Режисерот на „Ние не сме ангели“ и „Убавите села убаво горат“ промовира поезија во Скопје, има интересен наслов


Вечерва, во 19:30 часот, во Бистро комедија, ќе се случи промоција збирката поезија славниот српски режисер Срѓан Драгојевиќ „Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво (или сè што не сте знаеле за поезијата, а сте биле премногу мрзливи за да читате)“, во издание на ТРИ.

Промотор на настанот ќе биде нашата авторка Румена Бужаровска, која низ разговор со авторот ќе нè доближи до неговото писмо, поезија пишувана пред 40 години, а актуелна и денес.

Самиот наслов зборува од името на бунтовноста. Пораката е јасна: не бидете мрзливи и дојдете на оваа несекојдневна промоција. Одгатнете ја оваа уште понесекојдневна книга. Може да биде најинтересното доживување што ќе ве доведе до запрашаност: што е следно.

Срѓан Драгојевиќ добро го познаваме по неговите филмови – „Рани“, „Ние не сме ангели“, „Убавите села убаво горат“ и „Парада“.