Од Косово екстрадиран Бесим Красниќи


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска  полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го завршија процесот на екстрадиција од Косово во Република Северна Македонија на Бесим Красниќи (44), кој се бараше со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за  подготвување во врска со кривично дело тероризам.
 
Лицето е спроведено во КПУ Идризово.
 
Бесим Красниќи се бара за издржување на вкупно 28 и пол години затвор за серија на кривични дела.
 

Красниќи и Рамадани се во бегство од февруари во 2020 година, кога не се вратија во штипскиот затвор по слободен викенд, иако имаа да издржат уште околу три години од вкупно 15 години затвор.

Агим Красниќи, Бесим Красниќи, Сехат Рамадани и Фадиљ Точи беа уапсени во Урошевац. Станува збор за луѓе од кондовската група која долго време беше страв и трепет во Скопско.