Новиот правилник за оценување во Србија: Воведување ред или Пандорина кутија


Само штом стапи на сила, новиот Правилник за оценување веќе предизвика поделени мислења кај просветните работници. И додека од Министерството посочуваат дека е неопходно да има Правилник за воведување ред и превентивни мерки, некои сметаат дека е недоречен, а дел дека го девастира српското образование. Министерството за образование објави нови правилници за оценувањето на учениците […]

Скандали ја потресуваат Унгарија на Орбан: „Веќе вака не може“


Унгарскиот премиер Виктор Орбан се соочува со најголемата политичка криза откако се врати на власт во 2010 година, по шокантните оставки на две блиски сојузнички во саботата поради сексуална злоупотреба на деца. Унгарската претседателка Каталин Новак и поранешната министерка за правда Јудит Варга, најистакнатите жени на владејачката партија Фидес, во саботата поднесоа оставки поради помилување […]

Путин не бил задоволен од интервјуто со Такер Карлсон, немало „остри прашања“


  Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека му е благодарен на десничарскиот американски телевизиски водител Такер Карлсон за неговото минатонеделно интервју, но беше изненаден од недостатокот на „остри прашања“. Поранешната ѕвезда на Фокс њуз, Карлсон, објави двочасовно интервју со Путин во Москва во четвртокот минатата недела, кое се најде на насловните страници ширум светот. Путин […]

Роналдо го одигра својот 1.000 натпревар на клупско ниво


Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо вчеравечер го постигна победничкиот гол во првиот осминафинален натпревар од азиската Лига на шампиони против Ал Феиха (1:0). За португалскиот фудбалер овој натпревар беше јубилеен – 1.000-ти на клупско ниво.  Триесет и деветгодишниот Роналдо има 31 натпревар за Спортинг, 346 за Манчестер јунајтед, 438 за Реал Мадрид, 134 за […]

Остин: Цивилите треба да бидат заштитени пред Израел да го нападне Рафа


 Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во телефонски разговор со неговиот израелски колега Јоав Галант изјави дека цивилите треба да бидат заштитени и да се достави хуманитарна помош пред Израел да почне со воените операции против Хамас во Рафа на југот на Појасот Газа, соопшти Пентагон. Во соопштението се наведува дека Остин и Галант разговарале […]

Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија


 На Попова Шапка изутрина во 7:30 часот  се измерени -6 степени, -5 во Маврови Анови, -4 во Битола, Крива Паланка, Крушево и Берово, -3 во Претор и Тетово, -2 во Прилеп и Охрид, -1 во Струмица и Виница, а нула степени во Штип. Еден степен е измерен во Скопје-Петровец, два во Скопје-Зајчев Рид, три во […]

Следните две недели се очекува партиите да ги објават кандидатите за претседател на државата


Во следните две недели се очекува политичките партии да ги финализираат нивните анализи, преговори и мерења на кандидатите и да ги објават имињата на кандидатите за претседател на државата кои се закажани да се одржуваат на 24 април. Изминативе денови, лидерите на политичките партии единствено што информираат е дека „кругот се стеснува“, но не објавуваат […]

Украински дрон погоди складиште за нафта во руската област Курск, нема жртви


Украински дрон нападна складиште за нафта во руската област Курск и предизвика пожар во објектот, изјави денеска локалниот гувернер Роман Старовоит на Телеграм. „По нападот на депото нема повредени“, изјави гувернерот Старовоит. Во текот на изминатиот месец, руската енергетска инфраструктура беше погодена од напади со беспилотни летала и пожари. Како што пренесуваат странските агенции, ова […]

„Неврзаните“ и „Филмски герили“ на Мила Турајлиќ вечерва во КИЦ


Документарниот диптих „Неврзаните“ и „Филмски герили“ на Мила Турајлиќ, денеска ќе биде прикажан во Салон 19:19 во Културно информативниот центар – Скопје, со почеток во 20:00 часот. Со документарниот диптих, почнува филмскиот сектор и филмската програма во КИЦ.  – „Неврзаните“ и „Филмски герили“ се документарен диптих од два долгометражни филмови кои нè носат на архивски […]

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила


Јапонија, поради слабата домашна потрошувачка, падна во рецесија и ја загуби позицијата на трета по големина економија во светот, која сега е преземена од Германија. Бруто домашниот производ е намален за 0,4 отсто во последните три месеци од 2023 година, соопштија денеска властите. Во претходниот квартал економијата падна за 3,3 отсто. Секој благ пад на […]

