Без струја дел од Кучевиште, Илинден и Кучково


Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците во општина Илинден, Кучевиште во Чучер Сандево и село Кучково во општина Ѓорче Петров. Во период од 08:00ч до 15:00 часот, без напојување ќе останат потрошувачите на улицата лево од „Електро Микица“ и потрошувачите на главната улицата кон Илинден. Во период од 09:00ч до 15:00 часот, […]

Изборната кампања за парламентарните избори од 18 април до 6 мај


Изборната кампања за парламентраните избори закажани за 8 мај годинава, започнува на 18 април во 00:00 часот и ќе трае до 24:00 часот на 06 мај, соопшти Државната изборна комисија. Според роковникот што го усвои ДИК, изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае […]

Крвава прослава на титулата: Еден загина, најмалку 10 повредени во пукотница на собир за Супербоулот во Канзас Сити


Едно лице загина, три се во критична состојба, пет се во тешка состојба, додека едно е надвор од животна опасност во пукање со огнено оружје на собир на победниците во Супербол – Канзас Сити, соопшти локалната полиција. Полицијата во Канзас Сити објави дека биле регистрирани пукотници во близина на станицата Унион, каде што само неколку […]

Таравари се согласил да биде претседателски кандидат на албанската опозиција?


  Прво велеше дека не е заинтересиран за предлогот на трите опозициски партии во албанскиот блок, но расколот во неговата сопствена партија изгледа го премисли. Според пишувањата на неколку медиуми, сѐ уште актуелниот претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, наводно се согласил да биде кандидат за претседател на албанската опозиција. Одлуката, како што јавува […]

Франција во тага за Робер Бадентер, моралната совест на нацијата


  На поранешниот француски министер за правда Робер Бадентер ќе му биде напишано името во Пантеон, почивалиштето на великаните на нацијата, рече Емануел Макрон, среде изливот на национална тага поради смртта на адвокатот кој се бореше за забрана на смртната казна во Франција. Макрон на комеморацијата во средата изјави дека Бадентер, кој почина на 95-годишна […]

Водител на полската телевизија се извини за пропагандата во режимските години


  Телевизиски презентер на државната телевизија на Полска се извини за годините на „срамни зборови“ упатени кон ЛГБТК+ луѓето, во моментот што еден истакнат борец за права го поздрави како затворање на едно поглавје во полското општество. Барт Сташевски, активист и режисер, рече дека извинувањето што му беше упатено во живо во неделата ја покажало […]

За Битиќи се обезбедува модел за поевтина струја, за Тунески ефектите од законот за Митилинеос се катастрофални


Ниту една од четирите стратешки инвестиции во енергетиката кои го поминаа првиот филтер во Собранието да се носат по скратена постапка не е доволна да го намали дефицитот кој го имаме во енергетскиот биланс. Токму тоа е и причината што државата не ги гради сама, туку бара стратешки инвеститори за нивна реализација, порача вечерва вицепремиерот […]

Екстремно невреме, тревога: Повеќе од 500.000 животни измрзнаа до смрт


Монголија ја подигна подготвеноста за катастрофи на високо ниво на тревога бидејќи над половина милион добиток угина во екстремното студено време. Монголскиот премиер Лувсаннамсраи Ојун-Ерден нареди да се преземат сите можни мерки за да се надминат тешкотиите во сточарскиот сектор и да се обезбеди сеопфатна поддршка на сточарите, се вели во соопштението за печатот. Вкупно […]

Рутинска победа на ПСЖ над Еурофарм Пелистер 31:25


 Европскиот ракометен спектакл во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Пари Сен Жермен заврши со очекувана победа на францускиот шампион и со спортски аплауз за сите ракометари. Ракометните ѕвезди на Пари Сен Жермен предводени од Никола Карабатиќ победија со 31:25 односно со 6 голови предност каква што имаа на полувремето кое заврши со 15:9 за гостите. […]

Јапонија, Шведска и Норвешка имаат најдолг животен век, кои се нивните навики?


