Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат


Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а бензините и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек […]

Почнува изградбата на булеварот „Македонија“ кај Тутунски комбинат


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, извршија увид во градежните работи за започнување со реализација на прва фаза на еден од најтешките, најголемите и најзначајните проекти во Скопје, изградбата на булеварот „Македонија“ кој ќе го реши деценискиот проблем со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.   […]

Алијансата за Албанците го изгуби наративот во драмата


Како да се решава судбината на државава – така некако драмата во Алијансата за Албанците добива корени во јавноста овие денови, која ќе чека до сабота да види каков би можел да биде расплетот во партијата водена од две глави. А во самата партија како да отпочна последната фаза од „политичката битка на живот или […]

„Ју ту“ со историски настап на Греми од „Сферата“ во Лас Вегас


U2 се појавија на сцената на Греми во 2024 година во неделата вечер со, како што продуцентите го нарекоа, изведба што испишува историја. Ирската рок група го изведе „Atomic City“ од Сферата во Лас Вегас, со што беше прв ТВ пренос на ново место. Претставувајќи го бендот, водителот на Греми, Тревор Ноа, истакна дека тоа […]

Енергетските инвестиции пред пратениците, дали ќе ја доживеат судбината на „Чебрен“


  Четири договори за стратешки инвестиции кои се доставени во Собранието за изгхрадба на капацитети од обновливи извори, повторно ја разбрануваа јавноста – дали тие ќе донесат придобивки за Македонија или пак ќе имаат штетни последици за (енергетската) иднина на земјата. Слично како и во случајот со Чебрен, и сега повторно на спротивставени страни се […]

При крај со изградба на градинката што ќе овозможи да нема дете на листа на чекање во Центар


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски направија увид во градежните работи на градинката Пролет. Станува збор за градинка која општината ја гради со сопствени средства и по повеќе од 50 години. Градоначалникот Герасимовски пред медиумите истакна дека завршена е енергетски ефикасната фасада и другите надворешните работи поради што градежните работи се одвиваат […]

„Боинг“ ја одложува испораката на 50 авиони поради лошо направени дупки на трупот на своите авиони


Компанијата „Боинг“ денеска соопшти дека поради проблеми со трупот на своите авиони ќе мора да ги одложи испораките на околу 50 авиони. Извршниот директор на компанијата, Стен Дил, во јавното писмо до работниците во компанијата соопшти дека работник кај неговиот снабдувач Спирит Аеро Системс (Spirit AeroSystems), со седиште во Вичита, Канзас, открил дека две дупки […]

Синдикатот на Клинички со поддршка на штрајкот на вработените во ФЗО


Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) во државата, дава целосна поддршка на штрајкот на вработените во ФЗО – УПОЗ, што започна денеска, изјави попладнево претседателот на овој синдикат, Предраг Серафимовски. – Покачувањето на минималната плата без скалесто покачување на останатите плати, води до нарушување на […]

Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово


Уште шест случаи на лица заразени со бактеријата салмонела во Берово потврдија денеска испитувањата што ги направи Центарот за јавно здравје од Кочани врз мострите што претходно ги доставиле матичните лекари. Со тоа бројот на вкупно заболени се искачи на вкупно 11, откако минатата недела дечиња кои биле згрижени во беровската детска градинка „23 Август“ […]

ФЕД: Доаѓа време за намалување на каматните стапки, Американците да бидат трпеливи


Претседателот на Федералните резерви на САД Џером Пауел рече дека доаѓа време да се намалат каматните стапки, но побара од Американците малку повеќе трпение додека ФЕД се бори со инфлацијата. – Американската економија е силна и Централната банка најверојатно ќе ги намали каматните стапки подоцна оваа година, рече Пауел, додавајќи дека, сепак, „не е веројатно“ […]

Калифорнија ја погоди големо невреме, го нарекоа „Ананас експрес“


Американската национална метеоролошка служба (NWS) објави дека се очекува „невидена бура“ во Лос Анџелес, пренесува Sky News. Тоа е бура што ја нарекоа „Ананас Експрес“ затоа што доаѓа од Хаваи. Една таква бура веќе ја погоди Калифорнија минатата недела. Бурите се случуваат токму на време за Греми наградите, на кои многу познати личности се собраа […]

