Шах: Коскоска се врати на тронот, Тони Лазов првпат до титулата


Женскиот интернационален мајстор Габриела Коскоска по неколкугодишна пауза им се врати на настапите во поединечна конкуренција, откако минативе неколку години настапуваше само на екипните првенства. Иако конкуренцијата беше сочинета, главно, од помладите, Коскоска во 9 партии освои 8 бода, односно 7 победи и во два наврата ремизираше и триумфираше пред Леа Ефтовска и пред Моника […]

Сиљановска Давкова на спектаклот „Валкира“: Културната дипломатија е помоќна од традиционалната 


Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на настапот на Софиската опера и балет во Скопје, јави БГНЕС. Сиљановска на првото појавување во јавноста ја следеше бугарската изведба на операта „Валкира“ („Die Walküre“) од германскиот композитор Рихард Вагнер. Пред тоа таа се сретна со директорот на софиската опера и балет, Пламен Карталов. Сиљановска рече дека културната дипломатија […]

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка


Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж утре ќе дознае дали е изгубена неговата 13-годишна правна битка против екстрадицијата од Велика Британија во САД, каде што е обвинет за шпионажа. Двајца судии на Високиот суд во Лондон утре ќе одлучат дали британскиот суд ги прифаќа гаранциите од Вашингтон дека Асанж (52) нема да се соочи со смртна […]

Вучиќ оди во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека утре ќе отпатува за Њујорк, каде со делегацијата ќе се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница, која наредната недела е на дневен ред на Генералното собрание на ОН, а амандманите кои Црна Гора ги поднесе на резолуцијата ги нарече „валкана игра“. „Утре одиме во Њујорк, четири до […]

Шестмесечниот ЕУРИБОР на најниско ниво во последната година


Шестмесечниот ЕУРИБОР (каматната стапка на европскиот меѓубанкарски пазар) моментално изнесува 3,79 отсто, што е најниско од јуни минатата година. За разлика од Њујорк, европските берзански индекси беа главно неактивни минатата недела. Речиси половина од компаниите вклучени во индексот STOXX 600 веќе ги објавија своите квартални резултати. Повеќе од 60 проценти ги надминаа очекувањата, што е […]

Судот во Санкт Петербург нареди заплена на имотот на Дојче банк и на Уникредит во Русија


Дојче банк ќе мора да ги предаде сите средства што ги поседува во Русија, според одлуката на судот во Санкт Петербург.  Повод за ваквата објава на судот е тужбата што ја покрена Рускемалајанс (RusChemAlliance), компанија во која рускиот нафтен гигант Гаспром има 50 отсто сопственост. Рускемалајанс ја тужеше Дојче банк затоа што раководителите на банката […]

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите, но нема да го сторите тоа


Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите, но нема да го сторите тоа, бидејќи Договорот е она што го посакувавте како партија, му порача лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и воедно му посочи дека им должи извинување на народот, на Ципрас и на […]

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд


Поројниот дожд во текот на изминатото деноноќие предизвикал поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Регионалниот ЦУК Охрид известил дека добиле пријави од граѓани за поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“, во Охрид. Од страна […]

Арнаудова – Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање


Преку стратешки пристап и преземање на низа мерки, Народната банка претставува активен чинител кон создавање зелена и одржлива економија. „Препознавајќи го значењето на климатските ризици, Народната банка досега презеде повеќе активности за зголемување на свесноста за последиците од климатските промени, а со мерките за континуирано јакнење на отпорноста на банкарскиот систем, се придонесува и кон […]

Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз на медицински прегледи поради висока температура и болки во зглобовите


Кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз (88) денеска ќе биде подложен на медицински прегледи поради висока температура и болки во зглобовите, објавија државните медиуми. Кралот на Саудиска Арабија ќе биде подложен на прегледи во Кралската клиника во палатата Ал Салам во пристанишниот град Џеда на Црвеното Море, објави државната саудиска новинска агенција. Како што […]

Првата официјална посета на Сиљановска Давкова во странство ќе биде Ватикан и Рим


