Кинески авиони забележани во воздушниот простор над Тајван


Дваесет кинески воени авиони синоќа биле забележани во воздушниот простор над Тајван, соопшти тајванското Министерство за одбрана.

„Денеска до 19:30 часот (23:30 часот по Гринич) се откриени вкупно 20 авиони“, соопшти Министерството за одбрана, додавајќи дека ја следи ситуацијата.

Островот, кој има демократски избрана влада и кој Кина го смета за своја територија, веќе четири години се жали на редовни кинески воени патроли и вежби во негова близина.

Министерството претходно денеска објави дека 32 кинески борбени авиони биле забележани околу Тајван, што е второ најголемо распоредување од почетокот на годината.