Таравари му се потсмева на Бујар Османи дека станал пишман аџија за Отворен Балкан


Кандидатот за претседател на албанската опозиција, Арбен Таравари, во денешното обраќање на митингот во Желино, меѓу другото, рече дека неговиот противкандидат Бујар Османи сега се сетил да предложи „излез од Отворен Балкан, иницијатива на Вучиќ и поддржана од Лавров“. „Денес слушнав дека станал пишман за Отворен Балкан и дека ќе предложи излез на Македонија од […]

Османи: Нема да има влада без договор за ветинг и сертификат од САД и ЕУ


  Кандидатот за претседател од „Европскиот фронт“ Бујар Османи на денешниот митинг пред граѓаните на Дебар изјави дека немало да се формира влада доколку немало договор за ветинг, а сертификатите за идните политичари да ги издавале САД, ЕУ и НАТО. „Секој што ќе има претензии, да стане министер, директор, судија или обвинител, прво ќе треба […]

Силјановска: Во војската мора да има хиерархија, да ги почитуваме стандардите на НАТО


  Кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова вечерва од Прилеп повика Македонија да се грижи за исполнување на стандардите на НАТО, што е парадокс бидејќи партијата што ја предложи не сакаше да бидат направени уставните измени од Преспанскиот договор за да влеземе во Алијансата. Силјановска додаде дека во војската мора да има хиерархија, што е чудно […]

„Ако сака Мицкоски ќе кажам кои од неговите први соработници беа на прием кај мене“: Пендаровски одговори на прозивките


  Претседателот Стево Пендаровски вечерва му порача од Гази Баба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да се изјасни дали сака да дознае кои од неговите најблиски соработници барале прием кај него, ги примил и да соопшти за што разговарале. Во стандардниот образец на кампањата имаше прашања од граѓаните и тој беше запрашан дали се […]

Реквизитерката на филмот „Rust“ е осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката Хачинс


Хана Гутиерез, која беше задолжена за оружје за вестерн-филмот „Rust“, во понеделникот беше осудена на 18 месеци затвор за смртта на кинематограферката Халина Хачинс, која беше застрелана од актерот Алек Болдвин на сетот на филмот во 2021 година, пренесе Ројтерс. Во март, Гутиерез (27) беше прогласена за виновна за ненамерно убиство поради погрешно ставање вистински […]

„Птици во аквариум; надреализам 1924 – 2024“ може да се продава, одлучи поротата на јавното книжевно судење во Скопје


Не, вечерва, во аулата на Филолошкиот факултет во Скопје, тоа не беше обична промоција на книгата „Птици во аквариум; надреализам 1924 – 2024“, напишана и составена од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ, со предговор на Владимир Јанковски, а објавена од издавачката куќа „Полица“. Тоа беше едно од најсензационалните книжевни настани кај нас,  со која македонската […]

Ковачевски не бара извинување од Силјановска за навредите, ѝ простувал


  Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска во своето обраќање на настанот по повод промоцијата на  Манифестот подготвен од Социјалдемократската младина на Македонија, порача дека го осудува секој говор на омраза особено ако тоа се однесува на жена. Тој се реферираше на инцидентот направен од еден од присутните на митингот на Стево Пндаровски во Куманово. […]

„Не сум анти-Албанец, ниту ксенофоб“: Мицкоски одговара на обвинувањата од ДУИ


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги отфрли обвинувањата од страна на ДУИ дека бил анти-Албанец. Христијан Мицкоски денеска од Крушево изјави дека нападите доаѓале затоа што зборувал за „криминалите на ДУИ“ Тој рече дека на овие избори важно е Али Ахмети и ДУИ да бидат испратени во политичка пензија. „Многумина од раководството на ДУИ ме […]

Израел ќе има „силен“ одговор на Иран, но таков што нема да предизвика поширока војна


  Израел ќе одговори на Воениот кабинет на Израел во понеделникот попладне ја заврши дискусијата за одговорот на државата на огромниот налет на ирански проектили и беспилотни летала, во услови на повици до Ерусалим да биде претпазлив за да не предизвика регионална војна, и објави дека одмазднички потег може да дојде „уште од понеделник“. Во […]

ЕИФ потпиша договори со 11 банки и финансиски посредници во ЗБ со кои ќе се обезбедат 750 милиони евра од кои 60 за Северна Македонија


Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ), дел од Групацијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ), потпиша договори за гаранција за портфолио со 11 банки и финансиски посредници во економиите на Западен Балкан, финансирани во рамките на иницијативата на ЕУ „Гаранција за отпорност на МСП на WB EDIF“. Договорите ќе им овозможат на локалните банки и финансиски институции да […]

