Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина


Европскиот совет вечерва одлучи да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина, соопшти претседателот на Советот, Шарл Мишел. Мишел на Х и честиташе на БиХ и порача дека местото и е во европското семејство. – Денешната одлука е клучен чекор напред на вашиот пат кон ЕУ. Сега треба да продолжи напорната работа за Босна […]

Дојче бан лани работеше со загуба од 2,4 милијади евра


Инвестициите во инфраструктурата, повисоките трошоци за енергија и работна сила, зголемените каматни стапки и штрајкови ја турнаа германската државна компанија Дојче Бан во поголема загуба во 2023 година, покажа извештајот објавен денеска. Дојче бан минатата година забележа нето загуба од 2,4 милијарди евра, приближно десет пати поголема отколку во 2022 година. Нивните приходи паднале за 13 […]

Модриќ: Реал Мадрид има посебен однос со Лигата на шампионите


Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ зборуваше за успехот на шпанскиот клуб во Лигата на шампионите. – Реал Мадрид има посебен однос со Лигата на шампионите, поради што е најуспешниот клуб во историјата на турнирот. Со него освоив три титули во Ла Лига и пет трофеи во Лигата на шампионите. Ова е […]

ЕК: И ЕУ и земјите аспиранти за членство мора да бидат добро подготвени за идното проширување


Брисел – Проширувањето е стратешки интерес на ЕУ, па иако постојат предизвици, спроведувањето на овој процес ќе има геополитички, економски, еколошки, социјални и демократски придобивки, се оценува во Документот за реформите и политиките пред проширувањето, што Европската комисија го достави до лидерите на земјите членки на Унијата на денешниот Самит во Брисел.  – За да се […]

ОН ја усвоија првата резолуција за вештачка интелигенција


Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) денеска ја усвои првата резолуција за вештачка интелигенција (ВИ) за поддршка на меѓународните напори да се осигура дека оваа нова технологија ќе биде од корист за сите нации, ќе ги почитува човековите права и дека е „безбедна, сигурна и доверлива“. Резолуцијата беше поднесена од САД и беше усвоена со […]

Kаква порака испраќаме со изборот на лауреатот на СВП: Беседа на Елизабета Шелева


Оваа година се соочивме со сериозна и одговорна задача, да одбереме лауреат на СВП од листата на предложени кандидати, составена од автори и авторки, кои се мошне воедначени по својот квалитет. Таков избор никојпат не бил и не е лесен и едноставен. Непосредно по смртоносната ковид пандемија, во светот ни се случуваат две тековни војни […]

Ракометарите ги добија противниците за квалификациите на ЕП 2026


 Ракометната репрезентација на Македонија денеска во Копенхаген ги доби ривалите за квалификациите за пласман на ЕП 2026, кое по две години ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Македонија ќе игра во Групата 1 заедно со Слованија, Литванија и Естонија. Во квалификациите учествуваат 32 репрезентации, кои се поделени во осум групи по четири селекции. […]

Пендаровски присуствуваше на армиска вежба во касарната „Народен херој Страшо Пинџур“ во Петровец


 Претседателот Стево Пендаровски денеска во касарната „Народен херој Страшо Пинџур“ во Петровец присуствуваше на методско показна вежба на тема „Лесен пешадиски вод во извршување на наменски задачи: патролирање, чистење на патен правец и реакција на контакт“, соопшти неговиот Кабинет. Вежбата ја спроведоа околу 100 припадници на Првата пешадиска бригада на Армијата. Сценариото на вежбата опфати […]

Европски награди за три македонски драмски автори


Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“ го соопшти изборот на најдобри нови драмски дела на европско ниво за 2024 година. Меѓу нив се и трите необјавувани и неизведувани драми на македонски јазик: „Празни“ од Ева Камчевска, „Параходот замина“ од Блаже Миневски и „Парови“ од Ана Трпеноска. Од Македонскиот комитет на „Еуродрам“ соопштија дека […]

Кинески авиони забележани во воздушниот простор над Тајван


Дваесет кинески воени авиони синоќа биле забележани во воздушниот простор над Тајван, соопшти тајванското Министерство за одбрана. „Денеска до 19:30 часот (23:30 часот по Гринич) се откриени вкупно 20 авиони“, соопшти Министерството за одбрана, додавајќи дека ја следи ситуацијата. Островот, кој има демократски избрана влада и кој Кина го смета за своја територија, веќе четири […]

