Црна Гора ги ограничи маржите за основните прехранбени производи


Владата на Црна Гора денеска донесе одлука за ограничување на трговските маржи за повеќе од 500 артикли во големите супермаркети, додека малите продавници не подлежат на оваа одлука. Одлуката ќе стапи на сила на почетокот на април, а ќе важи до крајот на мај, кога се очекува да започне летната туристичка сезона. Како што изјави […]

Преку работилници младите ќе учат за климатски акции


Преку работилници, и средби со активисти учениците ќе имаат можност да научат повеќе за зачувување на природата и животната околина, а денеска, во Градскиот парк во Скопје се одржа интерактивна прошетка за климатска акција и едукација.  МОН е посветено на подигнувањето на свеста на учениците за екологијата, па во рамки на реформата на образовниот систем, […]

Во Прилеп се одржа прв симпозиум на медицинските сестри од примарното здравство


Достоинствена професија, подобри услови и повисоки плати, порачаат медицинските сестри од примарната здравствена заштита на денешниот прв Симпозиум што го одржаа во прилепскиот хотел „Салида“. Задоволни се што формираа посебно друштво во рамки на здруженијата за да се решаваат поефикасно проблемите. Според Горданка Бешлиовска, претседателка на здружението на медицински сестри акушерки, стоматолошки сестри, кое ја […]

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица


Во државава од 11 до 17 месецов се пријавени 253 случаи на групни пријави за заболени од грип, односно заболувања слични на грип, што е за 40,7 проценти помалку во споредба со претходната недела. Како што стои во Извештајот на Институтот за јавно здравје за состојбата со грип во земјава за 11-та недела, бројот на пријавени лица […]

„Шкотска и ирска вечер“ во Limak Skopje Luxury Hotel – келтски дух, музика и традиционални специјалитети


Limak Skopje Luxury Hotel подготвува ново доживување за сите што трагаат по возбудливи вкусови и се подготвени да истражуваат различни национални кујни и култури. На 29 март во хотелот ќе се одржи „Шкотска и ирска вечер“ на која присутните ќе пробаат типични јадења од овие две земји и ќе се забавуваат со шкотските и ирските […]

Светски ден на театарот – тој ни доаѓа како куќна слава


Коле Ангеловски, доајенот на македонскиот театар, и еден од најзначајните театарски и филмски актери и режисер , е автор на македонската порака по повод Светски ден на театарот – 27 Март. Еве што напиша: „27 Март  –  Меѓународен ден на театарот. Голем празник за нас театарџиите. Тој ни доаѓа како куќна слава. И тогаш театрите […]

Еден од најозлогласените сериски убијци во историјата на Русија е осуден на доживотен затвор


Рускиот сериски убиец познат како „Манијакот од Волга“ во четвртокот е осуден на доживотен затвор за убиство на 31 постара жена, јави државната новинска агенција ТАСС. Радик Тагиров беше уапсен во 2020 година под сомнение за убиства. Тие беа извршени во 15 градови во и околу регионот Татарстан, околу 730 километри источно од Москва, помеѓу […]

Рамсторе Македонија-Пролетта ја започнуваме во насока на убавината


Денес, 21 март првиот ден на пролетта, во знак на пролетното будење на природата и во насока на убавината,  Рамстор во  соработка со Општина Центар и ОУ” Гоце Делчев” засадивме украсни садници во рамки на училишниот двор. Со помош на вредните рачиња на учениците од III одделение заедно со вработените од Рамсторе и Општина центар […]

ДУИ: Во сите анкети ДУИ и Бујар Османи се апсолутни победници


Демократската унија за интеграција тврди дека ќе биде апсолутен победник во албанското гласачко тело на Северна Македонија. -Вака велат сите анкети што ги реализирале релевантните агенции во земјава, каде што ДУИ убедливо излегува пред албанската опозиција. За Демократската унија за интеграција, споредено со месец февруари, најновото истражување на Институтот за политички истражувања(ИПИС) покажува дека во […]

Нобеловецот Јон Фосе е автор на светската порака по повод Светскиот ден на театарот, еве што напиша


Секој човек е уникатен, неповторлив, посебен, а сепак ист како и секој друг. Нашата видлива, надворешна појава, е различна од сечија друга. И се разбира, сето тоа е добро и убаво, но исто така во секој човек има нешто што му припаѓа само и единствено нему – а тоа е самиот тој. Односно, тоа нешто […]

