Јапонска компанија ја прекинува соработката со израелски производител на оружје


Јапонската авијација „Иточу Авијација“ (Itochu Aviation) ќе ја прекине својата стратешка соработка со израелскиот производител на оружје „Елбит Системс“ (Elbit Systems), соопшти финансискиот директор на компанијата укажувајќи на наредбата на Меѓународниот суд на правдата до Израел да го спречи геноцидот врз Палестинците. Иточу планира да ја прекине соработката откако Меѓународниот суд на правдата на ОН […]

Два пожара во Национален парк Шар Планина, едниот не е под контрола


На територија на Национален парк Шар Планина изминатите 24 часа вработените од установата се справуваат со два пожара, а едниот помеѓу селата Бозовце и Вешала сè уште не е ставен под контрола поради силниот ветер и сувата вегетација. Од установата со апел граѓаните да внимаваат и потсетуваат дека е забрането палење на оган во националниот […]

Најмногу Греми, а никогаш не го освоила за албум на годината


За време на синоќешната церемонија на Греми, во Лос Анџелес,  Шон „Џеј Зи“ Картер ја прими втората досега награда „Др. Дре за глобално влијание“, откако самиот Дре ја однесе оваа чест во 2023 година , но и да укаже на неправдата за неговата сопруга, поп-ѕвездата Бијонсе. Но, откако им се заблагодари на своите колеги и […]

Џафери најави поконкретни решенија за проблемот со пасошите на утрешната седница


Премиерот на техничката Влада, Талат Џафери, најави дека на утрешната владина седница ќе има поконкретни решенија за проблемот со патните исправи. До 12 февруари граѓаните треба да ги заменат патните исправи поради промена на името на државата Република Северна Македонија.   -Па мислам дека утре ќе се реферира по однос на гледиштата  што сметаме дека е […]

Куп тепачки во Скопје


Билтенот на МВР нотира повеќе тепачки во Скопје и Скопско. Во саботата, во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на влезот за с.Глумово, скопско, С.А.(40) од с.Глумово бил физички нападнат од три лица: М.Ј.(45), Х.Ј.(48) и Н.Ј.(24), сите од с.Глумово. Вчера пак, во 16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето […]

Уапсени две момчиња за силување малолетничка


Вчера во 13.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода две лица од скопско село на возраст од 20 и 24 – години, поради постоење основи на сомнение дека извршиле силување врз малолетничка. Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Налепниците со ознаката НМК за регистарските таблици ќе бидат бесплатни за граѓаните


 Налепниците со ознаката НМК кои ќе треба да се залепат на регистарските таблици ќе бидат бесплатни за граѓаните, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. Како што се наведува во соопштението, донесена е одлука налепниците со ознаката НМК кои ќе треба да се залепат на регистарските таблици да бидат бесплатни за граѓаните, односно да бидат […]

Заврши протестот на студентите, министерот ќе ја разгледа нивната иницијатива за календар на активности


Студентите што протестираа пред Министерството за образование и наука попладнево незадоволни од доцнењето на исплатата на стипендиите и на другите субвенции се разотидоа и немаа средба со министерот Јетон Шаќири. Тој на прес-конференција рече дека денеска го поканил претседателот на Универзитетското студентско собрание (УСС) на Скопскиот универзитет на средба во МОН и дека бил известен […]

Имал забрана , но сепак влегол и нападнал вработена во обложувалница


Во неделата, во 19.50 часот во СВР Скопје, Л.К.(48) од Скопје пријавила дека пред спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, каде била вработена, била физички нападната од едно лице, кое од претходно имало забрана да влегува во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ЦЕРН сака да изгради нов акцелератор на честички, ќе биде три пати поголем од сегашниот


  Официјални лица во ЦЕРН во близина на Женева, домот на Големиот хадронски судирач, имаат планови да изградат нова машина која ќе биде најмалку три пати поголема од сегашниот забрзувач на честички. Големиот хадронски судирач е изграден во кружен тунел долг 27 километри, под границата на Швајцарија и Франција. Ги забрзува протоните и другите субатомски […]

