Косово да го одложи спроведувањето на одлуката за укинување на динарите


Њујорк –  Постојаните членки на Советот за безбедност на ОН синоќа ја изразија својата резервираност во однос на намерата на Косово еднострано да ја забрани употребата на динарот во земјата без соодветни консултации со партнерите и ја повикаа да ја одложи примената на таа мерка. За време на дискусијата на вонредната седница на Советот за […]

Амбасадорот Мерис ќе ги претстави приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ пред пратениците


На заедничка седница на собраниската Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции ќе бидат претставени приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ. Програмата и приоритетите за работата на белгиското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јануари – јуни 2024 година, ќе бидат претставени од страна на амбасадорот на Кралството Белгија во Република […]

Почнува шестдневен „Базар на љубовта и виното“ во Скопје


Во пресрет на Свети Валентин – Денот на вљубените и пријателството и Свети Трифун – Денот на виното и лозјето, во организација на Скопје Сити Мол од 9 до 14 февруари ќе биде отворен шестдневен „Базар на љубовта и виното“. На базарот, учество ќе земат преку 50-тина ракотворци, a ќе се претстават и неколку мали […]

Без вода дел од Центар, со намален притисок Карпош 3


ЈП „Водовод и канализација“ известува дека денеска без вода ќе бидат жителите на Маџир Маало и корисниците од улицата „11 Октомври“ во Општина Центар, а со намален притисок ќе бидат жителите од населба Карпош 3. Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-100 мм на кеј „13 Ноември“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Маџир […]

Наутро магла, преку ден сончево со мала до умерена облачност


 Синоптичарите за утринава најавуваат услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена облачност, која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 9 февруари 2024 година, 40-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 326 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 38 минути, а ќе зајде во 16 часот и 58 минути. Денов трае 10 часа и 19 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Кралицата Камила за болеста на Чарлс Трети: Кралот се чувствува „исклучително добро“


Кралицата Камила вечерва и се обрати на публиката на музичката вечер во катедралата во Солсбери, велејќи дека кралот Чарлс се чувствува „исклучително добро“ и оти продолжува со лекувањето. – Тој многу добро се снаоѓа во овие околности. Тој е многу трогнат од сите писма и пораки испратени од јавноста од целиот свет, рече кралицата. Лекувањето […]

Даниел Димевски продолжува да го предводи МОК


Актуелниот претседател на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, доби огромна поддршка од делегатите на редовното изборно собрание на организацијата, кои со големо мнозинство му дадоа доверба да го предводи МОК и во следниот мандат. Од 55 присутни делегати, 45 гласаа за Димевски, 8 беа против, а двајца беа воздржани. За изборот на Димевски, на непосредни […]

Мендух Тачи нема да гласа за предлозите на Села за министри


  Пред утрешната седница на Собранието околу разрешувањето на двајцата министри на Алијансата за Албанците на површина излезе и старото ривалство меѓу Мендух Тачи и Зијадин Села. Лидерот на ДПА, Тачи, вечерва за ТВ 21 изјави дека не само што нема да гласа „за пратениците на Села“ туку и нема да дојде на седницата на […]

Првпат надмината границата на затоплување од 1,5 степени за една година


 Глобалното затоплување првпат надмина 1,5 степени Целзиусови годишно, тврди Канцеларијата за климатски промени на ЕУ Коперник. Периодот од февруари 2023 година до јануари 2024 година достигна 1,52 степени на затоплување и научниците бараат итно намалување на штетните емисии. „Ова далеку го надминува она што е прифатливо. Погледнете што се случи оваа година, со пораст од […]

Милевски задоволен од составот на групата во Лигата на нации: Целта за нас е првото место


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски во првата реакција на вечерашната жрепка за групната фаза во Лигата на нации рече дека целта на „црвено – жолтите“ е да го освојат првото место во групата Ц 4 во конкуренција на Ерменија, Фарски Острови и Латвија. „Ако во претходните циклуси бевме во групи кои реално сакавме […]

САД нудат награда до 10 милиони долари за информации за водачите на Хајв ренсомвер