Турција и заливските држави планираат да отворат зона за слободна трговија


Турција и Советот за соработка на Персискиот залив (ГЦЦ) потпишаа договор за почеток на преговори за договор за слободна трговија, изјави денеска турскиот министер за трговија Омер Болат. По долгогодишни тензии, Турција започна дипломатска офанзива во 2020 година за да ги подобри односите со земјите од Заливот, особено со Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија. […]

Ковачевски: Скопје е развластен град


Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ се приклучија на акцијата на општинската администрација и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во акцијата на садење дрва и збогатување на зелениот простор по повод Денот на пролетта.Во изјавата за медиуми, Ковачевски истакна дека со оваа активност Општина Центар […]

Како да се обезбеди наплата на побарувањата: Прва „Кофас Кантри риск“ конференција во Македонија


Светски познатата француска компанија Кофас ја организираше првата Country Risk конференција во Македонија. Со повеќе од 75 годишно искуство, претставници на оваа меѓународна компанија за управување со кредитни ризици и гости од други домашни и странски институции, говореа за ризиците од неплаќање на побарувањата и како да се заштитиме од неплаќање. Сергеј Симонити, регионалeн директор […]

Голем интерес во Прага за уникатната колекција на МСУ: Солидарноста креира нови релации и синергии


  Пред повеќе десетици претставници на чешките медиуми, денеска во Националната галерија во Прага се одржа конференција за печат по повод вечерашното отворање на изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје”/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“, со дела од уникатната колекција на Музејот на современата уметност – Скопје.   […]

Гутереш: Живееме во хаотичен свет во кој секој смета дека може да прави што сака


Живееме во хаотичен свет со суперсили кои се во судир една со друга и во кој поради постоењето на неказнивост секоја земја или вооружена група смета дека може да прави што сака, порача генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш при пристигнувањето на Самитот на ЕУ во придружба на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.   […]

Близнаковски: Дијаспората не е заинтересирана за изборите во Македонија


Иако македонската дијаспора е бројна, се покажува дека таа не е заинтересирана за изборите во татковината. Тоа се покажува и сега кога нема доволно пријавени гласачи за парламентарните, а само скромен е бројот на оние кои ќе имаат можност да гласаат за претседателските избори- вели Слободан Близнаковски, директор на Агенцијата за иселеништво во емисијата „Слободен […]

Васил Хаџиманов пред концертот во Скопје: Уживав во снимањето на „Кејф“


Васил Хаџиманов, синот на Зафир Хаџиманов,  надарен на татко му како врвен музичар, кој го носи името на дедо му Васил Хаџиманов (еден од најголемите македонски етномузиколози), денес, во Скопје, го најави осмиот студиски албум со наслов „Кејф“ , пред концертот на 12 април во МНТ.  Албумот на еден од највлијателните џез-фјужн состави на Балканот, […]

Ковачевски: Знам дека има граѓани што едвај врзуваат крај со крај, ќе ги зголемиме платите и пензиите


   Кога бев премиер, заедно со министрите успеавме да ја скротиме инфлацијата, од 20 проценти ја донесовме на три отсто. Кога ги носевме мерките, бевме критикувани. Прво ги ограничивме маржите, потоа ги замрзнавме цените. Во подоцнежните месеци се покажа дека голем број трговци го злоупотребуваат тоа. Лично учествував во пишувањето на Законот за нефер трговски […]

Кушнер: Еврејското страдање не смее да биде изговор за обесчовечување на други луѓе


Наградуваниот драмски писател и сценарист Тони Кушнер е збунет од контроверзноста околу изјавите на режисерот Џонатан Глејзер на доделувањето на наградите Оскар во 2024 година.Зборувајќи со водителката Алисон Каплан Сомер на подкастот на Хаарец, Кушнер го нарече говорот за Оскар на Глејзер „неоспорлив и непобитен“. „Она што тој го зборуваше е толку едноставно: дека еврејството, […]

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село


За своите активности на полето на општествената одговорност, „Макпетрол“ доби признание од СОС Детско Село. Оваа организација ја награди компанијата и ја вброи меѓу најголемите донатори и поддржувачи за изминатата година. Во 2023 „Макпетрол“ стана кум на куќата што го носи името „Верна“ и во која живеат деца со нивните згрижувачки родители. Компанијата донира средства […]