Русите сакаат да му го подарат овој град на Путин на Денот на победата, во него останаа 800 луѓе


Следната голема цел на Русија во војната со Украина е заземањето на Часив Јар во регионот на Доњецк. Русите сакаат да го освојат тој град до 9 мај – кога се одбележува советската победа над нацистичка Германија во Втората светска војна – изјави врховниот командант на украинските вооружени сили, Олександр Сирски. Руските сили „се фокусираа […]

Проблематичен во Идризово – префрлен во Штип, таму толпа од 30 лица сакала да го линчува


Зулќуфли Нуредини од селото Батинци, познат во скопското подземје како Мали Репки е главниот актер во настаните што го одбележаа денот кога беа уапсени 17 припадници на затворската полиција во затворот Идризово. „Предметниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица од кои за пет постои основано сомнение дека во текот […]

Двајца повредени во пожар во куќа во Скопје: Oганот се проширил и кај соседите


Вчера околу 18.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Волт Дизни“ во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на Ѓ.Д.(65) од Скопје, а биле зафатени и куќите на А.А.(36) од Скопје, Ф.Е.(55) од Скопје и на Е.Н., која се здобила со повреди и била префрлена во здравствена установа за укажување лекарска помош. Во […]

Виктор Исјановски избран за претседател на Комората за вештаци


 Комората за вештаци денеска одржала основачко собрание, на кое за претседател едногласно бил избран Виктор Исјановски, соопшти Министерството за правда. Со ова, како што посочуваат од Министерството за правда, Комората после осум години повторно стана функционална со што би се решиле проблемите со кои се соочуваат вештаците и унапредување на нивната работа. -Министерството за правда […]

По четири месеци тргнати новогодишните куќарки од плоштадот


По четири месеци тргнати се новогодишните куќарки од плоштадот во Скопје. Градот излезе со објаснување дека новогодишните куќарки не биле новогодишни и дека биле планирани за одржување настани. „Kуќарките на плоштад не се новогодишни, тие имаат повеќе намени и активно се користат за промоција на настани и активности на училиштата во Град Скопје и останати […]

Заврши состанокот на израелскиот Воен кабинет


Израелскиот воен кабинет го заврши состанок на кој се разговараше за одговорот на Израел на иранскиот напад, пренесе телевизијата „Канал 12“. „Канал 12“ објави дека на средбата се разговарало за неколку опции, а секоја од нив е „болен“ одмазднички напад против Иран, но таков што нема да предизвика регионална војна. Воениот кабинет, исто така, има […]

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени за продолжување на патот на земјата кон ЕУ


Евроамбасадорот Дејвид Гир не ја коментира изјавата на претседателскиот кандидат од Европскиот фронт, Бујар Османи дека уставните измени ќе бидат услов за формирање на идна влада, но повторува дека очекува спроведување на овие измени за продолжување на патот на земјата кон ЕУ. Пред почетокот на панел-дискусијата „Патот пред нас: консолидирање на вклученоста на граѓанското општество […]

Остар пад на норвешкиот извоз во март


Норвешкиот извоз во март нагло опадна како одраз на значително намалените испораки на гас, покажа извештајот на норвешкиот Завод за статистика.  Во март извозот е намален за 20,5 отсто во однос на истиот месец лани, а увозот за 23,1 отсто.  Остриот пад на извозот е одраз на значително намалените испораки на гас, за 38,1 отсто […]

Дали Еди Рама навистина го прогласи Отворен Балкан за завршен?


  Изборната битка меѓу политичките ривали во албанскиот блок како една од целта ја има и иницијативата Отворен Балкан. Опозицијата преку Арбен Таравари подолго време бара Македонија да излезе од Отворен Балкан, а денеска, да не остане покус, на тоа се приклучи и Бујар Османи. И двете страни тврдат дека поттик за тоа имаат од […]

Коридорот 8 клучен инфраструктурен проект за Македонија, Албанија и Бугарија


Во организација на Здружението ЕСТИМА, Институтот за соработка и развој од Албанија, и Постојниот секретаријат на транспортната заедница, денеска во ЕУ-Инфо центарот се одржа панел-дискусија на тема „Патот пред нас: консолидирање на вклученоста на граѓанското општество во Економскиот и Инвестицискиот план за Западен Балкан“, на која присутен беше и евроамбасадорот Дејвид Гир. Евроамбасадорот Гир посочи […]