Лидерот на десничарските Републиканци во Франција сака сојуз со Лепен
Шок по шок во Франција.
Лидерот на десничарската партија Републиканци деска изјави дека сака сојуз со крајнодесничарскиот Национален собир (РН) на Марин Лепен за итните парламентарни избори. Ерик Чиоти, кој ја води партијата чии корени се во Шарл де Гол и на чие чело преходно беа Жак Ширак и Никола Саркози со ваквиот предлог предизвика огромна бура во Франција.
„Треба да имаме сојуз додека остануваме самите себеси… сојуз со РН и неговите кандидати“, изјави Ерик Чиоти за телевизијата TF1, поставувајќи позиција која ќе биде многу контроверзна во неговата традиционална десничарска партија.
Чиоти додаде дека веќе имал разговори со Лепен, трикратен претседателски кандидат и лидерот на партијата РН, Жордан Бардела.
Ле Пен го пофали „храбриот избор“ и „чувството на одговорност“ на Чиоти, велејќи дека се надева дека значителен број фигури на Републиканците ќе го следат.
Таа го поздрави овој потег како историски прекин со одбивањето на традиционалната десница да работи со крајната десница во Франција. „Четириесет години псевдо санитарен кордон — кој предизвика изгубени многу избори — исчезнува“, рече Лепен.
Но, потегот на Чиоти, за кој рече дека има за цел да создаде „значајна“ група во новото Национално собрание по изборите, ризикува да ја распадне неговата сопствена партија. Реакциите на нејзините врвни членови беа гневни.
Претседателот на Сенатот од редовите на Републиканците, Жерар Ларше, изјави дека Ерик Чиоти треба да поднесе оставка од позицијата лидер на партијата.
„Никогаш нема да прифатам никаков компромис со крајностите, за кои сум убедена дека ќе ја одведат Франција до банкрот и хаос“, рече претседателскиот кандидат на партијата во 2022 година и претседателка на парискиот регион, Валери Пекрес.
„Знаеме дека Ерик Чиоти немаше да го помине каналот во 1940 година“, напиша на Икс Жулиен Див, пратеник на Републиканците и потпретседател на партијата на X, мислејќи на преселбата на Шарл де Гол во Обединетото Кралство да го води француското движење на отпорот против нацистите за време на Втората светска војна.