Четиригодишник со часови мирно чекал во комбе некој да го најде


Четиригодишно момче заборавено во комбе на градинка во Атина, седум часа мирно чекало некој да го најде. Во понеделникот, како и секој работен ден, комбето донело пет деца во градинката, но возачот и сопатничката не забележале дека само четири излегле, а малото момче заспало на едно од седиштата, па останало во комбето. Возачот го одвезол […]

Зошто путерот со години е на „црната листа“ на лекари и диететичари?


Додека едни велат дека путерот е здрав, други велат дека е производ кој придонесува за развој на одредени болести. Најголеми љубители на овој намаз се жителите на Франција. Просечен Французин јаде повеќе од 8 килограми путер годишно, но нема здравствени проблеми. Како е можно? Путер е маснотија добиена од масти и протеински компоненти од изматена […]

Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме


Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h). Како што најавуваат од Управата за хидометеоролошки работи, во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на […]

Поповиќ: Високото место во ЕФА е доказ за успесите на „Охридско лето“, остануваме посветени на тој пат


Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ ги презентираше успесите на фестивалот на Самитот на уметнички фестивали што се одржа изминативе четири дена во Уседом, Германија. Во рамките на Самитот се одржа и 71. Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА). Поповиќ кажа дека Фестивалот „Охридско лето“ е специфичен и посебен, препознатлив и единствен на […]

Цел Холивуд на Кроазета (фото)


Кан– Низ годините, Канскиот филмскиот фестивал, кој важи за најгламурозен од сите фестивали, како европски центар на филмот, беше доживување и достигнување за секој холивудски актер. Така низ Кроазета прошетаа најславните ѕвезди кои ја обележаа филмската индустрија и останаа недостижни со својата слава и гламур.  (Холивуд Репортер)

(Видео) Антисекс кревети во Олимпиското село во Париз


Светските медиуми објавија дека антисекас креветите пристигнале во Олимпиското село во Париз, каде што спортистите ќе спијат за време на Олимписките игри, кои се закажани за оваа година од 26 јули 2024 до недела, 11 август 2024 година. За 18.000 кревети во Олимпиското село бил користен рециклиран картон. Душеците се изработени од полиетилен, а по […]

Герасимовски ги повикува центарци да пријавуваат проблеми со јавна чистота


Граѓаните можат да пријават косење трева, реконструкција и санација на урбана опрема или собирање смет на Јавните површини под надлежност на Општина Центар на телефонскиот број 076/350-767. Општина Центар и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ги потсетуваат граѓаните дека проблемите поврзани со Јавната чистота и други комунални проблеми можат да ги пријават на општинските служби […]

„Ги зедов да ги заштитам“: првите зборови на таткото кој ги држеше децата како заложници во Драч


Алекс Марку (40), кој синоќа во Драч со часови ги држеше во заложништво своите две малолетни деца, додека пукаше со калашников во станот, наводно рекол „како ги зел децата за да ги заштити“. Првите резултати од истрагата покажуваат дека тој ги земал децата како заложници додека бил под дејство на наркотици, но се чекаат резултатите […]

По трет пат се одржа „Саемот на кариера“ во организација на Универзитетот „Мајка Тереза“


Во организација на Универзитетот „Мајка Тереза“, денеска се одржа „Саемот на кариера“ на кој учествуваа 25 приватни компании, каде свои обраќања имаа ректорот на УМТ, Изет Зеќири, претседателот на Бизнис конфедерацијата, Миле Бошков, како и претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Менди Ќира.  Зеќири во своето обраќање истакна дека соработката меѓу Владата, академијата и […]

Дигитално земјоделство – нова програма на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје


Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) отвора нова студиска програма по дигитално земјоделство. Програмата има мултидисциплинарен пристап и се реализира во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ и Машинскиот факултет – МФ, сите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ […]

Што му носи на вашиот знак сезоната на Близнаци од 22.5 до 21.06?


