(Видео) Антисекс кревети во Олимпиското село во Париз


Светските медиуми објавија дека антисекас креветите пристигнале во Олимпиското село во Париз, каде што спортистите ќе спијат за време на Олимписките игри, кои се закажани за оваа година од 26 јули 2024 до недела, 11 август 2024 година.

За 18.000 кревети во Олимпиското село бил користен рециклиран картон. Душеците се изработени од полиетилен, а по натпреварот ќе се користат за производство на пластика.

Креветите се долги 2,1 метар и можат да носат до 200 килограми. Тие сметаат дека овие димензии на сите натпреварувачи им ги обезбедуваат потребните услови за одмор. Одлуката е во согласност со еколошките стандарди кои претходно ги поставија организаторите на Олимписките игри. Секој кревет ќе има три перници кои ќе го направат поудобен, а секој натпреварувач ќе може да избере перници според својата телесна тежина во посебна апликација.

Тие се наречени кревети против секс затоа што, како што беше објавено кога првпат беа користени на Олимписките игри во Токио, тие се премногу слаби за да издржат каков било вид на интимен однос. Видеото од креветот погледнете го ТУКА.