Потрага по избеган затвореник во Нормандија откако двајца затворски службеници беа убиени во заседа


Стотици полицајци денеска во Нормандија се во потрага по затвореник кој побегна вчера по судското сослушување во Руан. Двајца затворски чувари загинаа, а тројца се тешко ранети во заседа во која комбе со затвореник беше нападнато во близина на Руан, град на северот на Франција, недалеку од Париз. Затвореникот и напаѓачите побегнаа, јавуваат француските медиуми. […]

Анчелоти: Ова беше мојата најдобра сезона како тренер


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде оценка за сезоната која е во завршница. Реал Мадрид синоќа во натпревар од 37. коло на Шпанското фудбалско првенство го победи Алавес со 5:0. – Тимот има многу таленти, многу млади луѓе и многу квалитетен тим. Овој клуб може да одбележи ера во иднина со оглед на вредноста […]

Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”


Ноќеска, по полноќ, бил запален службениот автомобил ,,пасат” на Зоран Јовановски, директорот на затворот ,,Идризово”. Настанот се случил на улицата „Михаил и Ефтихиј“, позади економското училиште, во скопската населба Кисела Вода. Пожарни возила го изгасиле запалениот автомобил. Во Полициската станица Кисела Вода во Скопје утрово, во 3.35 часот, било пријавено дека на подрачје на Кисела […]

Почнува 13. Самит „Македонија 2025“ (во живо)


Во Скопје од  денеска се одржува 13. издание на Самитот Македонија 2025, во организација на меѓународната невладина организација „Македонија 2025“. Најавени се над 450 учесници и над 50 експерти од бизнис и научната заедница од повеќе држави. Стратешко лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигитална трансформација и поголема регионална соработка како основа за […]

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево


 Најниска температура од 5 степени Целзиусови утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Лазарополе со 6 степени, 7 во Крушево, 8 Маврови Анови, 9 Берово, Претор, 10 Крива Паланка, Охрид, 11 Прилеп, Виница, Битола, Тетово, 12 Скопје-Зајчев Рид Кавадарци, Штип, Струмица, Куманово, Велес, Дојран, 13 Скопје-Петровец и 14 степени во Демир Капија и Гевгелија. Најмногу наврнат […]

Почина Алис Манро, мајстор за современи раскази, добитничка на Нобеловата награда за литература


 Алис Манро, добитничка на Нобеловата награда за литература, која е најпозната по мајсторството да пишува раскази и прикажување на женственоста во руралните средини, почина во Онтарио, Канада, на 92-годишна возраст. Портпаролката на нејзиниот издавач, Penguin Random House, ја потврди веста за CNN „со голема тага“. Родена во 1931 година во Вингам (Онтарио), Манро пораснала во, […]

Минатото лето беше најжешкото во последните 2000 години


Минатогодишното лето на северната хемисфера беше најжешкото во последните 2.000 години, покажува новото истражување објавено вчера. Научниците претходно објавија дека 2023 година беше најтоплата година на глобално ниво од почетокот на евиденцијата во 1850 година, но студијата во списанието Nature сугерира дека климатските промени предизвикани од човекот ги потиснаа летните врвови многу подалеку од сè […]

„Боинг“ може да се соочи со кривично гонење поради две несреќи на „737 Макс“


Американското Министерство за правда соопшти дека размислува дали да ја гони компанијата Боинг за двете фатални несреќи на авионот „737 Макс“. Министерството за правда тврди дека „Боинг“ ги прекршил условите од договорот од 2021 година што ја заштити компанијата од кривични пријави поврзани со инцидентите, што компаниите ги негираат. Вкупно 346 лица загинаа во несреќи […]

Кан како модна писта – нема филм без црвен килим (фото)


Кан – Повторно е тоа време од годината: Канскиот филмски фестивал е во тек во Франција. Тоа е можност филмовите да се прикажуваат пред филмското семејство и саканите познати личности, млади актери, модели и други ѕвезди да ја покажат својата прекрасна мода на црвените килими на настанот. И досега луѓето како Мерил Стрип и Грета […]

Немири во Нова Каледонија поради реформи. Изгореа згради и училишта, едно лице загина


