Ново детско катче и простор за одмор на улицата „Ѓорѓи Димитров” во Општина Кисела Вода


 Во Општина Кисела Вода, на улицата „Ѓорѓи Димитров” ​е отворено ново детско катче. Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, има и терен за мал фудбал, а просторот е дополнет со урбана опрема и зеленило што овозможува одмор и дружење и за повозрасните. -Се работи за ново детско катче, нова урбана опрема, клупи, нова подлога и игралиште за […]

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ? Објавена е студија


Германија би претрпела сериозна економска штета доколку ја напушти Европската унија, пишуваат истражувачите од Германскиот економски институт (IW) во извештајот што го виде германската новинска агенција Дпа. Напуштањето на ЕУ, пишуваат економистите во нивната анализа, „ќе доведе до сериозна економска криза и долгорочно губење на просперитетот за населението во Германија“. Екстремно десничарската партија Алтернатива за […]

Договорот од Преспа и билатералните односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција


Изјавите на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Договорот од Преспа, ЕУ перспективата на земјава, како и билатералните односи, продолжуваат и понатаму да се актуелни во Грција, а денеска се и на насловните страници на неделните изданија на весниците, јави дописничката на МИА од Атина. Доколку се направи анализа, речиси […]

Инцидент со хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран, Раиси. Еве што се случило


По веста објавена од Иранската државна телевизија дека хеликоптерот, со кој патувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“ на терен се упатени 16 спасувачки тимови и беспилотни летала. Според новинската агенција Мехр операцијата за пребарување и спасување ќе потрае извесно време поради непроодноста на теренот, планинските и шумските услови, како и неповолните временски […]

Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје


Велешанец при собирање печурки почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед,  од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје. – Во СВР Велес вчера во 11 часот,  63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес […]

Загина еден од најдобрите украински пилоти


Украинската армија извести дека го загубила еден од најдобрите пилоти, потполковникот Денис Васиљук. Тој беше и началник на Генералштабот и прв командант на авијациската ескадрила на 831-та тактичка авијациска бригада, која ја објави веста за неговата смрт во борбена задача. Зад него имаше бројни мисии против руската војска, а тој беше носител на Орден за […]

Мицкоски по прегласувањето во ИЕ 5 очекува мнозинство од 62 пратеника


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по прегласувањето во изборната единици 5 очекува обезбедување мнозинство од 62 пратеника во Парламентот. Како што изјави денеска во своето обраќање во делчевското село Разловци, каде присуствуваше на одбележување на годишнината од Разловечкото востание, ова е историска можност за државата. -Фокусирајќи се на народот, имаме навистина би рекол една историска […]

Зеленски го отфрли предлогот на Макрон за олимписко примирје


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за примирје во војната меѓу Украина и Русија за време на Летните олимписки игри во Париз. Русија би го искористила секое суспендирање на непријателствата за да ја притисне својата воена предност, рече Зеленски во петокот во интервју за агенцијата Франс прес. „Да бидеме […]

В. Британија ќе плати милијарди фунти отштета за лицата лекувани со крв заразена со ХИВ или хепатитис Ц


Британија ќе плати повеќе од 12,7 милијарди долари како компензација на илјадници пациенти во 1970-тите и 1980-тите кои биле лекувани со крв заразена со ХИВ или хепатитис Ц, објави во неделата Сандеј Тајмс. Скандалот со употребата на контаминирана крв и крвни продукти се смета за една од најголемите грешки во третманот на пациентите во историјата […]

Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект


Стабилна е состојбата на 56 годишниот маж кој вчера попладне се здоби со тешки телесни повреди во лифтот во угостителски објект во Штип. Надлежните во Клиничка болница- Штип информираат дека е примен со скршеници на пршлените и е хоспитализиран на oдделението за ортопедија во штипската Клинничка болница. Неговиот колега, 71 годишниот пензиониран кувар им подлегна […]

Мицотакис ја повика Сиљановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки


Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку интервјуто за неделното издание на солунскиот весник „Македонија“, ја повика новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова „да избегне слични нелегални и провокативни“ избори и порача дека ратификацијата на трите меморандуми зависи и од тоа колку другата страна ќе се покаже доследна до меѓународните обврски, јави дописничката на МИА од Атина.  -Новата […]

Фјури побара реванш, Усик прифати


Британскиот боксер Тајсон Фјури, по поразот од Украинецот Олександр Усик во главниот меч на боксерската вечер во Ријад, потсети на клаузулата во договорот која предвидува реванш. По објавувањето на резултатот, боксерите разговараа за одржување на реванш во октомври.  Усик, кој стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век, одговори: „Подготвен сум“. За […]

Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан


Иран планира да ја запре илегалната имиграција од Авганистан. Затоа планира да изгради ѕид на границата, пишува Дојче веле. Бетонскиот ѕид треба да биде долг 74 километри, висок четири метри, а дополнително ќе биде обезбеден со бодликава жица. Предвидено е да се гради на североистокот на Иран, каде што голем број луѓе илегално ја минуваат […]

Државјанин на Северна Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба во дом на Пелопонез


Државјанин на Северна Македонија, кој издржувал затворска казна, но по добиената неколкудневна дозвола за излез пред три месеци, не се вратил во затвор, уапсен е во централниот дел на Пелопонез по извршена кражба во дом заедно со уште едно лице, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за 45-годишен маж со „богато“ криминално досие […]

На Дунав кај Будимпешта се судрија крузер и чамец, две лица го загинаа, пет се исчезнати


Две лица го загубија животот доцна синоќа, а пет се водат за исчезнати во судар на мал моторен чамец и крузер на реката Дунав северно од Будимпешта, соопшти денеска унгарската полиција. Телата на возрасен маж и жена се пронајдени северно од главниот град, а властите се уште трагаат по пет исчезнати лица. Сома Чечи, портпарол […]

Србија го одобри договорот со зетот на Трамп, Џаред Кушнер, за хотелскиот комплекс


Српската влада го одобри договорот со Џаред Кушнер со планови за изградба на луксузен хотел на местото на поранешното Министерство за одбрана во Белград, што ќе му овозможи да работи директно со европска земја, додека неговиот свекор Доналд Трамп се бори да се врати во Белата куќа, пишува Њујорк тајмс, пренесеува Банкар.ме. Кушнер спроведува хотелски […]

Земјите од ЕУ губат и до 15 милијарди евра годишно поради фалсификувани производи


Поради фалсификувани производи и пиратерија, земјите од ЕУ губат до 15 милијарди евра годишно. На ниво на Европската унија, фалсификуваните производи сочинуваат речиси 7 отсто од сите производи увезени од трети земји. Хрватската Царинска управа лани регистрирала влез на 635 фалсификувани производи со вредност од над 4 милиони и 200 илјади евра, јави ХРТ. Европските […]

Синтеза на старо со ново: Концерт „Македонска – турска рапсодија“ во Даут пашин амам


Во организација на новоформираната Национална установа Центар за култура на турската заедница во Република Северна Македонија – Скопје, синоќа во  Даут пашин амам се одржа концертот насловен „Македонска – турска рапсодија“ со познатиот домашен музичар – канунист  Џенгиз Ибрахим. Музичките изведби на концертот, како што се анведува во соопштението од НУ Центар за култура на […]

Преодно стабилизирање на времето се очекува во петок


До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските […]

Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност


Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер Роберт Калинак за словачката новинска агенција ТАСР. Состојбата на Фицо се подобрува и вчера беше соопштено дека е стабилизирана, според министерката за здравство Зузана Долинкова. Лекарската комисија утре треба да одлучи дали тој ќе биде […]