„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина


Американската технолошка корпорација „Епл“ (Apple), на барање на кинеските власти, ги отстрани „Телеграм“ и другите популарни апликации за пораки од својата интернет-продавница за Кина.

Како што објави „Волстрит журнал“ (Wall Street Journal), отстранети се и платформите „Ватсап“ и „Тредс“ на компанијата „Мета“, како и американската „Сигнал“ и јапонската „Лајн“.

Кинеските власти сметаат дека овие апликации ја загрозуваат националната безбедност на земјата, како и дека наводно шират негативна содржина и служат за организирање протести или социјални движења кои би биле вон контролата на Пекинг.