Без вода утре дел од општина Карпош


Поради поврзување на стара со нова мрежа на улицата „Петар Драганов“ број 22, утре без вода ќе бидат краците 1,3,5,7,10 од булеварот „Партизански одреди“ во Карпош, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Корисниците ќе немаат вода за пиење утре од 10 часот до завршување на интервенцијата.