Во Германија ќе бидат анализирани и објавени сите говори на Хитлер


Говорите од нацистичкиот водач Адолф Хитлер помеѓу 1933 и 1945 година, за време на нацистичкото владеење на теророт, се систематски анализирани во Германија од група научници кои ќе ги направат достапни за јавноста со придружни објаснувања и контекст. Проектот се очекува да трае седум години и има за цел да ги идентификува и анализира сите […]

Џафери се сретна со амбасадорите на ЕУ околу изборите


  Премиерот Талат Џафери денеска имаше средба со амбасадорите на државите членки на Европската унија во државата и амбасадорот на ЕУ на која најмногу се зборуваше за одржувањето на изборите.  Според владиното соопштение Џафери им рекол на амбасадорите: „Првата јасна порака што сакам да ви ја пренесам на овој состанок е дека сум одлучен, Владата […]

Поради неквалитетна изведба од операторот, неколку штипски улици повторно асфалтирани


Во Штип поради неквалитетна реконструкција на неколку улици денеска економскиот оператор повторно ги асфалтираше. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека улиците „Пиринска“, „Иво Лола Рибар“, „Митко Цецов“ се само дел од улиците во Штип кои се асфалтирани со несоодветен и неквалитетен асфалт. Посочи дека граѓаните кои живеат на овие улици […]

Штрајк: ФЗОМ не работи – граѓаните не можат да поднесат документи


Татко не можеше денеска да го пријави новороденчето за здравствен осигуреник, а мајка чија 18-годишна ќерка имала интервенција, не можеше да поднесе документи за да ѝ се вратат парите, затоа што вработените во Фондот за здравствено осигурување се во штрајк. На вратите на ФЗОМ во центар во близина на Домот на АРМ, како и во […]

Партијата на Орбан го бојкотираше парламентот за членството на Шведска во НАТО


  Ратификацијата на шведското членство во НАТО од Унгарија е одложена на неодредено време, откако парламентарната група на владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан денеска ја бојкотираше пленарната седница, свикана во итен случај на барање на опозицијата специјално за ова прашање. Во речиси празната сала како гости присуствуваа амбасадорите на земјите од алијансата, вклучително […]

Директорка на ученички дом во Битола со државни пари плаќала пензионер да ја советува


  БИТОЛА – Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ во Битола исплатил неколку илјади евра на сметка на пензионер, поранешниот правник-секретар во домот, Менде Петровски, ангажирајќи го како советник, особено во втората половина на 2022 година, по пензионирањето. Во Средношколскиот дом, години наназад, директорка е Елена Спасеновска, кадар на СДСМ за која „Независен“ деновиве пишуваше дека заедно […]

Изборната комисија не му дозволи на Борис Надеждин да биде претседателски кандидат


  Работната група на руската Централна изборна комисија (ЦИК) препорача да не се пријави поранешниот пратеник на Државната дума Борис Надеждин како кандидат на претседателските избори. Ова се случи откако повеќе од 15% од потписите за него биле откриени како неисправни, додека прифатливите 5% беа пронајдени, пренесува ТАСС. Конечната одлука за прием или неприем на […]

Лога за судирот во Алијансата: Решението да го најдеме на цивилизиран начин


И да ни се разделат патиштата, ова да го направиме како цивилизирани и семејни луѓе – апелираше генералниот секретар на Алијанса за Албанците (АА) и министер за правда, Кренар Лога, откако за помалку од 24 часа во партијата се случија два инцидента кои следеа по отворениот раздор меѓу актуелниот и поранешниот претседател на АА, Арбен […]

Протест на студентите кои „сакаат промени, сакаат одговорност“ – утрово исплатени стипендиите


Тоа што денеска беа исплатени стипендиите за студентите, не ги предомисли да го откажат протестот пред Министерството за образование и наука попладнево. Со транспаренти на кои пишува „Сакаме промени, сакаме одговорност“ во голем број, студентите се собраа пред зградата на ресорното министерство за да го искажат своето незадоволство од доцнењето на исплатите на стипендиите, но […]

Ковачевски: Алијансата сама треба да одлучи што сака – ЕУ или „недифинирани алтернативи“


  Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски изјави дека загрижува информацијата за пронајден куршум во дворот на лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари и посочи дека доколку е точна, МВР треба да интервенира и во овој случај, исто како што интервенираше во врска со вчерашниот напад на директор на владина институција. „Секако дека ме загрижува […]