Иако повеќето луѓе сакаат здрав и долг живот, истражувањата покажуваат дека Јапонците во просек живеат најдолго, а потоа следат Швеѓаните и Норвежаните. „Постојат голем број фактори кои придонесуваат, вклучувајќи ја исхраната, нивото на физичка активност, здравствената заштита и системите за поддршка во овие земји“, изјави д-р Раши Агарвал за Yahoo Life. Во продолжение погледнете ги […]

Без вода улиците „Банатска“ и Самоилова“


Без вода денеска од 11:00 часот се дел од корисниците од улиците „Банатска“ и Самоилова“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка ф- 1“на ул.„Банатска“ 7 . Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. 

Утре без вода ул „11 Октомври“, а без струја Илинден и Чучер Сандево


 Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека утре поради менување вентил  ф-300 мм на ул. „11-ти Октомври“ бб во општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица, на потегот од булеварот „Кочо Рацин“ до Тутунски комбинат. Водоснабдувањето, како што соопштуваат од РЦУК Скопје, ќе биде прекинато од 9 часот до завршување […]

Распишани претседателските и парламентарните избори 2024


 Претседателот на Собранието Јован Митрески попладнево ги распиша претседателските и парламентарните избори 2024. Првиот круг од претседателските избори се закажани на 24 април, додека вториот круг ќе се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај.  – Денеска, во согласност со мојата уставна надлежност и уставно предвидените рокови, ги потпишав решенијата за распишување на изборите за […]

Џафери – Фон дер Лајен: Северна Македонија постигна многу и треба да продолжи по европскиот пат


Процесот на преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија, случувањата во земјата во пресрет на претседателските и парламентарни избори, како и состојбите во регионот, беа главни теми на средбата на претседателот на техничката Влада, Талат Џафери и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен одржана доцна попладнево во Брисел.  На средбата на […]

Надал: Во последен момент ќе донесам одлука за настап во Доха


Рафаел Надал, некогашниот тенисер број еден во светот, сепак би можел да го одложи враќањето на терените. Шпанецот е пријавен за турнирот во Доха следната недела, но според последните информации, тенисерот би можел да го пропушти. И покрај тоа што во последно време интензивно тренира, Надал почувствувал непријатност во пределот на колкот, па може превентивно […]

Градоначалникот на Општина Кисела Вода разреши директорка на основно училиште која поседувала лажна диплома за странски јазик


Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски разреши директорка на основно училиште која поседувала лажна диплома за странски јазик. Вели дека нема компромиси кога е во прашање спроведувањето на законите и апелира до надлежните институции да го расветлат случајот, работејќи непристрасно и водејќи се исклучиво според законодавната легислатива. Ѓорѓиевски потенцираше дека правдата мора да излезе […]

Лудилото со вештачка интелигенција ја лансираше „Нвидија“ над „Амазон“ според пазарната вредност


Во напливот поттикнат од возбудата поради вештачката интелигенција, „Нвидија“ (Nvidia) накратко го надмина „Амазон“ (Amazon) по пазарна капитализација и стана четврта највредна американска компанија. На рекордно високо ниво од 734,96 долари по акција, пазарната вредност на „Нвидија“  достигна врв на 1,82 билиони долари, за малку надминувајќи ги 1,81 билиони долари на „Амазон“ и зад 1,87 […]

SpaceX отстранува 100 стари сателити Starlink од орбитата


SpaceX планира да ги отстрани постарите сателити Starlink од орбитата со цел да го намали бројот на потенцијално опасни вселенски летала во ниската орбита на Земјата. SpaceX потврди дека во наредните недели и месеци ќе бидат отстранети 100 постари сателити Starlink од верзијата 1 за да се одржи вселената. Планот е веќе објавен, а компанијата […]

Регулаторна комисија донесе нов тарифник за цената на водата за пиење, годинава цената за штипјани се зголемува за три денари


Цената на водата за пиење за штипјани се зголемува за три денари во текот на оваа година. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Кирил Зајков денеска изјави  дека иако не поднеле барање за зголемување на цената, сепак од Регулаторна комисија донесен е нов тарифник на цената на водата за пиење за наредните три години. -Претходната регулаторна тарифа […]

Се бара решение за граѓаните кои платиле за вадење нови возачки и сообраќајни дозволи


По одлуката на Владата дека возачките и сообраќајните дозволи ќе бидат бесплатни, се бара решение за оние граѓани кои веќе  ги имаат извадено овие документи за кои имаат платено. Од Владата во изјава за МИА велат дека работна група треба да изнајде соодветно решение за ова. – По ова прашање работната група треба да изнајде […]