Промоција на македонските преводи на француските дела „Идис“ и „Везење“


Македонските преводи на француските дела „Идис“ од Робер Бадентер, во превод на Гзиме Старова, издание на „Или-или“ и „Везење“ од Марџан Сатрапи, во превод на Јоана Хаџи-Лега Христоска, издание на „Бункер“, вечер во 18 часот ќе бидат промовирани во просториите на Францускиот институт во Скопје. Настанот ќе се одвива на македонски јазик, а ќе го […]

Промоција на книга за Јанко Узунов


Книга за Јанко Узунов ќе биде промовирана денеска во Скопје. Автор на книгата „Јанко Узунов – ТОЈ! …сиот беше музика!” е Валентина Ѓоргиевска Парго.  Како што посочува авторката, книгата, преку лесно читлива нарација, содржи пријатни сеќавања и раскажувања од неговите најблиски, и го открива Узунов во едно неформално издание, но од повеќе аспекти, и како […]

„Љубов, страст – фламенко“ по повод Денот на вљубените


Оркестарот на Македонската филхармонија вечерва ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените, насловен „Љубов, страст- фламенко!“. Диригент е Кристијан Васкез од Венецуела, а како солистка ќе настапи фламенко пејачката Марина Ередија од Шпанија. На програмата се дела од Лорка, де Фаља и Гинастера. -Оваа година, традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените […]

Прогресoт на Русија во развој на напредно вселенско оружје предизвикал загриженост во САД


Тврдењата за сериозни закани по националната безбедност на САД се однесувале на прогресот на Русија во развој на ново вселенско нуклеарно оружје дизајнирано да направи штети на распространетата американска сателитска мрежа, објави синоќа „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на сегашни и поранешни службеници. Ако биде распоредено, таквото оружје-убиец на сателити може да ја уништи граѓанската комуникација, […]

Новиот јавен обвинител Коцевски ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието


Новиот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Јован Митрески. Собранието завчера едногласно со 62 гласа „за“ го избра Коцевски за нов државен јавен обвинител. Коцевски беше предложен како единствен кандидат за нов државен јавен обвинител откако обвинителката Лидија Раичевиќ не доби позитивно мислење од Советот на јавни […]

Комисиска расправа за Предлог-измените на Законот за урбанистичко планирање


 Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за транспорт, врски и екологија, на која се очекува да се расправа по Предлог измените на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Како што стои во образложението објавено на собраниската веб-страна, целта на Предлог-измените е доуредување на одредбите за урбанистичко планирање во врска со зафаќањето на земјоделско […]

Џафери во посета на Општина Липково


Претседателот на техничката Влада Талат Џафери денеска ќе ја посети Општина Липково. Тој во 10:00 часот ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод новата градинка во Матејче, а ќе го посети и Домот на културата, информираат од владината прес-служба. Во 10:30 часот, Џафери ќе присуствува на настан за реконструираниот локален пат во […]

Презентација на „Анализа на е-услугите во општините во Република Северна Македонија во 2023“


Општините се далеку од процес на нивна дигитализација и дигитална трансформација, е еден од заклучоците во „Анализата на е-услугите во општините во Република Северна Македонија во 2023“, изработена од Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“, која ќе биде презентирана денеска, со почеток во 12.00 часот, во Јавна соба. Од „Метаморфозис“ посочуваат дека анализата на е-услугите […]

Свечена академија по повод отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки


Универзитетската клиника за хематологија денеска ќе одржи свечена академија по повод отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки, којшто беше пуштен во употреба пред две недели, соопшти Министерството за здравство. На академијата во амфитеатарот на Деканатот на Медицинскиот факултет ќе се обратат министерот за здравство во техничката влада Илир Демири, директорите на Клиниката […]

Без вода амбулантата „Пролет“, дел од бул. „Кочо Рацин“ и „Женевска“


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска без вода ќе бидат дел од корисниците на улицата „11 Октомври“, од потегот на булеварот „Кочо Рацин“ до Тутунски комбинат, на улицата „Женевска“, амбулантата „Пролет“ и куќите зад неа. На улицата „11 Октомври“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот, поради менување на вентил ф-300 мм. […]