Фотографии од местото на падот на хеликоптерот на претседателот на Иран


  Фотографиите од местото на падот на хеликоптерот со кој се превезуваше претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, и министерот за надворешни работи покажуваат дека навистина се работи за прилично непристапен терен во планините на провинцијата Источен Азербејџан. Исклучително густата магла е веројатно една од причините за падот на хеликоптерот, но таа ги попречи и спасувачките […]

До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи


Долж Повардарието утре ќе дува засилен ветер. До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен […]

Жена со нож влетала во училиште и убила две лица во Кина


Две лица загинаа, а 10 се ранети во напад со нож во основно училиште во Кина, соопшти полицијата. Засега не се знае дали меѓу жртвите има и деца. Нападот се случил околу пладне по локално време во училиште во градот Гуиси во провинцијата Џиангси, јавува Би-би-си. Полицијата соопшти дека нападот го извршила 45-годишна жена, која употребила […]

Во Вашингтон почнува Трансатлантски економски форум на Југоисточна Европа


Во американскиот Конгрес во Вашингтон денеска почнува дводневната конференција „Трансатлантски економски форум на Југоисточна Европа“, чија цел е зајакнување на соработката меѓу Соединетите Американски Држави и земјите од регионот на Западен Балкан, соопшти Институтот за политика и економија на Југоисточна Европа. Конференцијата ја организираат Трансатлантската лидерска мрежа и Европскиот центар на Атлантскиот совет од Вашингтон, […]

Дали е ова најдобрата фудбалска работа во светот? Гледа дуели, освојува трофеи и заработува милиони


Третиот голман на Манчестер Сити, Скот Карсон, на шега велат дека ја има најдобрата работа во светот на фудбалот, но ако се погледне се што му донесе преселбата на Етихад во 2021 година, се чини дека таквата изјава не е далеку од вистината.  Скот Карсон (38) трајно пристигна во Манчестер Сити во 2021 година за […]

20 мај во историјата – Леви Штраус и Џејкоб Дејвис добија патент за сини фармерки


  На 20 мај 1873 година, бизнисменот од Сан Франциско Леви Штраус и кројачот Џејкоб Дејвис од Рено, Невада, добија патент да создадат работни панталони засилени со метални нитни, означувајќи го раѓањето на една од најпознатите облеки во светот: сините фармерки. Во Сан Франциско, Штраус основал бизнис со суви производи на големо под свое име […]

Кина возврати, ќе им забрани на американски компании да тргуваат во земјата


Кинеското Министерство за трговија објави денеска дека ќе им забрани на некои американски компании да имаат увозни и извозни активности поврзани со Кина, вклучително и продажба на оружје на Тајван, и ќе им забрани нови инвестиции во Кина. Министерството го стави General Atomics Aeronautical Systems на својата листа на недоверливи ентитети бидејќи компанијата продавала оружје […]

„Златно“ време за бакарот: Цените за прв пат надминаа 11.000 долари за тон


Бакарот се искачи на своето највисоко ниво досега, продолжувајќи го силниот, повеќемесечен пораст поттикнат од финансиските инвеститори кои се натрупуваат на пазарот во очекување на продлабочување на недостигот на понуда. Фјучерсите на Лондонската берза за метали скокнаа за повеќе од 4 отсто во почетокот на тргувањето во понеделникот, со што бакарот за прв пат го […]

Велосипедист прегазен на Средно Водно


36-годишен велосипедист е тешко повреден откако бил прегазен на пат на Средно Водно. – На 19.05.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат на Средно Водно во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(63) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.М.(36) од Нераште. Во несреќата […]

Хамнеи прогласи петдневна жалост во Иран по смртта на Раиси


Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска прогласи петдневна национална жалост поради смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој загина во хеликоптерска несреќа. Хамнеи претходно изјави дека првиот потпретседател на Иран Мохамед Мохбер е одговорен за извршната власт и оти има рок од 50 дена за одржување претседателски избори. Според Уставот, во случај на […]

20 години Fashion Group – како прославата се претвори во журка со Влатко и Џибони


