Утре без вода ул „11 Октомври“, а без струја Илинден и Чучер Сандево


Фото: Б. Грданоски

 Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека утре поради менување вентил  ф-300 мм на ул. „11-ти Октомври“ бб во општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица, на потегот од булеварот „Кочо Рацин“ до Тутунски комбинат.

Водоснабдувањето, како што соопштуваат од РЦУК Скопје, ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без струја ќе останат дел од општините Илинден и Чучер Сандево.

  – Во период од 8:00 до 15:00 часот, без напојувањe со електрична енергија ќе останат потрошувачите на улицата лево од „Електро Микица“ и потрошувачите на главната улицата кон Илинден, во општина Илинден, информираат од РЦУК Скопје.

Во период од 9:00 до 15:00 часот, без струја ќе биде и околина на пристапниот пат до манастирот Св. Архангел Михаил и поштата во село Кучевиште во општина Чучер Сандево.