Прогресoт на Русија во развој на напредно вселенско оружје предизвикал загриженост во САД


Тврдењата за сериозни закани по националната безбедност на САД се однесувале на прогресот на Русија во развој на ново вселенско нуклеарно оружје дизајнирано да направи штети на распространетата американска сателитска мрежа, објави синоќа „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на сегашни и поранешни службеници.

Ако биде распоредено, таквото оружје-убиец на сателити може да ја уништи граѓанската комуникација, набљудувањето од вселената и воено-командните операции на САД и сојузниците. Леон Панета, поранешен директор на ЦИА, за Си-Ен-Ен синоќа истакна дека во таков случај тоа би претставувало итна закана по националната безбедност на САД.

Доверливите информации за „дестабилизирачки странски воени капацитети“ што синоќа ги објави републиканскиот конгресмен Мајкл Тарнер не поставувале серизни прашања дали Русија се подготвува да излезе од Договорот за подалечна вселена од 1987 година, според кој се забранува нуклеарно оружје во орбитата.

Во протечените документи се вели „Русија се чини е далеку од распоредување на такво оружје“, така што тоа не претставува итна закана, заклучуваат некои службеници.

Тарнер, кој претседава со Комитетот за разузнавање во Претставничкиот дом, вчера преку е-пошта објави енигматско предупредување за итна закана по националната безбедност, се создала тивка паника по што некои конгресмени се послужиле со тајните излези од зданието. Тој побара од администрацијата на Џо Бајден да ја декласифицира таа информација без да каже за што станува збор.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави на новинарите во Белата куќа дека денеска се среќава со групата составена од двајца лидери на двата дома на Конгресот и уште неколку конгресмени задолжени за разузнавање и безбедност да ги брифира за напредокот на оваа руска нуклеарна програма.

Доверливите податоци веќе две години биле споделувани со оваа група.