Гори аеродром во Русија


Пожар избувна на аеродромот во градот Минерални Води во југозападна Русија денеска за време на градежни работи, јави агенцијата РИА, повикувајќи се на информации од службите за итни случаи. Пожарот избувнал на покривот на терминалот за пристигнување. Агенцијата ТАСС јави дека противпожарните екипи се на пат кон местото на настанот. #BREAKING A fire broke out […]

Уште еднаш опериран Роберт Фицо


Словачкиот премиер Роберт Фицо беше опериран во петокот, известија неговиот заменик Роберт Калинак и директорката на болницата во Банска Бистрица Миријам Лапуникова, додавајќи дека неговата состојба е стабилна, но сепак сериозна. „Некротичното ткиво оставено од прострелната рана е отстрането. Пациентот сега е свесен, стабилизиран, но се уште се лекува на Одделот за интензивна нега. Неговата […]

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023


Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните да направат увид во Годишните даночни пријави (ДЛД ГДП), кои веќе се поставени на системот а се однесуваат за остварени приходи во 2023 година. Секој кој е регистриран на системот ППД – (ujp.gov.mk) има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31.05.2024 година, да ја потврди или доколку […]

„Македонија 2025“ и Стопанската комора со заедничка визија, да имаме посилни бизниси и подобро деловно опкружување


Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески денеска, по средбата со раководството на Македонија 2025, уште еднаш повика на обединување меѓу сите релевантни фактори во државата, но и на заедничко, практично делување за економски просперитет. Повторно укажа на потребата од подигнување на степенот на владеењето на правото и на пазарната економија, како и на запирање на […]

Грузија врие, ЕУ спие (Видео)


ТБИЛИСИ, Грузија – Десетици илјади Грузијци излегоа на улиците во текот на изминатиот месец, многумина обвиткани во сини и златни знамиња на ЕУ, соочувајќи се со полицијата  вооружена со штитови, палки и водени топови. Толпи почнаа да се собираат пред зградата на парламентот во центарот на Тбилиси рано во средата, само еден ден откако безбедносните […]

Стопанската комора ќе поддржи ревизија со „Бехтел и Енка“ ако е во интерес на бизнисот, бара континуитет на договорите


Се надевам дека вчерашната изјава на Мицкоски за ревизија на договорот со „Бехтел и Енка“ е дадена во согласност со нашите заложби за континуитет на правните договори што ги склучила претходната влада и ако се работи за подобрување во интерес на бизнисот, ние ќе ја поддржиме таа работа, рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко […]

Говорот на омраза му пресуди на Фицо, каде води говорот на омраза во Македонија?


  Обидот за убиство на словачкиот премиер Роберт Фицо од страна на обичен граѓанин кому наводно му „пукнал филмот“ од политиката што ја води премиерот, ја алармираше политичката јавност во Европа, а отвори прашања и за кај нас. Според она што го порачаа словачките политичари по обидот за атентат, словачкото општество е екстремно поларизирано, се […]

Таравари очекува владата да се договори идната недела


  Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари очекува до крајот на идната недела да се постигне договор околу идната влада. Тој на новинарско прашање на настан во Гостивар посочи дека, владее позитивна атмосфера помеѓу работните групи на „Вреди“ и ВМРО-ДПМНЕ. „Се надевам дека до крајот на идната недела ќе имаме завршен договор со програма на владата и […]

Премиера на претставата „Парови“ во Драмски театар Скопје


Премиера на претставата „Парови“ ќе се одржи утре на 18 мај во 20 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје. На прес конференцијата за претставата говореше режисерката Ивана Ангеловска, авторката Ана Ристоска-Трпеноска и и дел од актерската екипа. Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите се на костимографите Раде Василев и […]

Пристигна првата помош за Газа од американското пловечко пристаниште


  Камиони со многу потребна помош за Појасот Газа тргнаа преку новоизграденото американско пристаниште и во опколената енклава за прв пат во петокот, бидејќи израелските ограничувања на граничните премини и тешките борби ја попречија испораката на храна и други залихи. Пратката е прва во операцијата за која американските воени претставници предвидуваат дека би можела да […]

