Без вода амбулантата „Пролет“, дел од бул. „Кочо Рацин“ и „Женевска“


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска без вода ќе бидат дел од корисниците на улицата „11 Октомври“, од потегот на булеварот „Кочо Рацин“ до Тутунски комбинат, на улицата „Женевска“, амбулантата „Пролет“ и куќите зад неа.

На улицата „11 Октомври“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот, поради менување на вентил ф-300 мм. Без вода ќе бидат корисниците од потегот на булеварот „Кочо Рацин“ до Тутунски комбинат

Од 09:00 часот, прекин на водоснабдувањето ќе има на улицата „Женевска“ 29, поради менување на вентил ф-1“.

Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф 1“ на булеварот „3-та Македонска бригада“ 18Б, денеска, од 08:30 часот, со прекинато водоснабдување ќе биде амбулантата „Пролеќе“ и куќите зад амбулантата.