Повеќе од 130 лица се уапсени во Нова Каледонија, француска прекуморска територија, по втората ноќ на насилни протести, соопшти француската висока комисија, а телевизијата БФМ објави дека едно лице загинало во немирите. Немирите започнаа во понеделникот додека Франција расправаше за планираниот закон со кој на илјадници француски граѓани на јужниот пацифички архипелаг ќе им се […]

Во голем пожар во пристаништето во Медулин уништени над 30 јахти


Загреб – Најмалку 30 јахти изгореа во голем пожар што избувна во пристаништето во Медулин на хрватското крајбрежје, јави хрватската национална телевизија ХРТ, повикувајќи се на информации од полицијата во Истра. Полицијата добила дојава за пожар во пристаништето утрово во 03:55 часот. Досега изгореа 30 пловила, а неколку од нив потонаа. Пожарот се уште беснее, се […]

Првиот портрет на Чарлс како крал предизвика реакции


Кралот Чарлс Трети во вторникот го откри првиот завршен официјален портрет на себе по неговото крунисување – впечатлив црвен приказ на британскиот монарх во униформа. Маслото на платно од 230 см на 165,5 см  е насликано од Џонатан Јео, кој претходно ја прикажа сопругата на Чарлс Камила во 2014 година и неговиот татко, принцот Филип, […]

Балетот „Заспаната убавица“ на фестивалот „Мајски оперски вечери“


На 52. „Мајски оперски вечери“ вечер од 20 часот на програмата е класичниот балет „Заспаната убавица“ на музика од Петар Илич Чајковски. Диригент на претставата е Најер Нагуи – главен диригент на оркестарот на Операта во Каиро, кореограф е Виктор Јаременко од Украина, асистент-кореограф – неговата сонародничка Тетјана Белецка, а сценограф и костимограф на балетот […]

Започнува меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“


Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, започнува вечер во 19 часот во Младинскиот културен центар во Скопје и ќе трае до 18. месецов.  Во фокусот на „Литера“ оваа година ќе биде Република Турција, од каде гостуваат тројца илустратори Гизем Ѓозде Учар, Серхат Албамја и Мурат Калкаван, како и авторката на книги за […]

Се ожени Тејлор Кини, згодниот пожарникар и манекен од спотот на Леди Гага


Тејлор Кини се ожени! Актерот од Чикаго Фајр (42) се ожени со манекенката Ешли Кругер на 30 април „на мала, приватна церемонија во Чикаго“, каде што Кини неодамна ја заврши 12-та сезона на снимање од неговата хит драма на NBC, ексклузивно раскажува претставник за PEOPLE. Кини и Кругер се заедно од 2022 година, а Кини […]

Јавното обвинителство ќе добие нов електронски систем за управување со предметите


Претставниците на проектот „ЕУ – Поддршка за владеење на правото“, го информираа јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски, за планираните активности кои треба да се реализираат во рамките на овој проект во следниот период, информираат во Обвинителството. „Во рамките на активностите на овој проект поврзани со информатичката технологија, фокусот на поддршката ќе биде […]

Променливо облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи


Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје променливо облачно со повремен […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 15 мај 2024 година, 136-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 230 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 13 минути, а ќе зајде во 19 часот и 48 минути. Денов трае 14 часа и 34 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина нема да изгрее, […]

Блинкен свиреше гитара и пееше со локален бенд во Киев


Американскиот државен секретар Антони Блинкен му се придружи на локалниот бенд во Киев денеска за да ја изведе песната „Rockin’ in the Free World“ на Нил Јанг. U.S. Secretary of State Antony #Blinken played and sang "Rockin' In The Free World" with a band in one of #Kyiv's bars. pic.twitter.com/j2qjZsbGYX — KyivPost (@KyivPost) May 14, […]

ЕУ ќе распореди пожарникари од 12 земји на потенцијалните места за шумски пожари


Европската унија планира да распореди повеќе од 500 пожарникари од 12 земји на клучни локации во Европа ова лето за да помогнат во борбата против шумските пожари. Тие ќе им помогнат на локалните противпожарни бригади во Франција, Грција, Португалија, Шпанија и други земји, пишува dpa повикувајќи се на соопштение на Европската комисија објавено во вторник. […]