Паушални информации за пчеларење на социјалните мрежи, фалсификуваниот мед се уште актуелен проблем


Фалсификуваниот мед, исплатата на субвенциите и нивната висина, пласирањето научно непоткрепени техники на одгледување пчели преку социјалните мрежи, недоволната организираност на фелата, неусогласеноста на статистичките податоци и недоверливоста во официјалните бројки, се само некои од проблемите со кои се соочуваат македонските професионални пчелари. Тие се донекаде задоволни од цената на медот која засега изнесува минимум […]

Пoжари на двии депонии во Желино и Боговиње


Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње. Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани. ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер […]

Бугарски тениски судија доживотно суспендиран


Лондон – Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов е доживотен суспендиран поради 21 прекршување на тениската антикорупциска програма, соопшти денеска Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА). Атанасов првично ги отфрли обвинувањата пред да ја повлече жалбата пред сослушувањето. Атанасов е казнет и со 10.000 долари. Тој се изјасни за виновен за бројни прекршувања на тениската антикорупциска […]

Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција


Анкара – Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија. Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“. На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински […]

Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората


Гласањето за претседателските избори почнува со членовите на 31 избирачки одбор кои треба да го спроведат гласањето во странство. Тие денеска пред заминување во странство ќе гласаат во просториите на Државната изборна комисија (ДИК). Станува збор за 191 лице.  Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии во вторник, на 23 април, на ден пред седмите претседателски […]

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи


Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.  Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје променливо облачно […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 20 април 2024 година, 111-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 255 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 45 минута, а ќе зајде во 19 часот и 21 минути. Денов трае 13 часа и 35 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

„Бомба“ од СДСМ – секој граѓанин ќе има акции во енергетските компании


  Бојан Маричиќ, меѓународен секретар на СДСМ и кандидат за пратеник во Изборната единица 1 денеска ја објави можеби најголемата „бомба“ на почетокот од кампањата за парламентарните избори – сите граѓани ќе станат акционери во државните енергетски компании. „Воведуваме огромна промена, државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните“, рече Маричиќ вечерва на митнгот […]

Алиев и Пашинјан постигнаа историски договор за враќање на четири ерменски села во Азербејџан


  Ерменија се согласи да врати неколку села на Азербејџан, што денеска е опишано како важна пресвртница додека двете страни се приближуваат до мировен договор по двете војни од распадот на Советскиот Сојуз. Портпаролот на азербејџанското Министерство за надворешни работи, Ајхан Хаџизада, на платформата Икс објави дека Ерменија ќе врати четири села во близина на […]

Димитриевски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ прави плагијат на идеите на ЗНАМ


  Кандидатот за претседател на државата од ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска во Ѓорче Петров во изјавата за медиумите рече дека сака да одговори на прашањата што му биле упатени околу повикот за ненапаѓање и повикот за македонско национално единство дадени од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Мене ми е мило, рече Димитриевски, што конечно сите […]

Амстердам воведува уште една забрана: Туристите повторно на удар


  Амстердам повеќе нема да дозволи да се градат нови хотелски згради и ова е одговорот на локалните власти во борбата против масовниот туризам. Главниот град на Холандија најде свои методи кои не се баш во прилог на туризмот, но се на страната на жителите на градот. Имено, веќе нема хотелска изградба. Оваа одлука е […]

Мицкоски повикува на мораториум за ЕУ, а не за единство, вели Ковачевски


  Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска од Струга рече дека мораториумот што вчера го најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ бил „мораториумот во главата на Мицкоски за интеграција на државата во ЕУ“. И додаде: „Исто како што го блокираше изминативе две години, тој е подготвен да го одложува членството во ЕУ уште 11 години, исто како […]

„Цикличен артаноиден режим“: Мицкоски за власта


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне во Ранковце ја повтори синтагмата од вчерашниот митинг во Охрид нарекувајќи ја власта „цикличен артаноиден режим“. Според него, со македонија управувало „дел од ракводството на ДУИ и неколкумина измеќари од СДСМ“. „Во овие 15 дена од кампањата за првиот круг за претседателски избори насекаде низ Македонија се чувствува победничката […]

НАТО до Украина: Не грижете се, помошта доаѓа


Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да го обезбедат, вклучително и SAMP/T (француски систем), а многу други кои немаат […]

Тошковски: СВР Охрид е спремен за справување со безбедносните предизвици кои ги носат изборите


Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски за време на денешната посета на Секторот за внатрешни работи Охрид, напомена дека треба да се размислува за дислоцирање на СВР Охрид во поголем објект, кој ќе биде на соодветна локација која ќе овозможи поефикасно работење. Тој посочи дека во делот на спроведувањето на изборите кои ни претстојат, […]

Олимписките организации против парични награди за злато во Париз


 Олимписките спортски организации денеска ја критикуваа Светската атлетика, која на спортистите им вети парична награда во износ од 50.000 долари за секој освоен златен медал на Игрите ова лето во Париз. Одлуката на Светската атлетика и нејзиниот претседател Себастијан Коу се коси со традицијата, бидејќи Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) не им исплатува награди на спортистите, […]

ДКСК повторно одлучи во корист на Силјановска, АСЈО треба да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели


Државната комисија за спречување на корупцијата попладнево донесе одлука со која и предлага на Академијата за судии и јавни обвинители да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели до завршување на изборите. –  Се задолжува Академијата за судии и јавни обвинители започнатата постапка за прием на 130  слушатели, да ја стави во […]

Валенсија домаќин на атлетското ЕП 2027 во сала


Шпанскиот град Валенсија е избран за домаќин на Европското првенство во атлетика во сала во 2027 година. Одлуката денеска ја донесе Управниот одбор на Европската атлетика на 173. седница одржана во Рим. Валенсија по втор пат е избрана за домаќин на ова натпреварување, кое го организираше и во 1998 година. Десет години потоа, Валенсија беше […]

Лавров: И ако почне преговори со Украина, Русија нема да прави паузи во борбите


Русија нема да ги прекине борбените операции во случај на продолжување на преговорите со Украина, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за три руски медиуми. Лавров кажа дека Русија е искрено подготвена за преговори, но дека не може да преговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски, бидејќи, како што наведе, тие нема […]