Австрија лани протерала рекорден број странци, најмногу Словаци, Унгарци и Романци


Австрија минатата година протера рекорден број странци, а повеќето од нив се државјани на Европската унија, изјави денеска австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер. „Мислам дека можеме слободно да кажеме дека минатата година беше година на протерување“, рече австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер при претставувањето на статистичките податоци за 2023 година. Минатата […]

„Комерсант“: Русија ќе укине неколку затвори поради регрутирање затвореници за војната во Украина


 Властите во рускиот регион Краснојарск планираат годинава да укинат неколку затвори поради падот на бројот на затвореници, пред се, поради регрутирањето осуденици за војната во Украина, пишува денеска весникот „Комерсант“. Весникот го цитираше Марко Денисов, регионален комесар за човекови права во Краснојарск, кој им кажал на судските власти дека најмалку два локални затвора ќе бидат […]

ГРЕГИ, проект на „Копелоузос груп“, на преговарачката маса помеѓу Мицотакис, Ал Сиси и фон дер Лајен


Проектот за електрично поврзување помеѓу Египет и Грција, со што ќе се снабдува со енергија останатиот дел од Европа, е сериозен зафат кој би ја променил енергетската карта. Во текот на средбата меѓу Кирјакос Мицотакис и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, темата беше амбициозниот проект за енергетско поврзување на Египет и Грција, со што, […]

Таравари: Не ни треба уште еден Букурешт, не правиме влада со тие што се противат на уставни измени


  Претседателскиот кандидат на коалицијата Вреди, Арбен Таравари потврди денес дека нема да коалицираат со партија која е против уставните измени и е против бришењето на дваесете проценти за албанскиот јазик. Таравари упати покана до противкандидатите за дебата, но ги наведе само имињата на Стево Пендаровски, Бујар Османи и Максим Димитриевски oд кои, како што […]

Вучиќ: Без нуклеарна енергија Србија нема да може да опстане


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, во пресрет на Меѓународниот самит за нуклеарна енергија, изјави дека без нуклеарна енергија Србија нема да може да опстане и дека важноста што му се придава на овој самит покажува дека струјата ќе биде сè повеќе потребна. Овој самит и важноста што му се придава покажува какви погрешни одлуки […]

Гроси: Нуклеарната енергија не е утопија


Нуклеарната енергија е безбеден и профитабилен извор на енергија, а не утопија, изјави денеска директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. Претставници на околу 30 земји, меѓу кои Кина, Соединетите Американски Држави и Бразил, учествуваа денеска на самит во Брисел, на иницијатива на МААЕ и со цел побрз координиран развој на нуклеарната […]

Шаќири: За простор за ФИНКИ се бара решение


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска изјави дека добил негативно мислење бараките во кои се сместени вработени на Бирото за развој на образование да бидат отстапени на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) чие раководство и студенти бараат соодветен простор за работа. -Јас овие информации ги имам доставено до ФИНКИ дека […]

Мате Римац најави претставување на роботакси. Еве кога ќе биде


Хрватскиот претприемач и иноватор Матер Римац, кој се прослави со електричниот автомобил „Невера“, денеска на Фејсбук  најави презентација на прототип на роботакси. „Ајде луѓе – доаѓа роботакси! Откријте го на 26 јуни 2024 година“, напиша Римац во видеото кое можете да го погледнете во продолжение. Римац е основач на „Римац автомобили“ и на „Project 3 […]

Манфред Вебер изгубил контакт со реалноста во Бугарија


Манфред Вебер, лидер на групата на народни партии во Европскиот парламент (ЕПП) порача денес дека политичкото семејство стои цврсто зад Марија Габриел во однос на „неоправданите напади“ со кои се соочува овие два дена. Тој уште ги осуди лидерите на „Промените продолжуваат“ и Демократската Бугарија, иако таа ја предизвика политичката криза која требаше да биде […]

Штрајковите ја чинеа „Луфтханза“ 250 милиони евра


Германската авиокомпанија „Луфтханза“ проценува дека штрајковите на вработените ја чинеле 250 милиони евра од почетокот на годината, што е повеќе од двојно зголемување на нејзината проценка од почетокот на месецот. Финансискиот притисок на штрајковите опфаќа подолг период од самиот прекин на работата и вклучува последици во списоците на екипажот, распоредот на летови и несигурноста на […]