Заврши состанокот на израелскиот Воен кабинет


Израелскиот воен кабинет го заврши состанок на кој се разговараше за одговорот на Израел на иранскиот напад, пренесе телевизијата „Канал 12“.

„Канал 12“ објави дека на средбата се разговарало за неколку опции, а секоја од нив е „болен“ одмазднички напад против Иран, но таков што нема да предизвика регионална војна.

Воениот кабинет, исто така, има за цел да избере одговор што нема да биде блокиран од САД, соопшти телевизијата.

Израелски извори изјавија за Си-ен-ен дека земјата најверојатно ќе ја одложи инвазијата на Рафа во Појасот Газа.