МФ: Нема незаконитост на одлуките за вработување, се поништува одлуката на ДИК и се враќа на повторно одлучување


Со цел информирање на јавноста, а во врска со изнесените информации од страна на дополнителниот заменик-министер во Министерството за финансии, соопштуваме дека во однос на наведените случаи не станува збор за незаконски донесени одлуки во постапките за вработување, унапредување и издавањето известувања за обезбедени финансиски средства за реализација на нови вработувања кај буџетските корисници. Министерството за […]

Режисерот на „Ние не сме ангели“ и „Убавите села убаво горат“ промовира поезија во Скопје, има интересен наслов


Вечерва, во 19:30 часот, во Бистро комедија, ќе се случи промоција збирката поезија славниот српски режисер Срѓан Драгојевиќ „Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво (или сè што не сте знаеле за поезијата, а сте биле премногу мрзливи за да читате)“, во издание на ТРИ. Промотор […]

Д-р Неле Карајлиќ на Саемот на книгата: Половина живот го имам „оставено“ во Скопје


„Македонија! Тие имаат ритам, седум осмини, девет осмини, волшебна хармонија, имаат тапанари, имаат и гитаристи, Влатко Стефановски! Бескраен талент!“ Со овој цитат од новиот роман „Солунска 28“ (III дел), на легендата на популарната екс-ју група „Забрането пушење“ и на култната ТВ-серија „Топ-листа на надреалистите“, д-р Неле Карајлиќ, се истакнува неговата поврзаност и љубовта со нашата […]

Изменет режим на сообраќај во Скопје во сабота и во недела – се одржуваат политички митинзи


Поради одржување на митинг од изборната кампања за претседателските избори 2024 година на 21.04.2024 во 13.00 часот пред седиштето на Европската унија на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Единицата за безбедност  на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на ул.„Св. Кирил и Методиј“ почнувајќи од 19 часот […]

Викендов ќе се гласа за помошта за Украина, спикерот Џонсон го смени ставот


По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД се чини е подготвен да одржи гласање за десетиците милијарди долари американска воена помош за Украина и Израел овој викенд. И двете мерки имаат гласни противници во Конгресот, така што надежите за нивно усвојување зависат од кревката двопартиска коалиција за надминување на застрашувачките процедурални и законодавни пречки […]

„Еуромакс ресоурсис“ се закани со арбитража за рудникот за бакар и злато „Иловица – Штука“


Компанијата „Еуромакс ресоурсис“ предупредува на арбитража за рудникот за бакар и злато „Иловица – Штука“, доколку Владата не дозволи спојување на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“. На денешната прес-конференција, на која присуствуваа претседавачот на Бордот на директори и главен извршен директор на „Еуромакс ресоурсис“, Тимоти Морган – Вин и правниот застапник на компанијата, адвокатот […]

Културните работници на протест ја бараа ветената 12 отсто зголемена плата – министерката попладнево им ја овозможи


Како што најавија, вработените во културните институции и денеска повторно излегоа на протест пред Министерството за култура поради неисплата на мартовските плати на над 3.000 вработени, а обвинуваат дека нема да го добијат и зголемувањето од 12% кое им следи согласно колективниот договор. Од Синдикатот на култура велат дека иако вчера имале средба со претставници […]

Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица


Од 12 до 18 април пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица во државава, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходната недела, информираа попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).   Најголем дел од случаите се пријавени во рамки на епидемијата во Скопје – 37, а пријавени се случаи и во Битола – […]

Баерн и Зидан се блиску до договор?


Прославениот француски репрезентативец Зинедин Зидан би можел наскоро да се врати на тренерската клупа како предводник на германскиот гигант Баерн Минхен, пренесуваат денеска шпанските медиуми. Според весникот „Мундо Депортиво“, зделката сè уште не е официјално склучена бидејќи францускиот тренер бара од баварскиот клуб да му вети засилувања за следната сезона, особено во дефанзивниот дел на […]

Во битката за пензионерите Филипче вети регрес од 3.000 до 6.000 денари во грејната сезона


  Пензионерите, оние кои ќе излезат на изборите, се групата која може да одреди многу нешта во исходот на гласањето. Двете главни македонски партии го подигнуваат влогот за да ги привлечат тие гласови. Носителот на изборната листа на СДСМ во Четворката, Венко Филипче, ветува дека владата што ќе ја предводи неговата партија ќе оддели од […]

