Алкалоид го совлада Вардар и се пласираше во финалето на ракометниот Куп на Македонија


Ракометарите на Алкалоид се пласираа во финалето на Купот на Македонија, откако го совладаа Вардар со 25:24 (15-13) во натпревар кој се одигра во СЦ „Борис Трајковски“. Мечот беше неизвесен и никој од двата противници не направи повеќе од 3 гола разлика.   Во последните секунди од регуларниот дел од мечот, при резултат 25:24 Вардар […]

Во сударот на возови во Белград 13 повредени, причината е човечки фактор


Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ вечерва изјави дека причина за судирот на патничкиот и товарниот воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, во кој нема жртви е човечки фактор. Српскиот министер за за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ изјави дека 13 патници се повредени, од кои четворица се пренесени во Ургентниот центар. „Гарнитурата […]

Се судрија два воза во подземен тунел во Белград, има повредени


Во Белград околу 18 часот и 30 минути се судрија патнички и товарен воз, јавуваат српските медиуми. Еден патнички и еден теренски воз се судрија денеска околу 18:30 часот во подземниот тунел меѓу градскиот кварт Вуков споменик и мостот Панчевачки во Белград, пишува Нова.рс. Пожарникарите се на терен, а испратени се и четири екипи за […]

Новите откритија укажуваат на вонземска активност


Истражувањето на сончевите системи, со помош на алгоритми на „невронска мрежа“, откри 60 ѕвезди кои се чини дека се опкружени со огромни вонземски електрани. Седум таканаречени М-џуџести ѕвезди, кои се движат меѓу 60 и 8 проценти од големината на нашето Сонце, беа забележани дека испуштаат неочекувано високи инфрацрвени „топлински потписи“, според астрономите, пишува Дејли мејл. […]

Рајфајзен банка може да биде отсечена од финансискиот систем на САД бидејќи уште е во Русија


Австриската Рајфајзен банка добила писмено предупредување од Министерството за финансии на САД дека банката може да биде отсечена од американскиот финансиски систем поради тоа што продолжува да работи во Русија, јавија дел од американските медиуми. Од извори во владата се дознава дека писмото, испратено на 6 мај од страна на заменик – министерот за финансии […]

„Тесла“ ќе отпушти 600 вработени во Калифорнија


Производителот на електрични возила „Тесла“ најави отпуштање на уште околу 600 вработени во своите производствени капацитети и инженерски канцеларии во американската сојузна држава Калифорнија. Си-Ен-Би-Си објави дека компанијата има проблем со намалувањето на побарувачката за електрични возила и зголемената конкуренција, поради што компанијата ќе започне со намалување на бројот на работни места. Последниот бран отпуштања […]

Трамп „ќе стави крај на електричните возила“ ако нафтените гиганти му дадат милијарда долари?


Доналд Трамп се обидува да освои што повеќе поддржувачи пред претседателските избори во САД, а последни во низата чии симпатии се обиде да ги освои се нафтените гиганти. Трамп, кој повторно се кандидираше за претседател, наводно им ветил на шефовите на големите нафтени компании дека „ќе стави крај на електричните автомобили“ доколку донираат милијарда долари […]

Ѓоковиќ пред Ролан Гарос ги изненади сите со својата одлука, направи потег кој не го направил од 2017 година


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе учествува на АТП 250 турнирот во Женева, кој започнува в недела, а овој прилично неочекуван потег го направи бидејќи сака дополнително да ја подобри формата пред Ролан Гарос. Најдобриот светски тенисер ја прифати поканата на организаторите на турнирот и ќе настапи на турнирот од серијата 250 што се одржува од […]

Јувентус го отпушти Алегри


Јувентус и официјално го отпушти тренерот на тимот, Масимилијано Алегри, соопштија од клубот. Како причина „старата дама“ ги наведува постапките на тренерот по финалето на Купот на Италија, кое беше добиено против Аталанта. Тренерот ги загуби нервите по успехот на тимот во средата и влезе во отворен конфликт, прво со судиите на натпреварот, потоа со […]

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол


Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето , поставува ексклузивна дигитална поставка, насловена како « Livelyyy », на францускиот уметник Гијомит. Муралот ќе биде поставен покрај главниот влез на Ист Гејт Мол и претставува прва дигитална интерактивна изложба – од вкупно три – кои ќе бидат отворени за посетителите. Изложбата ќе биде отворена од сабота 18 […]

