Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ прават сѐ што досега критикуваа


 

Оливер Спасовски, пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието во интервју за „Слободен печат“ ги истакна ветувањата и најавите на ВМРО-ДПМНЕ во предизборниот период и ги спореди со сегашната состојба.

„Македонската јавност имаше најава дека ќе се намалат министерствата, ние сега имаме зголемување плус четири министерства, наводно заради ефикасност. Имате барање дајте ни 61 пратеник, не сакаме да зависиме од албанските политички субјекти, сакаме да имаме македонско национално единство – со 58 ги имате истите работи – не е Талат Џафери, туку Африм Гаши претседател на Собрание, тоа што најмногу им сметаше на ВМРО-ДПМНЕ и се случи 27 април на кој ќе нѐубиеја во Собранието. Имате ветување дека никако нема да соработуваме со ДУИ, нема да преговараме со ДУИ, ДУИ мора во опозиција, и еве го демантот на втора седница на Собрание, повторно договарање со ДУИ. Сѐ она што критикуваа изминатиот период, сега го прават”, рече Спасовски.