Агенцијата за филм ги објави резултатите од конкурсот за финансирање детски филм


Агенцијата за филм ги објави резултатите од овогодинешниот конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2023 во втор рок на одлучување.  На овој Kонкурс, добитници конкретно во категоријата долгометражен филм со мнозинско учество се филмовите: “Снешко”, во режија на Стојан Вуичиќ, во продукција на Дрим […]

Без вода утре дел од општина Карпош


Поради поврзување на стара со нова мрежа на улицата „Петар Драганов“ број 22, утре без вода ќе бидат краците 1,3,5,7,10 од булеварот „Партизански одреди“ во Карпош, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Корисниците ќе немаат вода за пиење утре од 10 часот до завршување на интервенцијата. 

Изложбата „Бескрајот на стените“ на Зоран Лазаревски од понеделник во МКЦ


Во понеделник, 5 февруари, во Галерија 1 при Младинскиот културен центар, а со почеток во 20 часот, ќе се реализира изложба на цртежи на академскиот уметник, Зоран Лазаревски. Циклусот на цртежи се работени во изминатите три години, а се реализирани и инспирирани од карпести делови, камени стени, природата воопшто. Цртежите се реализирани во надворешен амбиент […]

Предлог-финансискиот план на РКЕ за 2024 помина на собраниската Комисија за економски прашања


 Предлог-финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика за 2024 година го помина првиот собраниски филтер на Комисијата за економски прашања.  Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во образложението рече дека се предвидува намалување за 20 отсто на надоместот преку кој се финансира работењето на Комисијата во однос на минатата година. Вкупните приходи на РКЕ се проектирани […]

Во Росоман бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение


Бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение е обезбеден во општината Росоман, информираше денеска росоманскиот градоначалник Стојан Николов.   Опфатени се вкупно 188 ученици од  ОУ „Пере Тошев“ и подрачните училишта. – За прв пат во нашата општина обезбедивме бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение.  Со оваа мерка покажуваме грижа […]

Барселона во голема неволја – половина тим е повреден


 Фудбалскиот клуб Барселона е во големи проблеми во пресрет на саботното гостување кај Алавес. Вечерва Реал може да им „избега“ 10 бода доколку „кралскиот клуб“ го победи Хетафе, а во последните три натпревари забележа два порази, меѓу кои и испаѓање од Купот по поразот од Атлетик Билбао. Вчера успеаја да победат против Осасуна, но тој […]

Украина потопи уште еден руски брод од Црноморската флота (Видео)


  Ноќта на 31 јануари кон 1 февруари, специјалните сили на Главната разузнавачка управа (ГУР) на Министерството за одбрана на Украина го разнесоа рускиот ракетен брод „Ивановец“ на Крим. Според одделот, операцијата била извршена додека бродот патролирал по Црното Море во близина на езерото Донузлав. „Поради голем број директни удари во трупот, рускиот брод беше […]

Општината Кисела Вода чисти огромна депонија во местото Бара


Општината Кисела Вода денеска почна чистење на дива депонија во местото наречено Бара. Од општината очекуваат денеска и утре да завршат со расчистувањето на депонијата. Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски уште еднаш апелираше до граѓаните за совест и почитување на Законот за јавна чистота и потенцираше дека Општината ќе продолжи со посветена и ангажирана […]

Нема договор Алијанса за Албанците да биде дел од опозицискиот блок


Има некаква согласност, но засега нема договор со Алијанса за Албанците (АА) да биде дел од опозицискиот блок.Лидерите на трите партии на Албанците обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“. Ова на денешната прес-конференција го изјави Астрид Исени, портпарол на коалицијата на трите опозициски партии на Албанците – „Европскиот сојуз за промени“. „На средбата изминативе […]

Навални повика на протести за време на претседателските избори во Русија


Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални од затворот на Антарктикот повика на протести против претседателот Владимир Путин за време на претседателските избори следниот месец. Навални ги повика гласачите масовно да излезат напладне во деновите на гласање и да формираат долги гласачки редови во знак на противење. „Тоа би можело да биде силна демонстрација на националното расположение. […]

