Ново детско катче и простор за одмор на улицата „Ѓорѓи Димитров” во Општина Кисела Вода


 Во Општина Кисела Вода, на улицата „Ѓорѓи Димитров” ​е отворено ново детско катче.

Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, има и терен за мал фудбал, а просторот е дополнет со урбана опрема и зеленило што овозможува одмор и дружење и за повозрасните.

-Се работи за ново детско катче, нова урбана опрема, клупи, нова подлога и игралиште за мал фудбал со вештачка трева. Најмладите наши жители, за нивната детска игра непречено да тече, добиваат ново детско катче и терен за фудбал, а повозрасните генерации ќе можат да уживаат во зеленилото и урбаната опрема која ја нуди ова место. Сето ова, хортикултурно уредено за да естетски изгледа уште поубаво овој парк. Мојот народ од овој дел на Кисела Вода добива реконструирано катче каде ќе можат да се сретнат, да одморат, да се рекреираат или едноставно да уживаат на отворено. Промените се случуваат и продолжуваат секој ден, нема запирање, рече Ѓорѓиевски.