„Се смее од сабајле до навечер“: Никита на Викторија Јаначковиќ наполни една година (фото)


Викторија Јаначковиќ, ексмис, манекенка и дипломиран стоматолог, весело, и во друштво на семејството и пријателите, го прослави првиот роденден на ќерката Никита. Мама Јаначковиќ, со завидно манекенско портфолио создавано 20 години, една од најомилените манекенки на македонската модна сцена и секогаш меѓу трите најубави на изборите за мис, преубава, во свечен фустан и на високи […]

Австријците создаваат најмногу, а Романците најмалку смет во ЕУ


 Во текот на 2022 година во ЕУ се создадени 513 килограми комунален отпад по глава на жител, што е за четири отсто или за 19 килограми помалку во споредба со претходната година, кога количеството на смет пер капита било 532 килограми.  Според податоците на Евростат, количеството на создаден комунален отпад по глава на жител значително […]

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор


Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерството за финансии при УПОЗ, ако не се потпише колективен договор. Ова беше кажано на денешната прес конференција на Синдикатот на УПОЗ.  – Бараме да ни се вратат дополнителните 30 отсто на плата што ни ги укина Уставниот суд. Му даваме рок на министерот да го потпише до распишувањето […]

Со отворен поетски ден ДПМ ќе одбележи 77 години од постоењето 


Друштвото на писателите на Македонија е формирано на 13 февруари 1947 година, од страна на осум писатели: Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле и Ацо Шопов. За прв претседател на ДПМ е избран Блаже Конески. По тој повод, на 13 февруари 2024 година, во 11 […]

„Украдено детство“: Во Газа 500.000 деца не одат на училиште


Шефот на агенцијата на ОН за палестински бегалци Филип Лазарини соопшти дека војната во Газа предизвикала повеќе од половина милион момчиња и девојчиња да не одат на училиште. „Секој ден на војна ги продлабочува лузните, создавајќи изгубена генерација ранлива на експлоатација“, порача Лазарини во објавата на социјалните мрежи. „На децата им се краде детството. Високиот […]

Струмичките пожарникари гаснеле пожар во Моноспитовското блато


Струмичките пожарникари вчера гаснеле пожар во Моноспитовското блато, каде биле зафатени сува трева и трски. Како што информираа од ТППЕ Струмица, во гаснењето на пожарот учествувале две против пожарни возила и 6 пожарникари, а пожарот бил навреме и успешно изгаснат. Инаку, Моноспитовското блато се простира на површина од околу 400 хектари. Тоа е едно од […]

Џафери уверува дека Владата функционира неепречено, денес смена на министрите на Алијансата


Премиерот Талат Џафери во интервју за „Дојче Веле” се осврна на предложените промени во составот на техничката Влада која тој ја предводи при што истакна дека Владата функционира целосно и непречено, а во рамки на надлежноста. „Владата  функционира потполно. Преземени се активности и мерки по однос на решавање на статусот на дел, односно на членови […]

Таравари се повикува на поддршка на членството, Села на процедурите


  Арбен Таравари го премина рубиконот во поделбата на партијата каде што е претседател – Алијанса за Албанците – сега се очекува реакцијата на другата моќна личност, Зијадин Села. По вчерашниот собир во Куманово со членови на Централното собрание на партијата Таравари објави дека била донесена одлука за приклучување кон опозицијата. „Делегатите гласаа за мојот […]

Груби барал од директорите во здравство да не ги прифаќаат одлуките на Меџити


Директорите во здравствените установи добиле вибер порака од вицепремиерот во техничката влада задолжен за координација на политички прашања на ресорите Артан Груби во кои тој бара да не прифаќаат никакви документи решенија потпишани од министерот за здравство Фатмир Меџити, објави порталот Фактор. Порталот тврди дека ја поседува пораката на Груби до директорите која гласи:   […]

Грција и САД ќе го одржат петтиот стратешки дијалог


Петтиот круг од стратешкиот дијалог меѓу Грција и САД ќе се одржи денеска во Вашингтон, а шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис ќе се сретне со американскиот државен секретар Антони Блинкен, јави дописничката на МИА од Атина.  Од Министерството за надворешни работи на Грција соопштија дека на агендата на стратешкиот дијалог ќе бидат: регионалните случувања, […]

