Студија: Пливањето во студена вода може да ги намали симптомите на менопаузата


Пливањето во студена вода може да помогне во намалувањето на физичките и психолошките симптоми на менопаузата, како што се топли бранови, анксиозност и промени во расположението, покажа едно истражување.

Оние жени кои пливале подолги интервали или поредовно пливале имале поголема корист, велат научниците.

Истражување на 1.114 жени кои редовно пливале во студена вода било спроведено од страна на научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL).

Повеќето жени во истражувањето биле на возраст од 45 до 59 години, а пред студијата пријавиле проблеми како што се топли бранови, ноќно потење, проблеми со спиењето, раздразливост, анксиозност, промени во расположението, замор и слаба концентрација.

46,9 отсто од нив рекле дека пливањето во студена вода им помага со анксиозноста, петтина пријавиле намалување на ноќното потење, додека 31,1 отсто рекле дека топлите бранови им се намалиле.

Речиси половина (46,7 проценти) рекле дека веруваат дека активноста на пливање ја подобрува нивната анксиозност, заедно со 37,7 проценти кои пријавиле намалување на промените во расположението.

Подобрување на сонот забележале 21 отсто од жените, додека раздразливоста била намалена кај 37,6 отсто.

„Ми го спаси животот“
„Ми го спаси животот“, рекла 57-годишна жена која била вклучена во истражувањето.

“Во водата можам да направам сѐ. Сите симптоми, физички и психички, исчезнуваат и се чувствувам како најдобрата верзија од себе.”

Професорот Џојс Харпер од Институтот за женско здравје на UCL EGA рече дека наодите објавени во Post Reproductive Health ги поддржуваат тврдењата за пливање во ладна вода.

„Потребни се дополнителни истражувања за фреквенцијата, времетраењето, температурата и изложеноста потребни за да се предизвика намалување на симптомите.