Пчеларници вклучени во туристичка понуда во Тиквешијата


Пчеларници од Тиквешијата се вклучени во туристичката понуда на регионот, денеска во кавадаречко дојдоа и првите домашни и странски туристи. Ова попладнево го потврдија за МИА, пчеларите Игор Најдов и Блаже Наумов. – Туристите официјално го посетија пчеларникот на Наумов во селото Сопот. Имаше гости од Македонија, Франција, Холандија, Англија. Посетата на пчеларникот, со презентација, […]

Јована Филиповиќ со ново студио, женствено и функционално како нејзините креации (фото)


Дизајнерката Јована Филиповиќ за која се бара покана повеќе на ревиите во Скопје, за 10 годишниот јубилеј на нејзиниот препознатлив бренд ЈФ се „почести“ со ново модно ателје во центарот на Скопје. Вели, дека новиот простор од 110 метри квдратни е по нејзин мерак, како го замислувала цел живот.  Модното ателје на омилената дизајнерка на […]

Мицкоски на средба со „Македонија 2025“: Следува забрзан економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните


Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Гордана Кочоска Димитриеска, членовите на ИК Сања Божиновска и Трајко Славески, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и Зоран Ставрески, оствари средба со раководството на Македонија 2025. Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата била потенцирана потребата од забрзан економски развој и трансформација на државата, за што претседателот […]

Советот на Европа усвои правно обврзувачки меѓународен договор за вештачка интелигенција


Советот на Европа денеска го усвои првиот правно обврзувачки меѓународен договор за вештачка интелигенција. Договорот вклучува барања за транспарентност и идентификација на содржината. „Договорот, кој е отворен за потпишување и од неевропските земји, воспоставува правна рамка што се применува во текот на целиот животен циклус на системите за вештачка интелигенција што овие системи можат да […]

ИЈЗ: Нови 44 случаи на голема кашлица, вкупната бројка на заболени достигна 597


Од 10 до 16 мај пријавени се 44 нови случаи на голема кашлица во државава, со зголемување од трипати споредено со претходниот седмодневен период. Заклучно со 16 мај во државава се регистрирани вкупно 597 случаи на голема кашлица, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево. Во однос на географската […]

Рамиз Мерко доби ново обвинение


Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни предлози за кривични дела – Несовесно работење во службата од 353-в и продолжено кривично дело – Фалсификување исправа според член 378 од Кривичниот законик, а поврзани со работата на училишта на територијата на општина Струга. Во првиот предмет обвинети се четири лица. Првообвинетата – наставник по француски јазик […]

(Видео) Северна Италија зафатена од поплави по силниот дожд


Невремето и обилните дождови предизвикаа поплави во многу делови на северна Италија, а особено се погодени градовите Падова и Виченца, пишува Би-би-си. Службите за итни случаи користат гумени чамци за да ги спасат луѓето од нивните домови, а на снимката се гледаат автомобили како пливаат по улиците. Гувернерот на провинцијата Венето ги опиша временските услови […]

(ВИДЕО) Тино и Атанас во кампањата „Вдоми бидејќи животот е поубав со куче“


Актерите Тино Костадиновски и Атанасовски Атанас се вклучија во кампањата на „Лајка„: Вдоми затоа што животот е поубав со куче. Тие снимија видео со две кучиња кои подолго време живеат во стационарот. – Рамбо и Џанго се околу една година наши неразделни станари кои пристигнаа во нашето прифатилиште по смртта на нивниот сопственик со кого […]

Управниот суд ја одби тужбата на „Европскиот фронт“ за гласањето во Крушево


  Управниот суд ja одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1194  во Општина Крушево на парламентарните избори. Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување во тоа избирачко место влијае на конечните изборни резултати, ДИК треба […]

Отворен првиот „Саем на средни училишта на Град Скопје “ на плоштад Македонија


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на Плоштад Македонија ја отвори манифестацијата „Саем на средни училишта на Град Скопје“, кој се реализира за првпат со цел промоција на градските средни училишта и презентација на нивните наставни планови и програми.  Горди сме што имаме 23 скопски средни училишта кои продуцираат квалитетни, добри, професионални млади кадри […]