САД нудат награда до 10 милиони долари за информации кои водат до идентификација или локација на клучните водачи на организираната криминална група Хајв ренсомвер (Hive Ransomware), соопшти денеска американскиот Стејт департмент. Цел на Хајв ренсомвер беа жртви од повеќе од 80 земји, вклучително и САД, соопшти Стејт департментот. Почнувајќи од крајот на јули 2022 година, […]

Киев веќе годинава ќе добие Ф-16 од Холандија


Холандија веќе оваа година ќе и обезбеди на Украина борбени авиони Ф-16, изјави Олександар Карасевич, амбасадор на Украина во Холандија. – Холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен неодамна соопшти дека Украина годинава ќе добие борбени авиони Ф-16 од Холандија. Знаеме точно кога холандските борбени авиони ќе бидат подготвени да преминат во Украина, но тоа секако […]

Оваа земја купува огромни количества руска нафта: Дали треба да ѝ бидеме благодарни?


„Светот ѝ е благодарен на Индија што купува руска нафта. Не е дека тие не сакаат да купуваме руска нафта“, изјави министерот за природен гас и нафта Хардип Синг Пури за CNBC. „Ако почнеме повеќе да ја купуваме од Блискиот Исток, цената на глобално ниво нема да биде 75 или 76 долари. Ќе биде 150 […]

Зеленски во важен момент го разреши командантот на армијата. Објавено кој ќе го замени


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Валериј Залужни, врховен командант на украинската армија. Зеленски на социјалните мрежи објави заедничка фотографија на која се ракува со генералот Валериј Залужни. Ова е најзначајната промена во украинското воено раководство од рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година. Оваа промена во военото раководство доаѓа во тешко време […]

Адел со ексклузивни концерти во Минхен, единствени во Европа


Минхен, Германија, ќе биде почестен со четири + четири концерти на Адел оваа година, 2-3 и 9-10 август – единствените концерти на суперѕвездата во Европа во 2024 година. Концертите на отворено ќе се одржуваат во текот на два викенда во изложбениот центар во Минхен, Messe München, кој ќе нуди капацитет од околу 80.000 по концерт […]

Каков вид на рак може да се открие со третман на зголемена простата? Докторите објаснуваат


Официјални лица од Бакингемската палата открија дека на кралот Чарлс III му бил дијагностициран рак. Минатиот месец, кралот (75) беше подложен на третман за бенигна состојба на простата. За време на оваа неодамнешна процедура, беше забележано „посебно прашање за загриженост“, рекоа кралските власти во изјавата на 5 февруари 2024 година. Понатамошните дијагностички тестови открија дека […]

Лига на нации: Македонските фудбалери против Ерменија, Фарски Острови и Латвија


Македонската фудбалска репрезентација вечерва со жрепка во Париз ги дозна противниците во групната фаза во Ц дивизијата на Лигата на нации. Жрепката одлучи македонската репрезентација да биде дел од групата Ц4 заедно со селекциите на Ерменија, Фарски Острови и Латвија. Воведното коло ќе се игра на почетокот на септември, а завршното во ноември. Четвртфиналните дуели […]

Љубителите на стрипот се збогуваат со Алфредо Кастели, креаторот на „Марти Мистерија“


Италијанскиот стрип-сценарист и писател Алфредо Кастели, чие најпознато дело е авантуристичкиот стрип „Марти Мистерија“, починал вчера во родниот Милано, на 76-годишна возраст, објави издавачката куќа „Серџо Бонели Едиторе“. Кастели, роден во 1947 година, со стрипови почнал да се занимава од најрана возраст, а како тинејџер во 1966 година го објавил првиот италијански фанзин за стрипови „Comics Club […]

Британскиот Вог има историска проштална насловна, еве зошто


Едвард Енинфул собра 40 „легендарни жени“ за неговата проштална насловна страна на британскиот Вог. Супермодели и ѕвезди од светот на филмот, телевизијата, модата и спортот се собраа во Њујорк на снимањето „еднаш во животот“ со фотографот Стивен Мајзел. Тоа е најголемиот број на жени некогаш снимени заедно за насловна на Вог. Сите претходно позираа на […]