Најдоброто од модата, бизнис секторот и музиката се спои синоќа, на големата прослава на најпознатата македонска retail компанија Fashion Group – 20 години од почетоците на омилената стилска приказна во Македонија, која беше чист луксуз и оригиналност, на најубавата гала локација со поглед на Скопје – во винаријата „Камник“.  Прославата, беше замислена како бајка. Дотераните […]

Кавадарчанец му се заканувал на градоначалникот


Лишен од слобода е кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот, оваа информација денеска ја потврдија од МВР за МИА.  – Синоќа во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани. Тој е […]

Лани во светот имало 168 пријави за загуба или кражба на радиоактивен материјал


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) апелира за подобра заштита на радиоактивниот материјал за време на транспортот, бидејќи се евидентирани голем број загуби или кражби. Минатата година, 31 земја пријавиле вкупно 168 случаи на кражба или губење на радиоактивен материјал. Ова го соопшти МААЕ во понеделникот, на почетокот на конференцијата за нуклеарна безбедност во Виена. […]

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена


Подгответе ги велосипедите, тротинетите, ролерките и другите еколошки превозни средства бидејќи на 2 јуни (недела) од 11 часот по осми пат ќе се одржи најмасовниот ревијален настан на тркала „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД – Скопје. Центарот на Скопје повторно ќе биде преплавен со најразлични видови превозни средства кои не ја загадуваат животната […]

Телескопот „Џејмс Веб“ ја прикажа маглината Орион во неверојатно ново светло


Истражувачите од американската вселенска агенција НАСА објавија нови неверојатни фотографии од маглината Орион направени со телескопот Џејмс Веб. Како што е познато, Џејмс Веб е најмоќниот телескоп во историјата, кој постојано снима нови откритија. Некои од нив се однесуваат и на маглината Орион, односно нејзините сложени детали. Маглината Орион е видлива со голо око на […]

Адвокатска комора: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права


Адвокатската комора денеска преку соопштение до медиумите реагира на Членот 368 од Законот за облигациони односи, за кој семта дека е дискриминирачки и спротивен на Уставот. Од комората сметаат дека со измените се наруши правниот ред и поредок, се поттикна финансиска недисциплина, при што должниците се ставија во привилегирана положба, наспроти доверителите, а се наруши […]

Новиот скап проект на Копола „Мегалополис“ ја подели критиката


Лос Анџелес – Самофинансираната научно-фантастична сага на Френсис Форд Копола, „Мегалополис“ имаше премиера на Канскиот филмски фестивал оваа недела, па избрана група новинари и критичари од повеќе краишта на светот имаа можност меѓу првите да го погледнат проектот којшто легендарниот режисер помина речиси половина век во изработка. Филмот официјално е опишан како „римски еп и […]

Дали е доведено во прашање членството на ВМРО-ДПМНЕ во ЕПП?


  Постизборните настани може да им донесат неочекувани неволји на победниците од ВМРО-ДПМНЕ. Особено на европски план. Одбивањето на новата претседателка на државата да го изговори уставното име при положувањето на заклетвата предизвика прилично студени реакции не само во ЕУ и Берлин, туку и во Европската народна партија (ЕПП), чија членка е ВМРО-ДПМНЕ. И тоа […]

„Кумот“ на вештачката интелигенција ја повика државата да му дава пари на секој граѓанин


Компјутерскиот инженер Џефри Хинтон е „кум“ на вештачката интелигенција кој верува дека владите ќе мора да овозможат универзален основен приход како реакција на нееднаквоста предизвикана од вештачката интелигенција. Во интервју за Би-би-си, тој објасни зошто смета дека властите треба да даваат пари на секој граѓанин. Како причина за ова, тој истакна дека очекува вештачката интелигенција […]

Јазбец: Полесно е да се донесе меѓународен договор отколку да се смени


„Во принцип во политиката секоја промена е добра бидејќи треба да донесе нешто ново. Тоа е една работа, а другата, колку што пратев, е оваа новата власт има многу големо мнозинство во собрание. Тоа е добар основ да се забрза европскиот пат и ќе биде полесно ако се продолжи европската политика“, вели Милан Јазбец, поранешен […]