Роналдо се налути на скандирањата „Меси“: Јас сум овде, а не Меси


 Кристијано Роналдо ги загуби нервите неколку пати за време и по поразот на неговиот Ал-Насер од Ал-Хилал со 2:0 вчеравечер за купот „Ријад сезона“ во Саудиска Арабија, кој се играше неколку дена пред продолжението на првенството. Веќе за време на натпреварот, петкратниот освојувач на „Златната топка“ беше испровоциран од навивачите кои скандираа „Меси, Меси“. Во […]

Се знае кој ќе го спроведува проектот „Смарт Аеродром“


Паметните светилки, бесплатниот интернет и изнајмувањето велосипеди и тротинети, односно ветувањата и заложбите за попаметна општина стануваат реалност и тоа за прв пат во Аеродром. Општината Аеродром преку повик за јавно – приватно партнерство ја избра компанијата „Кресцент-смартсити дооел Скопје“ која во следниот период има обврска да го спроведе проектот „Смарт Аеродром“. Станува збор за […]

Денеска од 11 до 17 часот блокада на меѓународниот сообраќај на граничниот премин Меџитлија


Земјоделците од северниот дел на Грција, денеска од 11 до 17 часот по македонско време, целосно ќе го блокираат премин Ники на грчка страна.  -Блокадата на граничниот премин Ники, исто времено значи дека нема да биде во функција и граничниот премин Меџитлија, односно македонските граѓани нема да имаат можност да патуваат во соседна Грција се […]

Иранец со секира и нож држел 15 лица како заложници во воз во Швајцарија. Убиен е!


Швајцарската полиција соопшти дека 32-годишен ирански барател на азил вооружен со секира и нож држел 15 лица како заложници во воз меѓу Баулмес и Ивердон-ле-Бен речиси четири часа додека полицијата упаднала во возот во четвртокот вечерта и го убила. „Сите заложници се ослободени неповредени. Во интервенцијата напаѓачот е смртно ранет“, соопшти полицијата во кантонот Во. […]

Бајден: Израел претера со одговорот во Појасот Газа


Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа изјави дека бил претеран воениот одговор на Израел во Појасот Газа. – Јас навистина се залагам хуманитарната помош да стигне во Газа. Јас сум и за прекин на огнот, за да се овозможи ослободување на заложниците. Сето ова мора да престане што поскоро, има многу невини луѓе, многу оние […]

Василиј Анисимов, милијардер со хрватски пасош, се откажа од руското државјанство


Рускиот бизнисмен Василиј Анисимов (72), сопственик на хрватски пасош, стана седмиот милијардер кој се откажалод руското државјанство по инвазијата на Украина, јави списанието „Форбс Русија“. Анисимов, чиј имот се проценува на 1,6 милијарди долари, се откажа од руското државјанство во септември 2022 година. Тој е и државјанин на Хрватска и Доминика. Бизнисменот роден во Казахстан […]

Абот: Нова војна во Косово не е можна, Србија знае дека НАТО нема да го дозволи тоа


 Британскиот амбасадор во Косово, Николас Абот ги нарече нереални предупредувањата за можна војна во Косово, со оглед на поддршката што Косово ја има од своите меѓународни партнери, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за ТВ Клан Косова, Абот рече дека најверојатно нема да дојде до нов вооружен конфликт меѓу Косово и Србија, […]

Најстудено во Берово, најтопло во Виница


Во Берово утрово е најстудено, -4 степени, а најтопло во Виница, 4 степени. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), изутрина во 7:30 часот се измерени -3 степени во Скопје-Петровец и Струмица, -2 во Демир Капија, -1 во Велес и Гевгелија, нула степени во Битола, Тетово, Крива Паланка и Штип, еден степен во Скопје-Зајчев […]

„Бахус“ – промоција на вториот крими – роман на Сашо Кузмановски


Во книжарницата на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на романот „Бахус“ од авторот Сашо Кузмановски, во рамките на фестивалот Денови на литературата што се одржува од 6 до 20 февруари. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот ќе го […]