ЕУ првпат воведе санкции за израелските доселеници на Западниот Брег


Европската унија првпат воведе санкции за радикалните израелски доселеници на Западниот Брег поради акти на насилство врз Палестинците, изјави дипломатски извор за ДПА. Договорот беше финализиран денеска преку писмена процедура што им овозможува на земјите-членки да носат одлуки за итни прашања без да испраќаат министри во Брисел. Санкциите беа наметнати на поединци и организации одговорни […]

Апасиев го одби Мицкоски: „Не верувај им на дпмнејците“


  Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, ја отфрли понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за создавање на македонско национално единство и изјавата дека ќе има мораториум на нападите врз неговата партија и ЗНАМ. „Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци. Термометарот на жестокоста во критиката не смее да се спушти ниту за […]

Јанешлива нè поттикнува да се соочиме со чувството да се биде странец: Отворен македонскиот павилјон во Венеција


Отворен е македонскиот павилјон, во кој е поставен повеќеслојниот и трансмедијален проект на Славица Јанешлиева „INTER SPEM ET METUM“ („Помеѓу надеж и страв“) и Националната галерија на Северна Македонија како официјален претставник на земјава на светската културна манифестација Венециско биенале 2024.  Проектот е изложен во зградата на Скуола деи Ланери (Scuola dei Laneri). Павилјонот е […]

Нетфликс нема да го објавува бројот на претплатници


Нетфликс соопшти дека повеќе нема да го објавува бројот на претплатници и колку пари заработува „по лице“, почнувајќи од извештајот за заработката во првиот квартал 2025 година. „Фокусирани сме на приходите и оперативната маржа како наша примарна финансиска метрика, како и на тоа колку време корисниците поминуваат на платформата, што е наш најдобар показател за […]

„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина


Американската технолошка корпорација „Епл“ (Apple), на барање на кинеските власти, ги отстрани „Телеграм“ и другите популарни апликации за пораки од својата интернет-продавница за Кина. Како што објави „Волстрит журнал“ (Wall Street Journal), отстранети се и платформите „Ватсап“ и „Тредс“ на компанијата „Мета“, како и американската „Сигнал“ и јапонската „Лајн“. Кинеските власти сметаат дека овие апликации […]

Се степале две вработени во средно училиште во Битола


Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од таму велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

Во високообразовните установи работат 4.656 наставници и соработници


Бројот на наставнички и соработнички во учебната 2023/2024 година изнесува 2.361 или 50.7 %. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на наставниците и соработниците во високообразовните установи во земјава во академската 2023/2024 година изнесува 4.656. Од вкупниот број наставници и соработници, 3.264 или 70.1 % се наставници и 1 392, т.е. 29.9 % […]

„Вреди“: ДУИ преку началникот на СВР Тетово врши притисок во 6-та изборна единица


 Седат Сулејмани од изборниот штаб на коалицијата „Вреди“ денеска ја обвини ДУИ дека преку началникот на СВР Тетово врши насилство и притисок во 6. изборна единица. -Криминалците и корумпираните на власт последниве денови го користат секој механизам за притисок врз граѓаните кои не ги поддржуваат или не излегуваат на собирите на ДУИ и нивниот Фронт. […]

Вишиот управен суд оспорил 3.000 вработувања во јавниот сектор без врзан потпис


Вишиот управен суд донесе две пресуди со кои се оспорени преку 3.000 акти за вработување и унапредување, како и за издадени согласности за вработување по сите основи во јавниот сектор зашто се донесени без врзан потпис на министерот за финансии и дополнителниот заменик-министер во периодот од формирањето на техничката влада до денот на распишување на […]

Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици


Бриселскиот договор склучен меѓу Белград и Приштина е валиден како и сите останати спогодби постигнати во рамки на дијалогот што се води со посредство на ЕУ, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.  – Сите договори претставуваат валидни документи и обврски што мора да се имплементираат. Тоа е […]