Законот за рестриктивни мерки утре на владина седница


Законот за рестриктивни мерки утре ќе се најде на владина седница, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. -Утре ќе биде на Влада, јас ќе го предложам, а дали ќе помине на Собрание, баш би сакал да видам кој ќе го блокира. Имаше дебата зошто е повлечен, дали е од политички причини или не.. […]

Што се случува во телото кога користиме ловор во исхраната


Ловорот ја намалува надуеноста, помага при проблеми со варењето и затоа е зачин кој треба почесто да се користи при подготовка на оброците. Зимзелениото ловорово дрво е карактеристино за Медитеранот, а неговите листови се незаменлив зачин во разни сосови, чорби, варива, гулаш… Се користат неговите свежи и суви листови. Во комбинација со мајчина душица, тој […]

Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто


Угостителските услуги во јануари годинава, во споредба со истиот месец од 2023, се зголемени за 6.3 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во однос на декември лани, пак, угостителските услуги поскапеле за 0.6 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци за 1.6 %, Безалкохолни пијалаци […]

Славе Ѓорѓо Димоски: Моето литературно зреење е врзано за Прличев


Наградата што го носи името на Григор Прличев е за мене исклучително значајна оттаму што моето литературно зреење е врзано за Прличев. Уште како ученик од четврто, петто одделение ја прочитав прличевата „Автобиографија“ и оттогаш сум цврсто врзан со Прличев, изјави денеска Славе Ѓорѓо Димоски, годинешниот лауреат на наградата за најдобра поема што го носи […]

Општина Центар обезбедува бесплатен превоз до здравствените установи за полнолетните лица со попреченост


Бесплатен превоз до здравствените установи за сите полнолетни лица со попреченост од Општина Центар обезбеди денеска градоначалникот Горан Герасимовски со потпишување на Меморандумот за соработка со секретарот на Црвен крст на Град Скопје, Саит Саити. Оваа соработка значи превоз до здравствените установи со наменски возила за корисници за лица над 18 години, кои користат ортопедско […]

Црна Гора го екстрадираше соработникот на До Квон во Јужна Кореја


Јужнокорејскиот државјанин Хон Чанд Џун, уапсен заедно со До Квон, „кралот на криптовалутите“, е екстрадиран во таа земја во согласност со одлуката донесена од Министерството за правда на Црна Гора, соопшти Управата на полицијата. Тој, како што е наведено, е предаден на надлежните судски и полициски органи на Јужна Кореја, заради водење кривична постапка за […]

Годишната инфлација во Турција во јануари достигна 64,8 отсто


Инфлацијата во Турција во јануари изнесуваше 6,7 отсто во однос на претходниот месец и достигна ниво од 64,86 отсто на годишна основа, покажуваат денеска објавените податоци на Турскиот статистички институт (Туркстат), пренесува државната телевизија ТРТ Хабер. Промената на просечната вредност на индексот на потрошувачките цени за дванаесетте месеци од претходната година изнесува 54,72 отсто на […]

Актуелниот претседател на синдикатот на војниците го обвинува поранешниот за злоупотреби


 Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје (НСПВ СО Скопје) при МЕСО –  Мултиетничкиот синдикат на образование на Македонија го обвинува поранешниот претседател на синдикатот Александар Насковски дека не се бори за нивните права, туку само за личните интереси и најавува кривична пријава за него. Како што велат, Насковски е разрешен од функцијата претседател на […]

Легендарната Мирјана Карановиќ како Марлен Дитрих гостува во Филхармонија


Легендарната српска актерка Мирјана Карановиќ во улогата на контроверзната фaм фатал Марлен Дитрих ќе гостува на 3 март на сцената на Македонската филхармонија со претставата „Марлена“. Претставата е во продукција на Народно позориште Сараево, а режисер е Харис Пашовиќ, еден од највлијателните драматурзи и режисери во Југоисточна Европа. – Уметноста не може да биде удобна […]