Андријана Нелкова – Чучук избрана за претседател на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика


Андријана Нелкова – Чучук, член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) е избрана за претседател на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика (ERRA – Energy Regulators Regional Association) со мандат од 2024 до 2026 година, информираат од РКЕ. Оттаму додаваат дека регулатори од 47 земји, од […]

Се бара адвокат што ќе го брани Палевски


Од Истражниот затвор Скопје до Основниот кривичен суд Скопје е доставно официјално известување за екстрадиција на осомничениот Љ.П., за кој веќе е определна мерка притвор од негово пронаоѓање, односно лишување од слобода, како и барање за ангажирање на адвокат кој ќе го застапува во текот на постапката. Како што информира денеска Основен кривичен суд Скопје, […]

17 мај во историјата – Џеронимо, водачот на Апачите, избега од резерватот во Аризона предизвикувајќи паника


  По втор пат во две години, водачот на Апачите, Џеронимо, на 17 мај 1885 бега од резерват во Аризона, предизвикувајќи паника меѓу доселениците во Аризона. Познатиот лекувач (врач), Џеронимо постигна национална слава со тоа што беше последниот американски Индијанец кој формално се предаде на Соединетите Држави. Речиси 30 години, Џеронимо и неговите следбеници се […]

Аплауз од 70 секунди и торта за Зоран Анчевски: Скопје доби нов фестивал за литература и општа култура „Видик“


Скопје доби нова културна инфузија – новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“! Од 16 мај до 16 јуни, нашата метропола ќе пулсира во ритамот на фузијата на литературата, музиката, театарот, сликарството, филмот и дизајнот, умешно комбинирани и споени во богатата програма на првото издание на настанот што е во организација на „Литература.мк“. Главната […]

Чадиковски: Нема листи за чекање за операции на деца со срцеви аномалии


Нема листа за чекање за операции на деца кои имат срцеви аномалии, изјави денеска во Штип на третиот студентски конгрес на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев” (УГД) Штип, Владимир Чадиковски. Посочува дека годишно се оперираат околу 150 деца. Дополнително бројот се зголеми откако Македонија, стана еден од регионалните центри на Балканот, за […]

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни


  Албанскиот премиер Еди Рама упати критики до официјална Софија и до сите ЕУ членки кои користат билатерални прашања за блокади, на форум во Тирана. „Зошто ја блокирате Северна Македонија? За да покажете дома колку сте силни!” порача Рама заклучувајќи дека политиките на блокади се ужасни, одвратни и антиевропски. „Што ви е поентата? Што сакате […]

Како работи руската пропаганда?


Методите што ги користи руската пропаганда ги опиша руски новинар уште во 2016 година и тие се уште се применуваат и се релевантни. „Студирав на Факултетот за новинарство на Московскиот државен универзитет. Имавме воен оддел. Во атмосфера на тајност, нè учеа посебна борбена пропаганда – уметност на сеење раздор во редовите на непријателот со помош […]

Утре бесплатен влез во музејските институции по повод Меѓународниот ден музеите


„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите, датум кој музејските институции низ светот со разновидни активности го одбележуваат од 1977 година. На овој ден, како што соопшти Министерството за култура, музеите во земјава традиционално овозможуваат бесплатен влез за посетителите кои можат да […]

Ричард Гир се враќа на црвениот килим на Кан, ќе глуми со Ума Турман


Кан – Ричард Гир беше најсекси маж на светот според магазинот People во 1999 година, кога имаше 50 години. Дотогаш тој ја шармираше публиката со своето тивко заведување во „Officer and a Gentleman“ (1982) и, се разбира, „Pretty Woman“ наспроти Џулија Робертс. Тој и супермоделот Синди Крафорд беа исто така ултимативниот пар. Но, постепено се […]

Од Косово екстрадиран Бесим Красниќи


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска  полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го завршија процесот на екстрадиција од Косово во Република Северна Македонија на Бесим Красниќи (44), кој се бараше со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје […]