На Димитриевски му импонира што Мицкоски го копирал


 

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, ја подотвори вратата за идејата на Христијан Мицкоски за македонско национално единство, затоа што тоа, всушност, било негово пледоаје.  „Можно е национално единство“, рече Димитриевски во госртувањето на Радио Лидер.

„Мене искрено ме импонира што не само во овој случај, туку во голем број случаи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нè копира во некои постапки. Излеговме како партија и рековме дека нема да преговараме со никој додека не се понуди една национална платформа. Не можете да постигнете поголем ефект во имплементација на мултиетничко движење ако немате национално единство. Тоа може да се стори. Без ЗНАМ нема идна влада. Ние не напаѓаме, ние само конструктивно дискутираме“, рече Димитриевски.

Тој потврди дека ЗНАМ соработува на локално ниво во Куманово со ВМРО-ДПМНЕ.

„На локално ниво имплементираме власт, таму немаме официјално потпишано коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но дефинитивно има соработка. Имаме соработка со ВМРО-ДПМНЕ и со албанската опозиција“, рече Димитриевски.