Дојче банк ќе отпушти 3.500 работници


Дојче банк денеска соопшти дека ќе укине 3.500 работни места како дел од напорите да ги намали трошоците за 2,5 милијарди евра (2,7 милијарди долари) до следната година и да го зголеми профитот, иако најголемиот германски заемодавец има корист од повисоките глобални каматни стапки. Банката посочи дека ќе се обиде да ја рационализира својата маркетинг […]

Ковачевски и Таравари разговарале за продолжувањето на европскиот пат


Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски во седиштето на партијата денеска имал средба со претседателот на Алијансата на Албанците Арбен Таравари, на која, како што наведува на Фејсбук, разговарале за реализацијата на програмата на Владата, за динамиката на работа во наредниот период, како и за политиките кои значат исполнување на стратешката цел на земјата за членството […]

Мед пред спиење: Што му се случува на вашиот организам


Според експертите, најдобро е да се консумира мед пред спиење. Многу луѓе имаат навика да го користат медот како превенција против грип и настинка. Витамините, минералите и аминокиселините во медот можат да помогнат во зајакнувањето на имунолошкиот систем и да го намалат ризикот од помали болести. Затоа, не е чудно што медот може да биде […]

За 3,8 проценти зголемен бројот на работници во индустријата во декември на годишно ниво


Бројот на работниците во индустријата во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, се зголемил за 3,8 проценти. Во периодот јануари – декември 2023 година, споредено со истиот период од 2022 година, е евидентирано зголемување на бројот на работниците во индустријата од 1,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Податоците на […]

Студија: Пливањето во студена вода може да ги намали симптомите на менопаузата


Пливањето во студена вода може да помогне во намалувањето на физичките и психолошките симптоми на менопаузата, како што се топли бранови, анксиозност и промени во расположението, покажа едно истражување. Оние жени кои пливале подолги интервали или поредовно пливале имале поголема корист, велат научниците. Истражување на 1.114 жени кои редовно пливале во студена вода било спроведено […]

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска пред законодавниот дом го изрази своето незадоволство поради носењето на Предлог-Законот за административни службеници, кој е влезен во собраниска процедура во скратена постапка. Со Предлог-законот за административни службеници, претседателот на КСС Благоја Ралповски вели се изземаат круцијалната права на работникот, вадење на минималната плата, како и непочитување на Законот […]

Норвешка погодена од најголемата бура во последните 30 години – ветришта од 180 км/ч


 Централна Норвешка ја погоди бурата Ингун, најсилна во последните 30 години.Во некои делови дуваа урагански ветрови, до 180 километри на час. Метеоролошката служба го објави највисокиот, црвен аларм. Портпаролот на полицијата во регионот Троенделаг, Бјорнар Гасвик, изјави за норвешката новинска агенција НТБ дека агенцијата за јавна безбедност примила меѓу 40 и 50 пријави од луѓе […]

Завршени 58 отсто од експропријацијата и 33 проценти од геотехничките истражувања за автопатите на коридорите 8 и 10Д


Целосно се завршени 58 проценти од проекциите за експропријација, како и 33 проценти од геотехничките истражувања за автопатските делници на коридорите 8 и 10д, покажува Извештајот од надзорот за прогрес на работите за периодот од 1 ноември до 31 декември лани.  Извештајот, објавен на веб страницата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП покажува активности […]

Електронска платформа за објавување научни епидемиолошки студии за рак


Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска оствари средба со деканот на Медицинскиот факултет професор, Светозар Антовиќ, и професорката Весна Велиќ-Стефановска, раководителка на Институтот за епидемиологија, по повод првото воспоставување на националната електронска платформа за објавување научни епидемиолошки студии за состојбата со малигни заболувања во земјава. „Првпат воспоставуваме национална електронска платформа за објавување научни епидемиолошки студии […]

Никој не верува во „Албанец претседател“ без поддршка на ДУИ и на Македонците


  Место да прават европски фронт, бидејќи многу сакаат Македонија да стане членка на Европската унија, политичките партии на Албанците во државата целата кампања ја етнизираа  и сите политички договарања ги префрлија во Приштина, од каде секојдневно штанцаат големи идеи – од Албанец претседател, заеднички настап на сите албански опозициски партии – до заедница на […]