Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2024/05/livelyyy_guillaumit_credit_guillaumit-800x400-1.jpg)
Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето , поставува ексклузивна дигитална поставка, насловена како « Livelyyy », на францускиот уметник Гијомит.
Муралот ќе биде поставен покрај главниот влез на Ист Гејт Мол и претставува прва дигитална интерактивна изложба – од вкупно три – кои ќе бидат отворени за посетителите.
Изложбата ќе биде отворена од сабота 18 мај до сабота 1 јуни 2024 година.
Огромниот мурал „заживува“ во уште поголем 3Д универзум преку апликација за зголемена реалност наменета за мобилни уреди. А во тој волшебен свет се пристапува до интерактивна видео игра во која посетителот станува „градинар“, којшто треба да се погрижи за живиот свет и животната средина.