Ковачевски не бара извинување од Силјановска за навредите, ѝ простувал


 

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска во своето обраќање на настанот по повод промоцијата на  Манифестот подготвен од Социјалдемократската младина на Македонија, порача дека го осудува секој говор на омраза особено ако тоа се однесува на жена. Тој се реферираше на инцидентот направен од еден од присутните на митингот на Стево Пндаровски во Куманово.

„Силно го осудувам секој говор на омраза кој е искажан од кој било политичар или кое било лице во државата, особено кон жена и сакам да упатам порака тоа повеќе да не се случува“, рече Ковачевски. 

Ковачевски рече дека нема ги коментира навредите од кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, упатени кон него, кога таа рече дека прекарот му бил од женски род.

„За навредите кои ги има упатено кон мене претседателскиот кандидат на ВМРО–ДПМНЕ, нема да прокоментирам ништо, ниту очекувам, ниту барам извинување, од мене ѝ е простено“, рече Димитар Ковачевски.

Ние денес се бориме за младите да имаат подобро утре, подобри услови за живот, а Манифестот на СДММ е креација на младите кои сакааат да ја креираат иднината во европска држава, рече тој за документот на СДММ.

Во однос на мерките што до сега се преземени за младите, Ковачевски потенцираше дека во изминатиот период се потпиша договор за реновирање на сите студентски домови во државата, неколкукратно се зголеми и се израмни висината на стипендиите за студентите.