Шок за шампионите. Денвер Нагетс на Јокиќ се надвор од НБА плеј-офот


Кошаркарите на Денвер Нагетс се поразени на свој терен во седмиот натпревар од конференциското полуфинале на Западната конференција на НБА лигата од Минесота Тимбервулвс. Конечните 98:90 за гостинскиот тим значат и дека Никола Јокиќ и шампионите од минатата сезона се простија од плеј-офот. Минесота заостануваше со 15 поени на полувремето, заостануваше со 20 поени во […]

Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, […]

Промоција на хибридната инклузивна сликовница „Шарени ириси“


Во рамки на првото издание на Фестивалот за литература и општа култура „Видик“ вечер ќе биде промовирана новатата хибридна инклузивна сликовница на кирилско писмо и на Брајова азбука „Шарени ириси“, во издание на „Арс Ламина“. Tекстот е на Јована Матевска Атанасова, а за акварелните илустрации се погрижи Симонида Филипова Китановска. Сликовницата е и за лица […]

Иранскиот претседател Раиси загина во хеликоптерска несреќа


Сите девет лица во хеликоптерот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој се урна во северозападниот дел на земјата загинаа, јави иранската државна новинска агенција ИРНА и државната телевизија. Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан се меѓу деветте загинати, пренесува ДПА. No trace of survivors at site of Iranian president’s copter crash: IRSC […]

Поради поставување водоводен приклучок без вода неколку улици во Козле


 Поради водоводен приклучок од ф 80мм на ул. „Милан Марковиќ бр. 7 без вода денеска ќе бидат корисниците од оваа и од улиците „Милан Марковиќ“, „Копачка“, „Пијанец“, „Крчин“, како и дел од улиците „Козле“ и „Леринска“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување […]

Одбележување на Денот на македонските пожарникари – 20 Мај


Во Противпожарната бригада на Град Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на македонските пожарникари – 20 Мај. – На 20 Мај, Денот на македонските пожарникари, им оддаваме поддршка и признание на пожарникарите кои секојдневно даваат максимални напори со цел да го заштитат нашиот град и нашата безбедност. Ја изразуваме нашата благодарност на пожарникарите од Противпожарната […]

Македонско-српски лингвистички средби


„Македонско-српски лингвистички средби“ ќе се одржуваат денеска и утре во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.  Орагнизатори на средбите се Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во соработка со Институтот за српски јазик при САНУ. Според програмата, денеска ќе бидат презентирани проектите: „Етимолошки речник на македонскиот јазик“, претставен од проф. д-р Гоце Цветановски; […]

Променливо облачно со повремен дожд, попладне услови за краткотрајно невреме


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16, а максималната од 22 […]

УКИМ ги одбележува 75-годишниот јубилеј и Денот на Кирил и Методиј


 Од денеска до 23 мај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира свечености по повод 75-годишнината од основањето. Претпладнево, во 11 часот, во Ректоратот ќе бидат доделени наградите на надјобрите дипломирани студенти за учебната 2022/2023 година и наградата „26 јули“ од средствата на Фондацијата „Франк Манинг“ за учебната 2022/2023 година. За утре вечер е предвидена Свечена […]

Временските услови ја отежнуваат потрагата по хеликоптерот на Раиси


Потрагата по паднатиот хеликоптер со кој се патуваше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е отежната од густата магла, обилните врнежи од дожд, силниот ветер, како и темнината. Се очекува температурата да се спушти под нула степени. Претходно, командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Источен Азербејџан, Асгар Абасголизадех изјави дека ИРЦГ откриле сигнал од […]

Идентификувана точната локација на падот на хеликоптерот Раиси


Командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Источен Азербејџан, Асгар Абасголизадех изјави дека ИРЦГ откриле сигнал од хеликоптерот и од мобилен телефон на еден од екипажот на местото на инцидентот. – Во моментов, заминуваме со сите воени сили во областа и се надевам дека ќе им дадеме добри вести на луѓето, посочи Абасголизадех […]

Шпанија го отповика амбасадорот откако аргентинскиот претседател ја нарече сопругата на шпанскиот премиер „корумпирана“


Шпанија го отповика својот амбасадор во Буенос Аирес на консултации во неделата, откако аргентинскиот претседател Хавиер Милеи даде погрдни коментари за сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез за време на десничарскиот митинг во Мадрид. Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес во изјавата исто така рече дека Мадрид бара јавно извинување од Милеи, по […]

Фрагмент од комета го осветли небото над Шпанија и Португалија (видео)


Блескав фрагмент од комета синоќа ненадејно го осветли небото над делови од Шпанија и Португалија, соопшти Европската вселенска агенција (ESA), а човек од Лисабон им кажа на новинарите дека глетката направила да „се чувствувал како филм“. Во неделата наутро, X платформата на ESA сподели видео снимено од сопствената камера од „многу светол метеор“ на небото […]

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија


Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали. Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, […]

САД разочарани што Сиљановска-Давкова не го користеше уставното име


САД го поддржуваат Преспанскиот договор со Грција и беа разочарани што претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не го користеше уставното име Северна Македонија при инаугурацијата на функцијата, рече во разговор за „Сакам да кажам.мк“ Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и односи со јавноста на Стејт департментот. Ален денеска со посетата на Македонија ја заврши турнејата низ […]

Манчестер Сити ја освои рекордната четврта последователна титула


Манчестер Сити победи со 3:1 против Вест Хем во последното коло од Премиер лигата. Во последното, 38. коло од англиската Премиер лига, Манчестер Сити победи со 3:1 на „Етихад“ против Вест Хем Јунајтед, освојувајќи ја рекордната четврта последователна титула. Нецели две минути тлееше надежта на навивачите на Арсенал, кои мораше да бидат подобри од Евертон. […]

Верстапен победи на Големата награда на Емилија Ромања


Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, го освои првото место на трката за Големата награда на Емилија-Ромања. Холанѓанецот по трет пат во кариерата освои етапа во Имола, тој исто така победи тука во 2021 и 2022 година. Втор заврши возачот на Мекларен, Ландо Норис, за кого ова беше трет подиум по ред. Британецот загуби од […]

Ѓорческа на стартот од квалификациите на Ролан Гарос против Рувруа


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во следната недела ја очекува настап на квалификациите на Ролан Гарос. На денешната ждепка за квалификациите македонската тенисерка за противничка во првото квалификациско коло ја доби домашната тенисерка Французинката Марго Рувруа. Рувруа има 23 години и се наоѓа на 277. место на ВТА листата и во квалификациите настапува со вајлд […]

Детектор: Секој трет размислува да се исели од Македонија


Секој трет човек во Македонија размислува да се исели од државата, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 32,3% од анкетираните рекле дека размислуваат или некогаш размислувале да се иселат од државата додека 63,6% не размислувале на оваа тема. Иако не се големи разликите, […]

ИРНА: Сè уште се трага по хеликоптерот


Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше принуден да изврши „тврдо слетување“ во планинскиот регион во северозападниот дел на Иран. Инцидентот се случи денеска во шумата Дизмар помеѓу градовите Варзакан и Џолфа во иранската провинција Источен Азербејџан. Раиси […]