Планетите ќе бидат вознемирени во текот на мај, што ќе се одрази и особено на одредени хороскопски знаци. Планетите се движат со голема брзина во текот на месецот што следи. Со ретрограден Плутон и полна месечина во Стрелец, време е за промени. Астролошката прогноза може да ви помогне полесно да се справите со она што […]

„Бехтел и Енка“ побара помош од Стопанската комора за обебедување работна сила за автопатите


  Стопанската комора на Северна Македонија стои на располагање во изнаоѓање, односно вмрежување на локалните домашни компании кои треба максимално да бидат вклучени при реализација на активностите во сите фази на проектот за коридорите 8 и 10д,  било договорено на вчерашниот состанок на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, и неговите соработници со раководството на […]

Макрон свика кризен состанок за немирите во Нова Каледонија


 Францускиот претседател Емануел Макрон денеска итно свика состанок на Советот за одбрана и национална безбедност на кој ќе се разговара за немирите во кои загинаа две лица, а стотици беа повредени во Нова Каледонија, соопшти неговиот кабинет. Макрон го откажа патувањето во францускиот регион планирано за денеска за да се справи со кризата на територијата […]

Инфлацијата на среден рок ќе се врати на историскиот просек од 2 проценти: НБ ги претстави најновите проекции пред дипломатите


Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На настанот, којшто се организира редовно, по секој нов циклус макроекономски проекции на Народната банка, присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка (СБ), Делегацијата на ЕУ (ДЕУ), Обединетите нации (ОН), Програмата за развој […]

Осудениот ирански режисер Расулоф пребегна во Европа пред премиерата во Кан


Кан– Иранскиот режисер Мохамед Расулоф, кој во својата земја беше осуден на осум години затвор, изјави дека пребегнал во Европа во пресрет на премиерата на неговиот нов филм на Канскиот фестивал. „Пристигнав во Европа пред неколку дена по долго и комплицирано патување“, кажа Расулоф. Минатата недела, неговиот адвокат Бабак Пакнија изјави дека режисерот е осуден […]

Џорџ Клуни дебитира на Бродвеј во сценска верзија на филмот „Добра ноќ и добра среќа“


Њујорк – Џорџ Клуни ќе го има своето актерско деби на Бродвеј следната година во познатиот проект за холивудската ѕвезда: „Добра ноќ и среќа“. Клуни ќе го игра легендарниот ТВ-новинар Едвард Р. Мароу во сценската адаптација на филмот од 2005 година што му донесе режија и пишување номинации за Оскар и беше меѓу најдобрите кандидати […]

Д-р Беќаровски бара извинување од министерот Демири – објавена изјава на 18-те вработени на договор на дело


Откако на фејсбук страната на Министерството за здравство беше објавено дека разрешувањето на медицинскиот директор на клиниката Д-р Данил Петровски е разрешен од позицијата медицински директор на Клиниката за токсикологија поради несовесно работење во целиот овој изминат период, а беше објавен и документ во кој имаше сериозни обвинувања до докторот Нико Беќаровски, дека наводно ги навредувал […]

Македонија влегува во втората фаза од програмата на УНФДПА и АДА за одговорни семејни политики


Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина се трите држави од Западен Балкан кои се вклучуваат во втората фаза од програмата „Проширување на изборот“ на УНФПА – Фонд за население на Обединетите нации и Австриската агенција за развој (АДА), информираа денеска од УНФПА. Програмата, во вкупна вредност од 2,2 милиони евра, им дава поддршка на […]

ОН: Речиси 5,9 милиони деца во Нигерија се соочуваат со криза со храна и неухранетост


Обединетите нации објавија дека 5,9 милиони деца во североисточна Нигерија се соочуваат со сериозна криза со храна и неухранетост. Во Абуџа, главниот град на Нигерија, ОН организираа настан наречен „План за безбедност на храната во сушната сезона 2024 година“. Координаторот на ОН за хуманитарна помош за Нигерија и резидентен координатор Мохамед Фол, говорејќи на отворањето […]