По четири месеци тргнати новогодишните куќарки од плоштадот


Фото: Б. Грданоски

По четири месеци тргнати се новогодишните куќарки од плоштадот во Скопје. Градот излезе со објаснување дека новогодишните куќарки не биле новогодишни и дека биле планирани за одржување настани.

„Kуќарките на плоштад не се новогодишни, тие имаат повеќе намени и активно се користат за промоција на настани и активности на училиштата во Град Скопје и останати институции, планирани во текот на целата година“, соопштија од Град Скопје.

Куќарките веднаш по завршувањето на новогодишните празници престанаа да се користат и само го зафаќаа просторот на плоштадот се до вчера каде со камиони беа однесени, а просторот на градскиот плоштад конечно се ослободи.