Клосе е новиот тренер на Нирнберг


Поранешниот германски фудбалер Мирослав Клосе е нов тренер на Нирнберг, соопштија од клубот.

Најдобриот стрелец во историјата на светските првенства и Нирнберг потпишаа договор на две години.

Традиција, страст, чесна работа, одлични навивачи… Тоа се сите работи што ги сакам во фудбалот и ги поврзувам со Нирнберг“, изјави Клосе, кој го прероди клубот.

Клосе ја започна својата тренерска кариера во 2016 година како помошник тренер во германската репрезентација, од 2018 година ја водеше младинската екипа на Баерн Минхен, а работеше и како помошник тренер во Баерн.

Како главен тренер на сениорскиот тим, Клосе го предводеше австрискиот Алтах.