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова првата официјална посета во странство ќе ја реализира во Ватикан и во Рим, каде што ќе ја предводи државно црковната делегација за чествувањето на Св. Кирил и Методиј. На 23 мај претседателката ќе има аудиенција кај Папата Франциско, а потоа и со генералниот секретар за односи со државите на Ватикан. Чествувањето […]

Таравари за РТК: Во новата влада шест министри и претседател на Собранието ќе бидат Албанци


Новата Влада на Северна Македонија ќе ја предводат Албанците со шест министри и претседателот на Собранието, изјави за РТК Арбен Таравари од коалицијата ВЛЕН, пренесе порталот Косово онлајн. „Верувам дека една од трите главни функции на државата, односно претседателот на парламентот, ќе продолжи да биде Албанец и значителен број министри, особено за оние области каде […]

Бештел: Со иновативни активности и содржини Францускиот институт подготвен за предизвиците на дигиталната ера


Францускиот институт е најстарата странска институција која што е присутна тука во Скопје и во Северна Македонија. Тоа е знак на долготрајното пријателство кое ги поврзува Франција и Северна Македонија. Нам ни припаѓа како улога таа соработка да еволуира и затоа во нашата програма насочена кон младите содржани се иновативни дигитални активности, поле каде Франција […]

Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија


Украина ги уништи сите 37 беспилотни летала лансирани синоќа од Русија против цели на многу места во земјата, соопшти украинското воздухопловство. Во соопштението се наведува дека уништените беспилотни летала „Шахед“ биле насочени кон главниот град Киев и украинските градови Одеса, Миколаив, Суми и Виница, како и цели во регионите Житомир, Черкаси и Херсон. 

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика


РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар и најголем дел од стопанството добива електрична енергија од РЕС, објави Регулаторната комисија за енергетика. РЕС (Renewable Energy Supply) сам држи речиси една третина од пазарот, а останатиот дел го делат други 20 снабдувачи. Во 2023 година РЕС продал 609.771 MWh електрична енергија, или 28,84% од вкупната енергија на слободниот пазар, додека […]

Франција започна голема операција во Нова Каледонија, вклучени повеќе од 600 жандарми


Франција започна голема операција во која се вклучени повеќе од 600 жандарми за целосно враќање на контролата на патот меѓу главниот град на Нова Каледонија Нумеа и аеродромот на француската прекуморска територија, каде шест лица загинаа во немири. Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен, доцна синоќа на платформата Икс објави дека во Нова Каледонија […]

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја


Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и  Ѓорче Петров. Како што соопшти РЦУК – Скопје, без струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците на дел од село Долно Лисиче, реонот околу чаталот, ул.10 во општина Аеродром, од 10:30 до 14:30 часот дел од улица 16, на […]

Најмногу дожд во Охрид, 38 литри на метар квадратен


Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Охрид, 38 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролшки работи. Според мерењата утрово во 8:30 часот, 27 литри на метар квадратен наврнало во Маврови Анови, 23 во Крушево, 17 во Лазарополе, 16 во Штип и Пожаране, 15 во Виница, 14 во Попова Шапка, 13 во Битола […]

Украина побарала помош од САД за напади на територијата на Русија


Украина се обратила до администрацијата на претседателот Џо Бајден со барање за помош да се лоцираат цели во Русија врз кои Киев би можел да нанесе удари со сопствено оружје, соопшти синоќа „Волстрит журнал“ повикувајќи се на извори во Белата куќа. -Ти ги замолија (САД) за помош да се нанесат удари во Русија. Стануваше збор […]

Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век


Украинскиот боксер Олександар Усик го победи Британецот Тајсон Фјури во главната борба на боксерската вечер во Ријад и ја освои титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија.  Борбата траеше сите 12 рунди. Судиите со поделена одлука му ја доделија победата на Украинецот – 115:112, 113:114, 114:113. Триесет и седумгодишниот Усик стана првиот неприкосновен светски шампион […]