „Су-34“ се урна во планините на Северна Осетија за време на планираниот тренинг лет, соопшти руското Министерство за одбрана. „Авионот се урна во напуштена област. Нема уништување на земјата. Екипажот загина“, изјавија за ТАСС од воениот оддел. Според телеграмскиот канал „База“, авионот удрил во карпа околу полноќ на 11 јуни. Прелиминарната причина […]

„Анима мунди“: Држење пет питбули и кангал на јавна површина помина само со 200 евра казна


  Вид кучиња кои во Македонија секојдневно се користат во борби до смрт, за чиј одгој во ЕУ или постои трајна забрана, или (поради физичките предизпозиции и силата на животните, како и нивните злоупотреби и страдање на кое се изложени) строго дефинирани правила (возраст на сопственик, неосудуваност; помината наменска обука за чување; строго дефинирани безбедносни […]

Мицкоски: Можеби сме мали, но сме многу важни во овој дел од светот


  Можеби сме мали, но сме многу важни во овој дел од светот не само од аспект на струјата и прекуграничните трансакции. Треба да се земе предвид реалноста и да не се потцени овој мал, кревок пазар, порача денеска мандатарот Христијан Мицкоски од 7. Македонски енергетски форум (МЕФ). Мицкоски напомена дека енергетската ефикасност ќе биде […]

Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ прават сѐ што досега критикуваа


  Оливер Спасовски, пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието во интервју за „Слободен печат“ ги истакна ветувањата и најавите на ВМРО-ДПМНЕ во предизборниот период и ги спореди со сегашната состојба. „Македонската јавност имаше најава дека ќе се намалат министерствата, ние сега имаме зголемување плус четири министерства, наводно заради ефикасност. Имате барање […]

Министерството за правда го брани Судскиот совет од најавениот упад на ВМРО-ДПМНЕ


Министерството за правда по најавите од ВМРО-ДПМНЕ дека сака да ги распушти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители објави информација што се содржат препораките на Оценската мисија на ЕУ и што ќе значат тие за независноста на судството, практично отворајќи „фронт“ со новата влада што се најавува околу реформите во судството. Во информацијата стои: […]

Каналот во Балтимор отворен два и пол месеци откако брод го уништи мостот


Бродскиот канал на пристаништето Балтимор е повторно отворен, 11 недели откако мостот „Френсис Скот Ки“ се урна кога товарен брод удри во него, јавува Би-би-си. Изградбата на мостот ќе трае повеќе од четири години Инженерите на американската армија рекоа дека преминот сега е „безбеден за сообраќај“. За потсетување, товарен брод удри во мост во Балтимор […]

Одборот за акредитација на високото образование во Стопанската комора: Студиските програми да бидат во чекор со потребите на стопанството


Претседателот на Одборот за акредитација на високото образование проф. д-р Марјан Ѓуровски и Претседателот на Стопанската комора Бранко Азевски остварија заедничка средба со цел да ја интензивираат соработката меѓу двете институции во функција на градење механизми за поддршка на развојот на високото образование во земјата. Договорено e Одборот и Стопанската комора да потпишат договор за […]

Приведен 23-годишен кавадарчанец за напад врз полициски службеници


Кавадарчанец на возраст од 23 години, со привремено живеалиште во Криволак, физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. Потоа, момчето се обидело со дрвен и остар предмет да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Филипче почна кампања за лидер на СДСМ


Кандидатот за претседател на СДСМ Венко Филипче вчера од Охрид и Струга ја започна кампањата за внатрепартиските избори. Филипче пред членовите на партијата ја претстави програмата за претседател преку која ветува дека СДСМ ќе биде ефикасна и функционална партиска организација која работи во интерес на членовите и граѓаните. На вчерашните средби, Филипче, ја презентираше првата […]

Три претстави денеска на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“


Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржува по 58-пат во Прилеп е на средината со својата богата програма. И денеска се најавуваат бројни настани, а довечер на програмата се уште три претстави, од кои две во официјалната конкуренција. Од 10 часот на платото пред Градскиот саат е вообичаената „Детска зона“, во 11 часот во […]

Со концертот „Седенка се збира“ Танец ја одбележува 100 годишнината од раѓањето на Ѓорѓи Димчевски


Во чест на 100-годишнината од раѓањето на легендата на македонската народна музика, Ѓорѓи Димчевски, Ансамблот „Танец“ вечерва со почеток од 20 часот во Македонскиот народен театар ќе одржи концерт. Овој музичко-сценски спектакл насловен „Седенка се збира“ е во рамките на јубилејната година, кога ансамблот ја чествува 75-годишнината од основањето. Горѓи Димчевски (1924 – 2006) е […]

Маж се полеа со бензин и се запали пред зградата на хрватската Влада


Маж се полеа со бензин и се запали утрово пред зградата на хрватската Влада во Загреб, јавија хрватските медиуми Состојбата на повредениот засега се уште не е позната. Очевидец за Јутарњи рекол човекот кој се полеал со бензин бил видно растроен. Сведок: Беше расеан Сведок на настано за „Јутарњи лист“ изјави дека видел човек како […]

Агелер: Енергетската сигурност и зелената енергија се приоритите што треба да ги надминат партиските политики


Енергетската сигурност и зелената енергија се двата приоритета кои ќе треба да ги надминат партиските политики, порача денеска американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер. Обраќајќи се на седмото издание на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) што се одржува во Скопје, Агелер истакна дека Северна Македонија во голема мера закрепна од неодржливото енергетско опкружување, но допрва претстојат […]

Топлотен бран во Грција – мерки за заштита на граѓаните


Топлотен бран со екстремно високи температури што ќе достигнат до 43 степени Целзиусови од денеска до петок ќе ја зафати Грција, а надлежните министерства објавија мерки за заштита на граѓаните, меѓу кои можност за работа од дома за државните службеници и препораки за учениците, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за внатрешни работи […]

Битиќи: Вонинституционално најавеното задолжување ќе го зголеми јавниот долг на 66% од БДП


 „Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ вели дека јавниот долг ќе се зголеми над 60% од БДП. Контрадикторно е дека ова никаде не е споменато во нивната програма Платформа 1198 , но со најавеното задолжува од една милијарда евра јавниот долг ќе биде 66% од вредноста на БДП“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во неговото гостување во […]