Без струја дел од Кучевиште, Илинден и Кучково


Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците во општина Илинден, Кучевиште во Чучер Сандево и село Кучково во општина Ѓорче Петров.

Во период од 08:00ч до 15:00 часот, без напојување ќе останат потрошувачите на улицата лево од „Електро Микица“ и потрошувачите на главната улицата кон Илинден.

Во период од 09:00ч до 15:00 часот, околина на пристапниот пат до манастирот „Св. Архангел Михаил“ и поштата во село Кучевиште, Општина Чучер Сандево.

Во период од 09:00ч до 14:00 часот, денеска без струја ќе бидат дел од потрошувачите на с. Кучково, околу Чешма на сретсело и пат с.Кучково – с. Грачани, во Општина Ѓорче Петров.