Семејството на Шумахер ја продаде неговата колекција часовници, заработија милиони


Часовниците што му припаѓаат на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, денеска беа продадени за околу 4 милиони швајцарски франци (4,41 милиони долари) на аукцијата на Кристи во Женева. Осум часовници, меѓу кои и Rolex часовниците, F.P. Journe и Audemars Piguet, беа ставени на продажба од семејството на Шумахер, кој не е виден во јавноста […]

Кан повеќе се фокусира на контроверзи отколку на филмови, вели Тиери Фремо


Кан- Директорот на Канскиот филмски фестивал Тиери Фремо изрази жалење поради зголемениот фокус во последните години на политичките и социјалните прашања во филмската индустрија, што, според него, дојде на сметка на вистинските филмови. „Порано луѓето зборуваа само за киното. Ние како организатори имавме само една трема – филмовите: дали ќе им се допаднат на луѓето, […]

Мерил Стрип ја доби почесната Златна палма на отворањето на Канскиот филмски фестивал


Холивудската ѕвезда Мерил Стрип вечерва ја доби почесната Златна палма на церемонијата на отворањето на 77-от Меѓународен фестивал во Кан, овековечувајќи го нејзиното „неизбришливо место во историјата на кинематографијата“, сопштија организаторите. – Го променивте начинот на кој ги гледаме жените во светот на кинематографијата. Ни дадовте нова слика за нас самите, рече француската актерка Жилиет […]

Вашингтон загрижен поради усвојувањето на контроверзниот закон за странско влијание во Грузија


Белата куќа денеска соопшти дека е длабоко загрижена поради усвојувањето на контроверзниот закон за „странско влијание“ во Грузија, предупредувајќи дека САД би можеле да ги преиспитаат своите односи со земјата. – Очекуваме (грузискиот) претседател да стави вето, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер. Таа додаде дека не е јасно дали грузискиот парламент ќе се […]

Нов подвиг на д-р Кедев, го искачи Лоце, досега освои десет од 14 највисоки врвови во светот


Познатиот македонски кардиолог и алпинист, д-р Сашко Кедев се искачи на Лоце (8.516 метри), четвртиот највисок врв во светот. Со овој подвиг, тој до сега освои десет од 14 највисоки врвови во светот, над 8.000 метри. Пред само десет дена д-р Кедев се искачи и на Макалу висок 8.463 метри. Следна цел на д-р Кедев […]

Атлетико Мадрид подготвен да плати 12 милиони евра за Дибала


 Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, во текот на летниот преоден рок може да стане играч на еден од најдобрите клубови во шпанското првенство, Атлетико Мадрид, пренесува денеска Тодофихајес. Според истиот извор, Атлетико Мадрид е заинтересиран за потписот на 30-годишниот Аргентинец и е подготвен да плати 12 милиони евра, посочени како обесштетување во договорот за фудбалерот. […]

НАСА постави прв шеф за вештачка интелигенција


НАСА го назначи својот прв шеф на вештачка интелигенција (ВИ) кој ќе биде во чекор со ова витално и брзо развивачко поле. Станува збор за Дејвид Салвањини, кој беше шеф за користење податоци, пишува Space. „AI се користи безбедно во НАСА со децении и како што се развива оваа технологија може да го забрза процесот […]

Китови убијци потонаа едрилица – Шпанија издаде предупредување


Орки, познати и како „китови убијци“, ја потопиле 15-метарската едрилица „Алборан Коњак“ во мароканските води во Гибралтарскиот теснец, потврди шпанската поморска спасувачка служба. Инцидентот се случил во неделата околу 9 часот по локално време. Две лица од едрилицата биле спасени од танкер со нафта што случајно се нашол таму. Ова беше само последниот во серијата […]

Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ


Олимписките и Параолимписките игри треба да генерираат економски придобивки во износ меѓу 6,7 и 11,1 милијарди евра за Париз и регионот Ил де Франс. Ова го пресметаа Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Организацискиот комитет на игрите во Париз во студија која денеска ја објави Центарот за право и спортска економија (ЦДЕС). Студијата содржи ажурирани податоци […]

Утре без струја делови од Аеродром и од Чаир


Според добиеното известување од ЕВН Македонија, Регионалниот центар за управување со кризи ги известува граѓаните на Скопје дека поради реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа утре 15.05.2024 година (среда),  без снабдување со електрична енергија ќе останат следните корисници: -Во периодот од 08:30 до 15:30 часот без напојување ќе останат корисниците на дел од населбата на […]

ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци


 Од местото на двојното убиство во скопско Стајковци се обезбедени траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција, соопшти државното Јавно обвинителство. ЈОРСМ информира дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим […]

Вархеи: Србија да ​​продолжи со усогласување на визната политика со ЕУ


Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување, Оливер Вархеји, денеска изјави дека е важно да се продолжи со усогласување на визната политика на Србија со визната политика на Европската унија. Вархеји ова го изјави во Белград на средбата со вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, соопшти надлежното министерство. „Имајќи ја предвид улогата на МВР, […]

Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата


Половина од украинските бегалци во Германија, Полска и Чешка се подготвени да се вратат во Украина доколку дозволат условите. Ова го покажува социолошкото истражување спроведено на крајот на минатиот месец од Киевскиот меѓународен институт за социологија, објави Укринформ. Мнозинството од испитаниците се подготвени да се вратат доколку критичната инфраструктура работи нормално (34 проценти) и доколку […]

Распознава емоции: Опен АИ ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ЧетГПТ-4o


Технолошката компанија OpenAI која разработува компјутерски програми засновани на вештачка интелигенција ја претстави синоќа најновата верзија на својот главен проект – ChatGPT-4o. Kреаторите на оваа програма велат дека вештачката интелигенција (ВИ) научила да распознава емоции и да ги споделува со корисниците. -ChatGPT-4o (о доаѓа од „omni”) „e чекор кон многу поприроднa интеракција меѓу човекот и […]

На БиХ и се закануваат загуби од 250 милиони евра поради производството на струја од јаглен


Компаниите од Босна и Херцеговина би можеле да изгубат повеќе од 250 милиони евра годишно доколку земјата не се приклучи на системот за плаќање прекуграничниот данок за извоз на јаглерод (CBAM) воведен од Европската унија за да ги поттикне земјите кои не се членки да престанат да произведуваат електрична енергија од фосилни горива. Од 1 […]

Ердоган и Путин најпопуларни политичари во Македонија


Во анкетата на ИРИ направена во регионот на Западен Балкан има  прашање кој е најпопуларен политичар што покажа дека највисоко на листата котира турскиот лидер Таип Реџеп Ердоган. Освен во Косово и во Србија, Ердоган е практично најпопуларен во сите други држави во регионот. На првото место во Косово е американскиот претседател Џо Бајден, а […]

Инспекциите ќе го доведуваат во ред ширењето на кафулињата на Широк Сокак


  БИТОЛА – Инспекциски контроли од Општина Битола, почнаа да ги контролираат и предупредуваат битолските угостители на најамбиеталната улица Широк Сокак во градот, да ги потсоберат масите од кафетериите за да можат да поминуваат пешаците. Вака како што е ситуација со „распосланите“ маси од кафетериите во последните години, шетачите по Широк Сокак едвај можат да […]

Хоспитализирани две лица со конго-кримска хеморагична треска во април, две деца имале заушки


Два случаја на конго-кримска хеморагична треска, а две деца со заразни заушки се регистрирани во април, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево. Случаите на конго-кримска хеморагична треска се регистрирани кон крајот на април. – Станува збор за лица од рурални средини кои имале контакт со домашни животни со крлежи. Каснување […]

ХЕРА: Отворен првиот ММ- Центар за советување и поддршка на момчиња и мажи


ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација го отвори првиот ММ- Центар за советување и поддршка на момчиња и мажи. Центарот ќе нуди бесплатни советувања кои ќе ги спроведуваат психотерапевти и психолози. Советувањата ќе се спроведуваат со физичко присуство или преку виртуелни канали на македонски и албански јазик. Центарот ќе биде отворен за советувања вторник, среда […]

Утре започнува самитот на Македонија 2025 – во фокусот просперитетот и демократијата во ера на дигитализација и брзи промени


Стратешко лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигитална трансформација и поголема регионална соработка како основа за создавање на просперитетни економии, се темите во фокусот на годинешното дводневно издание на Самитот Македонија 2025, кој ќе се одржи на 15 и 16 мај 2024 година. Покрај промените што ги носи дигиталната трансформација во општествата и […]