Нова демократија со 14 отсто предност пред СИРИЗА


Предност на Нова демократија со 14 осто повеќе од СИРИЗА, во пресрет на евроизборите во јуни, но со намален рејтинг во споредба со резултатите од ланските парламентарни избори, покажува истражувањето на јавното мислење на „Metron Analysis“ за грчката телевизија Мега, јави дописничката на МИА од Атина.  Нова демократија добива 26,8 отсто, СИРИЗА е втора со […]

Норвешкиот државен фонд оствари добивка од 103 милијарди евра


Норвешкиот државен фонд денеска објави дека во првиот квартал од 2024 година остварил профит од 1,21 билиони норвешки норвешки круни, или приближно 103 милијарди евра, благодарение на високите приноси од инвестициите во акциите на технолошките компании. „Нашите капитални инвестиции имаа многу високи приноси во првиот квартал, особено во технолошкиот сектор“, изјави заменик-извршниот директор на фондот […]

Оспорени преку 3.000 акти за вработување и унапредување, немале врзани потписи, вели дополнителната заменик-министерка за финансии


Вишиот управен суд донесе две пресуди со кои се оспорени преку 3.000 акти за вработување и унапредување, како и за издадени согласности за вработување по сите основи во јавниот сектор зашто се донесени без врзан потпис на министерот за финансии и дополнителниот заменик-министер во периодот од формирањето на техничката влада до денот на распишување на […]

Пораст на кредитирањето во март: Зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки


Вкупните кредити, во март, забележаа месечен раст од 0,3 проценти, поради зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“. Годишниот раст изнесува 6,1 процент и се должи на повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, објави денеска Народната банка.  Кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,5 проценти на месечна основа, при годишен раст од […]

Светска банка објави план за обезбедување квалитетни здравствени услуги за 1,5 милијарди луѓе до 2030 година


Групацијата на Светската банка објави амбициозен план за поддршка на земјите во обезбедувањето квалитетни, достапни здравствени услуги за 1,5 милијарди луѓе до 2030 година. Планот беше претставен на пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд и Групацијата на Светската банка, што се одржува од 15 до 20 април во Вашингтон. Тој план е дел од пошироките […]

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација


 Нема нови пријави од наши граѓани кои се наоѓаат во Израел и во регионот на Блискиот исток за евентуална евакуација, изјави денеска шефот на димплатијата Бујар Османи. -Во моментов немаме нови барања. Постојано ја следиме состојбата. Утринава повторно имав разговор со нашиот амбасадор во Израел. Имало некои информации дека во текот на ноќта Израел го […]

Османи: Покрај државен консензус за ЕУ, потребен е и економски државен консензус


Нашата економија е жртва на постојаните циклични политички кризи на поларизацијата, на чувството на секоја политичка партија дека од нив почнува економијата, од нив почнува државата, а бидејќи влегуваме во период на преговори со ЕУ, државата мора покрај државен консензус за ЕУ, да постигнеме и економски државен консензус по однос на општите параметри, смета претседателскиот […]

АД „Водостопанство“: За плати нема пари, а менаџментот толерира општини што не плаќаат


Синдикалната организација на а.д. Водостопанство на РСМ од Владата бара да им префрли средства за плати и трошоци за гориво, електрична енергија и резервни делови за да ги подготват и одржуваат каналите за наводнување и одводнување, цевководите за достава на сурова вода за да може да отпочне и да ја заврши сезоната 2024. На мирен […]

За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина


За еден месец на подрачјето на Националниот парк Шар Планина изгореле над 400 хектари, а од тоа најголема површина е зафатена во само два пожари над село Селце, кои траеја шест дена, информираа денеска од НП Шар Планина.   Како установа потрошиле 80 илјади денари материјални средства, а штетите по изгубена дрвна маса и друга […]

Една година ФРОНТЕКС, нашата полиција сега обучува други место да ја обучуваат


Дoполнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и државната секретарка, Магдалена Несторовска, остварија работна средба со раководството на Регионалниот центар за гранични работи Југ, по повод одбележување на една година од почетокот на мисијата на ФРОНТЕКС во  Македонија, а со цел промоција на соработката […]