Пад од три позиции за македонската репрезентација на ФИФА ранг-листата


Македонската фудбалска репрезентација се најде на 68. место на најновата ранг-листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавена денес, прва во 2024 година. „Црвено-жолтите“ имаат ист број бодови (1362,17) како и на претходното рангирање (декември 2024) кога беа 65-ти, но тие се престигнати од неколку репрезентации кои имаа успешни настапи на Африканскиот куп на нации 2024. […]

Неврологот д-р Марија Бабуновска меѓу финалистите на 10-тите Меѓународни Медис награди за медицински истражувања


Неврологот д-р Марија Бабуновска од Универзитетската клиника за неврологија во Скопје, е меѓу 18-те финалисти  на 10-тите Меѓународни Медис награди за медицински истражувања. Меѓународната стручна комисија на конкурсот, ја заврши евалуацијата на 242 научно-истражувачки трудови, од кои 148 апликации ги исполнија строгите критериуми за номинација, меѓу кои е и д-р Марија Бабуновска од РС Македонија, […]

„Економист“: Македонија и натаму „несовршена демократија“, но блиску до тоа да стане „целосна“


„Економист“ во Индексот што го објави денес за 2023 година ја стави Македонија во групата на „несовршени демократии“. Тоа е едно скалило над хибридините режими и едно под нивото „целосни демократии“. Практично од 2020 година кога важеше за „хибриден режим“ Македонија е на истата позиција во однос на развојот на демократијата, при што овојпат има […]

Таравари ќе биде градоначалник додека се трка на изборите за претседател


  Претседателот на Алијанса за Албанците (АА) и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари денеска објави дека ќе биде кандидат за претседател  на државата. Неговата кандидатура, како што рече, е предлог на Претседателството на АА, со поддршка од опозициските партии на Албанците, обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП). „Привилегија е да се има доверба […]

Пожар во зградата на „Известија“ во Москва


Голем пожар ја зафати зградата на „Известија“ на плоштадот Пушкин во Москва кој сега е изгаснат, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. Неколку противпожарни единици биле испратени на местото на настанот кога пожарот избувнал утрово во 5 часот наутро. Засега нема извештаи за жртви. Зградата на „Известија“ била изградена меѓу 1925 и 1927 година, а […]

Шукова: Саса е пример како треба да се инвестира во животната средина


 Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска го посети рудникот „Саса“ во Македонска Каменица, за кој во финална фаза е постапката за измена на А – Интегрираната еколошка дозвола, информираат од МЖСПП. – Саса е добар пример како треба да се инвестира во животната средина и како со транзиција и примена на […]

Москва: Само 20 отсто од европските и американските компании официјално го напуштиле рускиот пазар


Само 100 од 500 европски компании официјално го напуштија рускиот пазар, а повеќето од нив го задржаа правото на откуп, изјави рускиот вицепремиер и министер за индустрија и трговија Денис Мантуров на пленарната седница по повод Денот на индустријата. – Тоа е податок на Асоцијацијата на европските компании. Од 500 големи компании (не ги вклучувам […]

Арапските земји апелираат до Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Газа


Дваесет и две арапски земји апелираа до Советот за безбедност на ОН да побара итен прекин на огнот во Газа и непречена хуманитарна помош и да спречи какво било префрлање на Палестинците од таа територија. Претседавачот на арапската група овој месец, амбасадорот на Тунис во ОН, Тарик Ладеб, синоќа изјави  дека околу 1,5 милиони Палестинци […]

Грчките пратеници денеска ќе гласаат за законот за истополовите бракови


Со поддршка од дел од пратениците од владејачката Нова демократија и со пратеници од четири опозициски партии, се очекува вечерва законот за истополовите бракови да биде изгласан во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Расправата за предлог-законот „Еднаквост во граѓанските бракови, измена на граѓанскиот законик и други одредби“, што предвидува проширување на можноста […]

Писториус: Влезот на Шведска во НАТО треба да се случи сега


 Планираниот пристап на Шведска во НАТО е задоцнет и треба да се случи сега, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус. – Секое натамошно одложување го оптоварува трпението на сите, им рече Писториус на новинарите пред состанокот на министрите на НАТО во Брисел. Унгарија е единствената членка на НАТО која се уште не го […]

Луда одбрана на возач на „тесла“: „И да сум ја убил жената, автопилотот беше вклучен“


Еден возач на „тесла“ (42) кој првично негираше дека убил жена кога ја удрил со својот автомобил, сега вели дека „не може да се сети дали ја прегазил“. Ако и ја удрил жената, вели тој, причината за тоа е што автопилотот бил вклучен додека ги проверувал мејловите, така гласи одбраната на овој возач пред судот […]

Скопјанка (24) и 52-годишен кочанчанец се жртвите од вчерашната сообраќајка на патот Штип-Кочани


Двесет и четири годишната Н.П од Скопје сопатничка во возилото „сеат ибица“ со скопски регистерски таблички и 52 годишниот Г.А од Кочани, сопатник во автомобилот „голф“ со кочански регистерски таблички, се жртвите во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи на експресниот пат Штип- Кочани во атарот на селото Жиганци, соопшти денеска за МИА портапролот на […]

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта пред заминување распишува тендери за јаглен


„Власта во заминување спрема огромен криминал тежок 9 милијарди денари (146 милиони евра). СДС и ДУИ преку два тендери во РЕК Битола сакаат да испумпаат 9 милијарди денари народни пари преку фирми блиски до нив“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Непосредно пред избори власта во заминување распишува два од можеби најголемите тендери некогаш спроведени во Македонија. Околу […]

Надал: Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата, кога ќе го видам неговиот успех, не сакам да се лутам


Шпанскиот тенисер и 22-кратен грен слем шампион Рафаел Надал кажа што мисли за лидерот во светската ранг-листа, 36-годишниот Новак Ѓоковиќ. -Мислам дека Новак е добра личност. Кога ќе го видам неговиот успех, не сакам да се налутам. Би рекол дека е најдобриот тенисер во историјата. Неговото тело е подобро од моето, а тоа е исто […]

Четири жртви во пожар во Бар – тројца се малолетници


Четири неидентификувани лица загинаа во пожар во Бар, јави црногорски „Вијести“. Претставници на полицијата за телевизија „Вијести“ потврдиле дека меѓу жртвите има тројца малолетници. Пожарот избувнал во раните утрински часови, во населбата под ридот Волујица, јавува Бар инфо. – Во четири часот и 35 минути, припадниците на Службата за заштита и спасување ги известиле дежурните […]

Денес во Гостивар Таравари ќе ја објави кандидатурата за претседател


Денеска во 10 часот на градскиот плоштад во Гостивар, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари ќе ја објави кандидатурата за претседател на државата. Кандидатурата е поддржана од претседателството на партијата и од Европскиот сојуз за промени, коалицијата на Беса, Алтернатива и Демократско движење. На прес конференцијата е најавено присуството на Изет Меџити, Африм Гаши, […]

Борис Бекер се сврши по третпат


 Поранешниот германски тенисер Борис Бекер се свршил со својата 23 години помлада девојка по тајно запросување, објави германскиот весник „Билд“. Тоа за него би бил трет брак. Неговата девојка Лилијан де Карваљо Монтеиро – политиколог од африканската островска држава Сао Томе и Принципе, е со Бекер (56) веќе неколку години. Тие заедно се преселиле во […]

Почина ќерката на ексградоначалникот Владимир Талевски


Марија Талеска-Мургоска, ќерка на ексградоначалникот на Битола и актер, Владимир Талевски, почина на 39-годишна возраст. Лошата вест, доаѓа во моменти кога нејзиниот татко издржува затворска казна за случајот „Транспортер“ во прилепскиот затвор. Марија е една од двете ќерки на Талевски. Причината за смртта, според првичните информации, е срцев удар. Талевски денеска ќе биде пуштен од […]

Хамилтон: Помотивиран сум од било кога да завршам со Мерцедес на врвот


 Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон на крајот на годината ќе го напушти Мерцедес и ќе премине во Ферари. Сепак, Британецот уверува дека е цврсто решен да постигне успех во 2024 година. – Помотивиран сум и фокусиран од кога било. Сигурно не би помислил дека во оваа фаза од мојот живот ќе го почувствувам […]

Столтенберг: Сугестијата дека НАТО нема да ги брани сите сојузници ја поткопува безбедноста на сите


Членот 5 од Договорот од НАТО, кој предвидува дека напад врз еден сојузник се смета за напад врз сите, е сржта на Алијансата и секоја сугестија дека нема да ги браниме сите сојузници ја поткопува безбедноста на сите нас, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред почетокот на заседанието на Северноатлантскиот совет во […]