„Анима Мунди“ објави листа со барања до партиите


Организацијата за заштита на животните „Анима Мунди“ јавно упати барања до сите учесници на изборите порачувајќи дека заштита на животните  е тема што нема да дозволат да биде игнорирана и маргинализирана. -Општество  кое се грижи и за животните е општество во кое хуманоста, индивидуалната и колективна одговорност се подразбираат и бранат, како и општество кое […]

19 април во историјата – Почна востанието во Варшавското гето


  Во Варшава, Полска, нацистичките сили кои се обидуваат да го исчистат еврејското гето во градот, се пречекани со пукање од еврејски борци на отпорот и започнува востанието во Варшавското гето. Набргу по почетокот на германската окупација на Полска, нацистите ги собраа еврејските граѓани на градот во „гето“ опкружено со бодликава жица и вооружени чувари […]

Шефот на ЦИА: Украина може да ја загуби војната до крајот на 2024


  Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, во четвртокот испрати остро предупредување до пратениците на Капитол Хил: Ако сега не одобрите помош за Украина, Киев може да ја изгуби војната до крајот на годината. Говорејќи на настан во Претседателскиот центар „Џорџ В. Буш“, Барнс ги повика пратениците да го усвојат додатокот со кој ќе се посветат […]

Бoшњачки партии подесоа кривична пријава против Иван Стоилковиќ


Политичката партија Бошњачки демократски сојуз (БДС) и Бошњачки национален совет (БНС) денеска поднесоа кривична пријава против Иван Стоилковиќ, претседател на Демократска партија на Србите во Република Северна Македонија (ДПСМ), за негирање и исмејување со геноцидот во Сребреница. Како што стои во нивното соопштение, пријавата е во врска со изјавата на Стоилковиќ, по одлуката на Министерството […]

Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората


Гласањето за Претседателските избори 2024 почнува утре со членовите на 31 избирачки одбор што ќе го спроведат гласањето во странство. Тие пред заминувањето во странство ќе гласаат во просториите на Државната изборна комисија (ДИК). Во Избирачкиот список се запишани и во странство би требало да отпатуваат 191 лице кое во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии […]

Финска бара помош: Да се спречи Русија да користи илегални мигранти


Финскиот премиер Петери Орпо побара помош од ЕУ за решавање на проблемот со приливот на мигранти преку Русија и економските последици од затворањето на границите на истокот на земјата. „Мораме да најдеме заеднички решенија за да ја спречиме Русија да користи илегални имигранти против нас. Го подготвуваме нашето законодавство, но ни требаат и мерки на […]

СДСМ ветува поголема пензија, енергетски додаток од 15.000 и зимски регрес до 6.000 денари годишно,


Во новиот мандат гарантираме минимална пензија од најмалку 20.000 денари, а просечната ќе достигне 30.000 денари. Ќе воведеме енергетски пакети за пензионерите кои живеат сами во висина од 1.500 денари месечно во периодот од октомври до март, како и зимски регрес за пензионерите во износ од 3.000 до 6.000 денари. Највисока поддршка ќе има за […]

На Димитриевски му импонира што Мицкоски го копирал


  Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, ја подотвори вратата за идејата на Христијан Мицкоски за македонско национално единство, затоа што тоа, всушност, било негово пледоаје.  „Можно е национално единство“, рече Димитриевски во госртувањето на Радио Лидер. „Мене искрено ме импонира што не само во овој случај, туку во голем број случаи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нè […]

Уставен суд на Хрватска: Милановиќ и да поднесе оставка не може да биде мандатар или премиер


Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, не може да биде ниту мандатар, ниту премиер, дури и да поднесе оставка, изјави денеска Мирослав Шепаровиќ на прес-конференција по вонредната седница на Уставниот суд. Два дена по изборите за хрватскиот Сабор, Уставниот суд на Хрватска одржа вонредна седница за парламентарните избори и ангажманот на претседателот Зоран Милановиќ, а по […]

Вучиќ на годишнината од Бриселскиот договор: Единаесет години лаги и терор, без формирање на ЗСО


Поминаа 11 години од Бриселскиот договор во кој Србија се развиваше и напредуваше побрзо од другите. Но и 11 години лаги и терор што ни ги вршеа приштинскиот режим и ЕУ. Единаесет години не се спроведува суштината, формирањето на Заедницата на српските општини, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој додаде дека поминале 11 години […]